Број 3512  понеделник, 21 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Без злоупотреба на новинарите

Здружението на новинари на Македонија реагираше на обидот новинарите да бидат инволвирани и злоупотребени во настаните на скопското Кале.

„ЗНМ нема да дозволи политичките пресметки да се водат на грбот на новинарите. Ги повикуваме сите колеги да бидат внимателни и да не дозволат да бидат злоупотребени за политички интереси“, се вели во вчерашното соопштение од ЗНМ.

Оттаму информираат дека е неприфатливо политичките партии да етикетираат новинари. И додаваат, ако некој има забелешка за работата на новинарите, треба да се обрати до Советот на честа на Здружението, кој ќе се произнесе дали некој новинар со својата работа и однесување ги прекршил професионалните стандарди и новинарската етика.

ЗНМ апелира до сите новинари, кога следат вакви настани, без разлика дали се на работна задача или не, имаат обврска и должност да се однесуваат во согласност со законите и Кодексот на новинари. „Тие не смеат да бидат директни актери, туку набљудувачи и критичари на случувањата“, стои во соопштението од ЗНМ.

Здружението ги повикува новинарите да бидат одговорни кога известуваат за сензитивни теми, како што е случајот со Калето, и да не дозволат да бидат злоупотребени

за ширење национална и верска омраза. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 348 пати.

Испрати коментар

Од: АМА НЕ Е ТАКА
Датум: 21.02.2011 19:33:49
Ајде дадете ми одговор. Зошто сите новинари од А1 имаат исто мислење. А зошто сите новинари од Сител имаат исто така исто мислење ама спротивно на оние од А1. Јас знам зошто само така прашувам. Колку да се посочи. А бе какви новинари поим немате за македонската земја туку политички пилиња сте и вие. ве дресираат како папагалчиња.

Најди! во Утрински
На прво место
Јанкулоска ги пофали медиумите за смирувањето на Кале
Тачи со Беља ќе го освојува Скопје
Албанскиот сојуз се стопи во ДПА