Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Писма
Кој ја внесува политиката во манастирите?


Морам да признам дека Вашето писмо многу ме изненади и, за жал, непријатно. Никогаш не било проблем да имаме различни мислења околу многу прашања, вклучително и политички, но не очекував дека ќе добијам писмо од мојот пријател, архимандрит Партениј, а потпишано од Бигорското братство, во кое се изнесени невистини и обвинувања на моја сметка. Одговорот не се должи на повредената новинарска суета, туку држам до вистината и зачувувањето на чистиот образ.

Да нема забуни, можеби и не сте го информирале Вашето братство, но Вие, отец Партениј, и јас имавме десетминутен телефонски разговор во кој говоревме токму за она што го пишував.

Да Ве потсетам, Ве прашав, а Вие и ми одговоривте - што Ве поттикна на онаква неочекувана реакција која уследи по изјавата на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, во која тој упати апел до Владата, МПЦ и до ИВЗ да се откажат од идејата за градба на црква и џамија на скопскиот плоштад, бидејќи тоа ги крева меѓуетничките тензии, парите да ги пренасочат за обновување на изгорениот конак во Бигорскиот манастир. Изјава, која Вас, или некој друг, да не нагаѓам, очигледно, многу Ве разлути. Ќе се воздржам од пренесување на целиот разговор, бидејќи во него спомнавте многу работи што не одат со духовноста, но, како најбениген ќе го спомнам само делот во кој рековте: „Зарем требаше (Црвенковски) поради неговите 1.000 евра донација да ми донесе 30 новинари во манастирот?“.

Во таа пригода, слушнав и многу други нешта, кои, најблаго речено, ме оставија „без текст“, затоа што бев убедена дека над се' сте монах, духовник, кој не ја крие наклонетоста кон владејачката партија, ама, сепак, знае да размислува со студена глава.

Прво, Вие, а потоа и братството, заборавивте на христијанските принципи и проговоривте со јазикот на политичарите. Се ставивте во улога на портпароли на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Колку што се сеќавам, тоа и Ви го кажав во разговорот, а Вие и Вашите монаси, во стилот на партиските војници, актуелниот лидер на СДСМ го нарековте лицето Б.Ц.! Не ми паѓа на ум никого да го бранам, ама, верувајте терминологијата не соодветствува со мантиите. Наивно или не, ама дотогаш мислев дека секоја донација е добредојдена, секој што подарува - достоен за почит. Излезе поинаку. Згора на се', без грижа на совест ме обвинувате дека без да се слушнам со некој од манас��ирот, со своето пишување и со „грешните мисли“ му нанесов духовна штета на народот и го исполитизирав манастирот.

За што говорите? Во Вашето писмо пишувате: „Не смееме да си дозволиме да правиме реклама од донациите на верниците ниту, пак, да дозволиме да одлучува политиката за длабоко црковни прашања или новинари-поединци да создаваат јавна свест за важни црковни прашања“. Да, така би требало да биде, меѓутоа, бидете искрени и преиспитајте се кој ја внесува политиката преку манастирските порти. Вие или јас? Кој ги „мери“ донациите и кој ги дели донаторите? Или, можеби, во меѓувреме, светилиштето во кое живеете и не штедејќи се вградувате доби партиски предзнак, па оние од другата страна не се добредојдени.

Велите, „сите луѓе прво се верници, а потоа извршуваат и определени професии“. Па, белки, сите прво се раѓаат како луѓе, а потоа стануваат верници или атеисти, во зависност од изборот, кои имаат различни професии. И уште нешто. Нагласувате дека „секоја работа е добра, ако таа му е угодна на Бога“. Но, почитувано Бигорско братство, се прашувате ли дали сите Ваши постапки, секогаш му се угодни на Бога?

Во многу средби со Вас, игумане и со други духовници, отворено Ви ја забележував пренагласената партиска припадност, зашто Црквата им припаѓа на сите. Ви велев: Чуму тоа, вие духовниците сте вечни, немате мандати, а политичарите се како листопадни дрвја. Како што тргнала работата, по четири или осум години владеење на едните, ќе се свртите кон другите. И се' така.

И на крајот, Бигорско братство, чуму проштевања „за грешните помисли кон манастирот“ кога и игуменот Партениј знае дека ги немам. Сепак, искрено Ви благодарам што станав дел од Вашите молитви.

