Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Писма

За духовната штета што ни ја нанесовте

Бигорското братство

Повод: текстот „Остри препукувања на игуменот на Бигорски со СДСМ“ на Билјана Јовановска, објавен во „Утрински весник“ на 20 април 2010.



Нашето братство со жалење нагласува дека воопшто не беше консултирано од новинарката при создавањето на овој напис, кој изобилува со коментари и невистини на новинарката и на една политичка партија.

Доколку објективно го прочитате текстот, веднаш ќе согледате дека тој претставува своевидна новинарска колумна, во која не само што воопшто не се зема предвид мислењето на Црквата, туку се прави и голема соблазна, поставувајќи ја Македонската православна црква, а во конкретниот случај Бигорскиот манастир, во дневнополитички рамки.

Бигорскиот манастир отсекогаш бил голема културно-историска, национална и духовна ризница на овој народ и затоа не мора да потсетуваме дека во обновата на ова древно светилиште сме повикани да се вклучиме сите, зашто така го градиме својот ентитет, но притоа секоја помош треба да е според учењето на Светото евангелие за да му биде угодна на Бога.

Не смееме да си дозволиме од донациите на верниците да правиме реклама, ниту, пак, да дозволиме политиката да одлучува за длабоко црковни прашања или новинари-поединци да создаваат јавна свест за важни црковни прашања.

Секое наше дело, секој наш збор треба да е во согласност со вистината. Светата православна Црква и нашиот манастир го благословува секој човек кој доаѓа во името Господово. Манастирот низ вековите, па се' до денес ги прегрнува сите луѓе, но најмногу паднатите во грев и како таков тој претставува вистинска утеха за многубројните верни луѓе кои притекнуваат кон него.

Затоа, новинарите, кога создаваат определени написи, мора да се водат од вистината и треба да се потсетат дека сите луѓе прво се верници, а потоа извршуваат и определени професии. Секоја работа е добра ако таа му е угодна на Бога. Новинарството е една од професиите каде што новинарите се соочени со голема одговорност во поглед на веродостојното информирање, затоа што преку јавните медиуми тие ја поседуваат привилегијата да ја обликуваат јавната свест и доколку несовесно го прават тоа, се претвораат во моќно оружје против сопствениот народ, Црквата, традицијата и културата. Затоа, имајќи ја предвид духовн��та штета која му се нанесува на народот во вакви случаи, загрижува фактот дека новинарката Билјана Јовановска ги преточила во напис своите грешни помисли, без да ги провери со духовно лице од манастирот, а со крајна цел да го исполитизира манастирот.

Секој човек треба да внимава на своите постапки за да не ја навреди со нив и Црквата, бидејќи таа е наша мајка на земјата, место каде што се утешуваат луѓето. Бигорското братство и' простува на новинарката за грешните помисли кон манастирот и се моли за нејзино спасение и за издигнување на нејзиниот ум кон покајание.


#
Статијата е прочитана 1084 пати.

Испрати коментар

Од: bramoni
Датум: 23.04.2010 00:58:37
Аман до кога Црквата ќе се меша во државните работи и политиката во една секуларна држава? Секоја чест на братството што ја брани својата кауза, ама првин се испотепаа да ги денационализираат црковните имоти и да ги приберат при себе, а кога ќе ги изгорат тогаш државата треба да помага! Манастирот или е на сопственост на МПЦ или е на државата, одберете! Кога беше под капа на државата ниту имаше поажри, ниту пак беше забрането да има монаси, си функционираше одлично. Кај е грешката? Ќе да е кај вас, братство манастирско.
Од: AA
Датум: 23.04.2010 07:25:53
Во кој век живеете?ќе ви ја цитирам само првата реченица„Нашето братство со жалење нагласува дека воопшто не беше консултирано од новинарката при создавањето на овој напис„ Да не требаше новинарката да добие напишан текст од Вас?
Од: do Bigorskoto bratstvo
Датум: 23.04.2010 07:44:02
Velite politikata ne smee da odlucuva za dlaboko crkovni prasanja. Se slozuvam so Vas, megjutoa vo realnosta ne e taka. Site znaeme deka izgradbata na crkva na gradskiot plostad vo Skopje e POLITICKA odluka, a ne odluka na crkvata, a najmalku zelba na vernicite. Obnovata na manastirot sv. Jovan Bigorski e zelba i nasusna potreba na site vernici. Najgolem dokz za toa se donaciite na site, bez razlika na verskata pripadnost, hristijani, katolici, muslimani....... Za zal celoto Vase pismo e politika.
Од: Okoto da e bistro
Датум: 23.04.2010 09:00:44
Se somnevam deka Vasite molitvi ce i donesat spasenie na novinarkata, bidejci samo iskreni molitvi i prostevanja od Bogobojazlivi nosat spsenie i cuda. a toa ne moze da se kaze za otec Partenij, ni za negovite pretpostaveni: otec Petar, Timotej i Sterfan.Ova mnogu me potesetubva na indulgenciite, samo uste da ima tarifa. Site znaeme deka Stefan e instaliran za arhiepiskop si golema zalozba na VMRO. MPC dlaboko zaglibi vo kalta na politata na smetka na Bozjata premisla, zatoa masovno ja gubi doverbata na vernicite. Crkvata na plostadot e plod na licna sueta i politicka zelba na odredeni lica od vladeeckata partija, a Vie bez i malku vizija i obmisla za toa vo sto vletuvate , oberacki ja prifativte."Svetilka na teloto e okoto. Znaci ako okoto ti e bistro,celoto telo ce ti bide svetlo"Toa treba da bide MPC
Од: Игор
Датум: 23.04.2010 10:04:48
Редно време е да сватите дека е 21 век и дека црквата не треба да се меша во политика и државни работи. Факт е дека црквата отворено се става на страна на ДПМНЕ наместо да седи на страна. Ако навистина се залагате за некакви духовни вредности, а фактите кажуваат поинаку, живејте аскетски и скромно. На господ сигурно му е "благоугодно" што вие се развезувате со џипови наоколу.
Од: St. Alien from Space
Датум: 23.04.2010 14:02:56
Интересен текст,кој само ја докажува Неопределеноста на „нашата“Портокалова Вера!Света православна Црква?!?!Уште да напишавте дека земјата е плоча и... ќе ви поверував!Очигледно е дека „најголемите непријатели“ на Македонија се оние кои се осмелуваат да Говорат Гласно против Бладачите!За казна, ќе им ги испратиме сите клетви и црни мисли! :) Токму тие им пречат на ваквите Перачи на Мозоци,кои се трудат да го мултиплицираат својот Исплакнет Бланко Мозок!Грешни мисли!?Црквата ни била мајка!? Можеби! Особено на таквите, на кои татко им е Партијата на Власт!Вие навистина знаете да дадете утеха!Господ нека ви е на помош, „браќа“! Уф,уф... Како ми изгледа, новинарката ќе мора под итно на пречистување од клетви и гре`ови! :) Психијатрија, Имате нови кандидати!
Од: petar
Датум: 23.04.2010 14:31:39
"Brakjata" popovi seuste ziveat vo sreden vek i zatoa mislat:1)manastirot e nivni,a ne na gragjanite na Makedonija;2)sekoj poedinec e chovek i dradjanin,a ako saka ke bide verni;3)deka imaat pravo da go ogranicuvaat javnoto iznesuvanje na stavovo.Tragicno.

Најди! во Утрински
Писма
Кој ја внесува политиката во манастирите?