Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Во Прилеп заврши 54. ликовна колонија

Дела од најстарата колонија во земјава се наоѓаат во општинската зграда

Катерина Богоева

Во Прилеп вчера заврши 55 - тото издание на најстарата во ликовна колонија во земјава со интернационален карактер на која учествуваа сликари и скулптори од Македонија и Русија. Во организација на Центарот за современа уметност од овој град беа одржани три работилници за сликарство, за скулптури во мермер и дрво, а создадени се дваесеттина дела. До крајот на август ќе биде одржана и работилницата за метал на која во овој материјал ќе работат двајца автори, скулпторот Ахилис Здукос од Грција и македонскиот скулптор Александар Ефтимовски.

Манастирот „Св. Архангел Михаил“, Варош и годинава се најде на сликарските платна, а годинава на колонијата сликаа уметниците: Наталија Баженова, Светлана Солодовникова и Ана Ремига од Русија, Ингрид Занецјикова од Словачка како и македонските, Магдалена Ниневска од Скопје и Осман Керими од Кичево.

„Прилепските скулптори Богдан Грабуловски - Бонац, Софија Грабуловска и Виолета Блажевска изработуваа заедничка, модерна скулптура од мермер, познатите театарски маски. Планирано е да биде висока над три метра, а по завршувањето ќе биде поставена пред Центарот за култура ’Марко Цепенков‘“, изјави раководителот на Центарот за современа уметност, Диме Јанески, посочувајќи дека на колонијата од почетокот на месецов твореше и скулпторот Предраг Јаневски од Скопје.

Годинава колонијата од Министерството за култура доби 130 илјади денари, средства кои според Јанески се дури за 40 проценти намалени во однос на минатата година, поради што за учесниците беше обезбедено и приватно сместување. Создадените дела на колонијата остануваат во нејзина сопственост, по што традиционално ќе се презентираат на изложби и ќе поставуваат и на отворен и затворен простор не само во Прилеп, туку и во други градови во земјава.

Неодамна во новата зграда на општината во Прилеп се поставени дваесеттина дела создавани во различни периоди на Интернационалната ликовна колонија, која е една од најстарите на Балканот, основана во 1957 година од проф. Бошко Бабиќ и академскиот сликар Ристо Лозановски.


#
Статијата е прочитана 294 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Фројд замина, а сликите привлекуваат милионери
Концерти и претстави со српски исполнители
„Три“ објави пет нови книги

"""