Билjана Јовановска

#
Статијата е прочитана 1444 пати.

Испрати коментар

Од: stevo-bojler
Датум: 23.04.2010 03:03:55
Retko dobar tekst! No kolku godini trebaa da pominat za da pocnes pravilno da gi sogleduvas rabotite? Se nadevam deka vo istiot duh ke prodolzis da gi sledis rabotite. Inaku, mene licno celata ovaa rabota so Bigorski mi stana mnogu somnitelna uste vo prviot den. Zosto? Bidejki manastirot seuste cadese, a igumenot izjavi deka ima steta od 6.5 mil. eur. Kako ja proceni odma crni Partenie? I vtoriot biser istiot den bese izjavata na Dositej, deka macka ili glusec gi griznal kablite i nastanalo kurslus, a potoa i pozar. Odete brakja, lazite nekoj drug.
Од: Крт
Датум: 23.04.2010 06:15:05
Да водеше грижа Братството за манастирот ,како што се грижи за додворување кон актуелната ДПМНЕ-овска власт,манастирот немаше да им се запали.Почитувана новинарке,требаше да бидете уште по��троги кон Братството зато што не си ја извршуваа задачата која им е дадена од Бога.
Од: vernik
Датум: 23.04.2010 07:13:05
Verata propoveda deka SITE SME EDNAKVI PRED BOGA i sekoj mora da go pcituva toa.Zalno e toa sto duri i monasite, koi svojot zivot mu go posvetile na boga se stavaat vo sluzba na partijata na vlast i si dozvoluvaat vernicite da gi delat na "podobni" i "nepodobni". Zalno e toa, koga na oficijalnata WEB strana na MPC-OA, BRATSTVOTO na Manastirot sv. Jovan Bigorski, od site vernici( koi treba da bidat ednakvi pred boga), ke stavi sliki od Premierot i vencavkata na min. Mile Janakievski. Zalno e sto seto toa potsetuva na pismoto na Nikola Gruevski deka e dojdeno vremeto za KONECNA PRESMETKA so site neistomislenici.Verskite hramovi i manastiri pripagjaat na SITE VERNICI, ni pomalku ni poveke.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 23.04.2010 07:17:25
Црните мантии се почесто се заменуваат со портокалови. Се почесто го сретнуваме со расмислувањето дека државата треба да дава, да помага на црквата. Зошто мне не ми помага држават, зошто не им помага на многу луѓе на кои им толку неопходна? А од друга страна зошто црквата мене не ми ппомага, не му помага на луѓето на кои им е навистина потребна? Зошто овие процеси се еднонасочни? Мислам дека МПЦ е здрела за реформи. А ма каде е реформаторот?
Од: Prosvetlenie
Датум: 23.04.2010 09:09:00
Otec Partenie . procitajte gi komentarite , a i malku prosetajte i iskreno razgovarajte so vernicite i togas ce vi dojde " prosvetlenie" do kade ja doteravte rabotata so 'politizacijata " na crkvata. Crkvata ne treba da gi deli vernicite po bilo koja osnova, a najmaku po politicka, a TOA VIE JASNO GO PRAVITE.Pa zarem i Vas ne vi e jasno cija e prvicno idejata i zelbata za izgradba na crkva na plostadot, vo koja nesrecno i nesmasno naleta i MPC?
Од: Stefanija
Датум: 23.04.2010 12:10:42
Novinarkata treba da se zasrami sto bez pocit, a evidentvno za usluga ba politicarite koi gi zastapuva, si dozvoluva da navreduva sveti raboti. Monasite od Bigorski se primer za monashtvo, a otec Partenij osobeno, i odlicno i kazale, samo taa ne razbrala. Sto bi bilo ako sekoj koj odnel pomosh vo manastirot za toa povikuva i novinari da go slikaat, i dali tie bi doshle vo tolkav broj za 2.000evra na obicen vernik?! Jasno e koja e celta so vakvite drski tekstovi, no vistinata e edna i taa se gleda, taa se znae-za prvpat nekoj javno i kaza na deka za politikata nema mesto vo crkvata!
Од: sirma vojvoda
Датум: 23.04.2010 13:19:32
do novinarkata:ne sudi za da ne ti bide sudeno!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: St. Alien from Space
Датум: 23.04.2010 14:12:06
Абеее... Претпоставував дека овие од ВеМеРето се „големи“ верници, ама не знаев дека сите биле Попови!

Најди! во Утрински
Писма
За духовната штета што ни ја нанесовте