Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter

Поглед

Лекцијата е научена

Моника Талеска

За да се сака сопственото дете, не треба сертификат за знаење и степен на култура. За да се негува и чува чедото, не треба дебело конто во банка или општествен статус. Родителската љубов е исконска, безусловна, единствена, неприкосновена, вечна и нераскинлива. Мајката и таткото ја носат таа љубов во архетипот, со сила и моќ која може да се спротивстави на сите закани и опасности, што имаат тенденција да ја загрозат, без оглед од чија адреса доаѓаат и со какво алиби.

Мошне природна беше лавината реакции на јавноста, дури и на Интернет-сајтовите да се смени одлуката на прилепскиот Центар за социјална работа и да ја врати тригодишната Ангела Кулеска кај родителите во селото Штавица. И млади и стари, искусни родители и оние што имаат намера да формираат семејство, ја осудија намерата на Центарот за одземање на родителското право. Центарот, кој со години пред тоа не покажал никаква конкретна грижа за ова семејство, се обиде да бара виновник, па речиси преку ноќ подготви предлог до судот. Но, ретерираше во ставовите и ја исправи грешката.

Тимот стручњаци сфати дека не треба да се чека вештачењето од Центарот за ментално здравје од Скопје за да им се дозволи на родителите да продолжат да живеат, да ја топат тагата и страдањето во прегратките на својата Ангела. Одлуката не е конечна, но агонијата во која живееше ова семејство за момент е прекината. Марта и Гоце сега не ја пуштаат Ангела од рака. Со насмевки и солзи радосници, со набој на емоции што не можат да го опишат ја живеат семејната симбиоза.

Да се надеваме дека лекцијата е научена. Родителите да бидат побудни, Центарот да не избрзува со своите одлуки, државата да има сериозна стратегија за социјална заштита на граѓаните. Зашто Билјана е колатерална штета на државната негрижа за своите граѓани.


#
Статијата е прочитана 1925 пати.

Испрати коментар

Од: Болен М. Дојчин®
Датум: 16.04.2010 08:25:31
Дали е Родителска Љубов,кога ќе заборавите дека сте родиле дете,па сте го оставиле поред Огин,или покрај Реката(или каналот, сеедно), која може да го однесе за миг?!Секако оваа љубов не бара Општествен статус,образование,степен на култура,а Најмалку Пари,туку внимание сè до оној момент,додека детето не стане способно самото да се грижи за себе!Простото Размножување,заради акцијата „Наше“трето дете-Дете на државата,е всушност изработка на дете,не заради љубов,туку заради Пензија!Неспособноста за чување деца е видлива токму во ваквата Хиперпродукција!Жална е државата која дозволува „притисокот на јавноста“да одлучува за љубовта,особено за Правото!Немарот на Државата е секако огромен и задоцнет.Но исто е и изливот на задоцнета љубов,поради Родителската Негрижа!Билјана е најпрво Жртва на Родителската Неспособност,па дури потоа, на Државната!Ајде да раѓаме деца и да и ги даваме на државата,да се грижи за нив!?Па,таа е исто неспособна да се грижи за себе,а не за друг!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.04.2010 09:43:16
Дали е лекцијата научена е дискутабилно од повеќе аспекти.Во нормална земја или во земјите од западниот свет никогаш немаше да се дозволи да дете егзистира во мизерни да не речам ненормални услови.Веднаш ќе беше одземено и ќе му се пружеја нормални услови на живот. Љубовта на родителот е неопходна но е само едно скалило во изградбата на личноста,има и други услови во животот кој се битни.И на крај детето беше згрижено кај теткаму,значи позната личност,нее кај туѓинци.
Од: mene
Датум: 16.04.2010 12:31:23
Vo red e seto ova, no da se podiskutira i na edna druga tema: sto so onie zeni koi se mesaat vo tuki brakovi pa gi unistuvaat i brakovite a posebno zivotite na decata?
Од: Ico Najdovski-Perin
Датум: 16.04.2010 13:15:48
Monika, mnogu jasna poraka do nasite nadlezni institucii, a komentarot na Bolen e nadvor od porakata. Toa e poraka za indidualci a ne za institucii.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Фрлање прашина в очи
Младата мајка се враќа на пистите
Немам друг чадор освен Македонија
Се бара смена на Наумовски
Уапсена љубовницата на Тајгер Вудс
Кој ја ограби Македонија
Исповед на еден дипломат
Мостот кај Катланово црна точка
Дозирано „лоша“ во „Најслаба алка“
Толкувам ликови на жени на кои не личам
Голем тест за старата машинерија на Ватикан
Естетиката на мрчењето!
Пазарот во Шутка како Бејрут
Жените од Кремљ - од туршии до музеи
Истерувајќи го ѓаволот од жиците
100 години напредок
„Коштана“ инспирирана од корените на Силви
Пепелот од Исланд ја блокира Европа
Љубов на грчки начин
Британците сакаат промена, a се плашат од неа
Посетите го прават Скопје затворен град