Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Концерти и претстави со српски исполнители

До крајот на „Охридско лето“, до 12 август, остануваат уште точно десет вечери и претстави

Охрид - На фестивалот „Охридско лето“, до крајот на 12 август и чинот на свеченото затворање со „Медеја“ и Народниот театар од Битола, остануваат уште точно десет вечери и претстави. Вечерва во „Света Софија“ настапува виолончелистот Енрико Бронзи, во пијано-придружба на Франческа Сперандео и двајцата од Италија. Синоќа, на малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ по втор пат се играше камерната монодрамска претставата „Без наслов“, додека во „Св. Софија“ во истото време настапи ансамблот за ренесансна музика од Естонија „Хортус музикус“. За утре е најавен концертот на квартетот „Чајковски“ од Русија, во пијано-придружба на солистот од Македонија, Јана Павлова.

Последниве три дена на фестивалот минаа во знакот на српските музички и драмски исполнители. Во наполна тишина, дури и забрана за фотографирање, Јозеф Наѓ, еден од најмоќните и најсилните креатори на театарот од Србија, и' ја презентираше на одбраната публика (педесетина на број) претставата „Без наслов“, како негово комплетно авторско дело. Покрај него, во претставата играше и актерката Ан-Софи Ланселин. Наѓ во последните години работи во Франција на тематиката на театар без зборови, пронаоѓајќи го филозофското и естетското искажување во театарската умет��ост.

Своевидниот театар без зборови, актерот и режисер Јозеф Наѓ го идентификува со музичка партитура, која секогаш содржи еден тон повеќе од она што е на прв поглед перципирано. Како што вели самиот актер, прифаќањето на овој вид театар зависи од самата културна политика, која владее на овие простори.

Претставата „Без наслов“ е работена во копродукција на Креативниот центар „Кањижа“ од Србија и продукцијата „Киоск“. Премиерата беше во јуни годинава на Чешкото квадриенале, а оттаму се изведува во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Еден ден пред тоа, во „Св. Софија“ на репертоарот на „Охридско лето“ беше духовната музика, со српскиот хор „Мелодија“, под диригентската палка на Дивна Љубоевиќ. Српското и пошироко, православното музичко наследство, традиционално наспроти големиот празник Св. Пантелејмон хорот „Мелодија“ со ангелскиот глас на Дивна Љубоевиќ и низа од преубави црковни напеви ја долови сета убавина на христијанската богослужба.

Молитвените напеви: „Оче наш“, „Пријдите“, „Херувимска песна“, „Кирие елеисон“, „Воскресение Христово видјевше“ и низа други не личеа на песните од вообичаените концертни настапи, бидејќи солистот и членовите на ансамблот со својот духовен пристап, манифестираа вистинска и жива вера полна со љубов и празнична радост. (В.М.)


#
Статијата е прочитана 308 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Фројд замина, а сликите привлекуваат милионери
„Три“ објави пет нови книги
Во Прилеп заврши 54. ликовна колонија

"""