Работата на Трибуналот се продолжува уште четири години
Братот на Караџиќ, Лука, рече дека неговиот брат Радован не го признава Хашкиот суд
Судењето на Радован Караџиќ ќе го продолжи постоењето на Меѓународниот суд во Хаг за уште најмалку четири години, сметаат експерти. Трибуналот се планираше да биде затворен до 2010 година.
Караџиќ во Србија ќе има правен, односно експертски тим кој ќе му помага во одбраната, но пред Хашкиот суд ќе се брани сам, како што маестрално прави и Воислав Шешељ“, изјави Вујачиќ за новинарите собрани пред белградскиот Специјален суд, каде што во притворените единици веќе два дена се наоѓа Караџиќ.
„Караџиќ е со добро здравје, смирен и сталожен“, рече Вујачиќ, додавајќи дека е „посмирен и од него“. Претходно, братот на Караџиќ, Лука, рече дека неговиот брат Радован не го признава Хашкиот суд, но „што е, тука е“.„Жал ми е само што не издржав до крајот на годината. Дотогаш Хашкиот суд би бил затворен и би бил мирен до крајот на животот“, наводно, рекол Караџиќ пред истражниот судија. |