Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter

Мостот кај Катланово црна точка

Не се памети во земјава таква стравотна глетка како онаа во која загинаа петтемина битолчани

Битола е потресена од големата трагедија кај Катланово при што во сообраќајната несреќа загинаа петмина битолчани. Ваква трагедија, во која во еден миг згасна животот на дури четворица членови од едно исто семејство, битолчани не паметат во последните 20 години. Патувањето за Германија се покажа кобно за 37-годишната Шехерезада и нејзините тригодишни близначиња Теодора и Далила Јовановиќ, нивниот роднина Арбен Русеми (33) и пријателот Љупчо Спировски (47). Четворицата, освен возачот, тргнале на пат за Германија, каде што во мај близначињата требало да го прослават својот трети роденден.

Ваква тешка несреќа досега не е забележана на делницата кај Катланово, која е една од 137 детектирани црни точки во сообраќајот. Министерката за внатрешни работи и директорката на Агенцијата за патишта, Наташа Волкановска, вчера го посетија местото каде што се случи трагедијата. Од она што можеше да се види на самото место, состојбата на патот, трагите од кочењето на возилото на околниот рид што надвиснува над провалијата, како и фотографиите од увидот, може да се заклучи дека ова е најстравотната сообраќајна несреќа што се случила досега во земјава. Според првичните сознанија на МВР, причината за трагедијата била неприспособената брзина кон условите на патот. Ќе бидат правени и дополнителни анализи на здравствената состојба на возачот на возилото „опел калибра“.

Четворицата загинати, освен Рустеми, кој ги превезувал, требало од аеродромот во Скопје да полетаат за Дизелдорф на гости кај мајката на несреќната Шехерезада. Но, судбината не дозволи да се сретнат живи и здрави. Семејството Јовановиќ и' е познато на битолската јавност, бидејќи одамна имаат менувачници во старата чаршија. Во нивниот дом на улицата „Мавровска“ кај старата Свиларница во Битола, сирените на итната медицинска помош ја потврдуваа големата трагедија. Болката и неверувањето за големата загуба ги стави во бессознание нивните блиски роднини од Германија, кои итно допатувале во земјава верувајќи дека нивните сакани се само повредни во сообраќајка, а не дека ги загубиле засекогаш. Пријателите потресени раскажуваат дека Шехерезада често патувала за Германија кај својата мајка, но овој пат била особено радосна, бидејќи со биометриските пасоши и безвизниот режим сите подготовки за патувањето поминале со леснотија. Од друга страна, нејзините две ќерки требало да го прослават својот трет роденден во мај токму со баба им и со семејството во Дизелдорф.

„Толку беа убави, бистри и среќни двете девојчиња што не можам да замислам дека ги изгубивме. Нивната мајка беше полна со живот. Но, ако се присетам сега дека дента пред да заминат на таков начин се збогувавме, како да беше за последен пат. Тогаш се шегувавме дека наскоро повторно ќе се видиме, но не било така пишано“, со голема тага и вознемиреност вели еден од блиските пријатели на семејството Јовановиќ.

Еден од нивните роднини во болка вели: „Сите три ќе бидат во еден ист гроб. Од нив не останало ништо. Едвај ги препознаа“, зборува тивко тој во солзи. Менувачниците на Јовановиќ ги затвори големата трагедија. Неверување кај дуќанџиите од соседството за она што се случи завчера претпладнето кај Катланово. „Јас тука спроти оваа менувачница со години продавам ѓевречиња и добро ги познавам сите што загинаа во несреќата. Сите сме потресени“, вели еден од продавачите во Старата битолска чаршија.

Битолски таксисти, кои често патуваат за Скопје и добро го познаваат патот, велат дека местото на несреќата од каде што излета автомобилот „опел калибра“ од патот и падна во бездна длабока над триесетина метри, е екстремно лош и критичен за сообраќајот, особено доколку брзината не се приспособи кон условите на патот.

„Местото каде што се случи оваа голема трагедија е страшно, премногу лошо. Ги лаже возачите затоа што е удолница и автомобилот зема голем залет кон тунелот, каде што не може да се вози повеќе од 80 километри на час. Такво е местото, што ако навлезеш во тунелот со поголема брзина веднаш ќе ја закачиш некаде колата. Затоа редовно на тоа место има и полиција. Но, очигледно, не помага тоа, оти оние што го правеле патот, требало да размислат за подобро сообраќајно решение, а не вака да настрадуваат луѓето“, коментираат таксистите Тони Стојановски и Иле Николовски од Битола. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, вчера информираше дека несреќата се случила поради неприспособена брзина кон условите на патот. „На местото се гледаат трагите на излетување на возилото, што зборува дека најверојатно станувало збор за голема брзина. Ќе се изврши обдукција за да се утврди дали можеби имало некоја друга здравствена причина што влијаела на состојбата на возачот“, изјави таа, апелирајќи до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Статистиката покажува дека во првите три месеци во годинава, споредено со истиот период лани, има речиси двојно зголемување на бројот на сообраќајни несреќи со жртви. Ако лани за три месеци имало вкупно 18 сообраќајни несреќи со 19 жртви, годинава е констатирана бројка од 33 сообраќајни несреќи, со 43 жртви. „Ова е навистина еден загрижувачки податок, особено ако се земе предвид дека во 10 од овие сообраќајни несреќи учествувало само едно возило. Најчесто станува збор за излетување од патот, поради неприспособена брзина“, вели Јанкулоска.

Директорката на Агенцијата за патишта, Наташа Волкановска, вели дека е поставена најнеопходната сигнализација на овој дел од патот, но во насока на подобрување во рамките на Коридорот 10 се изработува проект. Таа информираше дека за зголемување на безбедноста на патиштата е формирано Координативно тело, во кое членуваат сите релевантни институции и веќе е во подготовка акционен план на мерки што ќе придонесат за зголемување на безбедност на патиштата. Во него треба да бидат опфатени и 137 црни точки, кои МВР ги има детектирано како места каде што се случуваат кобни сообраќајни несреќи.

И покрај укажувањата на надлежните дека една од главните причини за несреќите се брзото возење и невниманието на возачите, сепак, факт е дека станува збор за делница што сама по себе е вистинска опасност за возачите. Дупките на патот, лошите кривини, удолницата пред тунелот, к��ј доведува до нагло зголемување на брзината што тешко се контролира, се само некои од факторите што го прават овој пат многу опасен за возачите. Дополнителен проблем и е осветлувањето на тунелот кај Катланово, кој само минатата недела во неколку наврати остана во темница.

„Во однос на осветлувањето на тунелите, деталите можете да ги добиете од ЕВН, меѓутоа, накратко, можам да ви кажам дека се работеше за поправка на кој работеше ЕВН две недели и во одредени периоди на денот беше исклучувано осветлувањето два до три часа во текот на денот“, објаснува Волкановска.

Запрашана зошто патиштата се наоѓаат во толку очајна состојба и што ќе се преземе за нивна санација, таа вели: „Патиштата се во ваква состојба поради тоа што 30 години не се одржувани како што налагаат стандардите и ние моментално правиме напори да реконструираме 17 регионални патишта. Меѓутоа, инфраструктурата е нешто за што треба подолг среднорочен период за подготовка и реализација на некој проект, така што не можеме да очекуваме нешто што не е одржувано 30 години, да се анулира за само три години. Работиме интензивно на реконструкција во најголем дел на регионални патишта и во следниот период ќе настојуваме да продолжиме со исто темпо“, тврди првиот човек на Агенцијата за патишта. (А.Б. - Д.Т.)




#
Статијата е прочитана 1914 пати.

Испрати коментар

Од: mende
Датум: 16.04.2010 07:46:16
Bog da gi prosti koj ke ponese odogornost za zagubenite zivoti
Од: don kihot
Датум: 16.04.2010 08:02:31
Steta i golema tragedija.No uste kolku takvi tragedii treba da se slucat za da se prezeme nesto na taa crna tocka vo Katlanovo.Pred i posle tunelot e blaga uzdolnica, ama taa uzdolnica e okolu 5 km i tuka vozilata razvivaat golemi brzini, a potoa ve ceka blaga krivina pred mostot, koja mnogupati dosega se pokaza za kobna.Reseenie za ova mesto e pravenje na betonski boks, koj ke go stesni patot pred vleguvanjeto na mostot i taka ke go prinudi sekoj vozac na drasticno namaluvanje na brzinata.Isto taka i svetlosna signalizacija za opasno mesto kako i sobrakajni znaci so crna tocka,koi mora da gi imat postaveno nadleznite organi.
Од: bitola
Датум: 16.04.2010 11:06:45
Alooo - plakame patarina za toj pat . Socustvo

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Фрлање прашина в очи
Младата мајка се враќа на пистите
Немам друг чадор освен Македонија
Се бара смена на Наумовски
Уапсена љубовницата на Тајгер Вудс
Кој ја ограби Македонија
Лекцијата е научена
Исповед на еден дипломат
Дозирано „лоша“ во „Најслаба алка“
Толкувам ликови на жени на кои не личам
Голем тест за старата машинерија на Ватикан
Естетиката на мрчењето!
Пазарот во Шутка како Бејрут
Жените од Кремљ - од туршии до музеи
Истерувајќи го ѓаволот од жиците
100 години напредок
„Коштана“ инспирирана од корените на Силви
Пепелот од Исланд ја блокира Европа
Љубов на грчки начин
Британците сакаат промена, a се плашат од неа
Посетите го прават Скопје затворен град