ОХРИД - Ѓоко Наумоски,обвинет за бришење докази во случајот со убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ во Охрид, од саботата се наоѓа во куќен притвор. Претходно Наумоски кој работи во клубот „Куба либре-Хавана“, помина три месеци во притвор во „Затвор Скопје“.
Во притвор во Скопје остануваат М.К. и И.Ј. од Охрид, кои се обвинети за „свирепо убиство“. За истото дело се товари и српскиот државјанин Д.Ѓ., кој е во бегство.
Претходно Обвинителството се откажа од кривично гонење на четворица од Охрид, за кои немало докази дека биле инволвирани во убиството. Тие беа пуштени на слобода.
Српскиот турист Дејан Новаковиќ (34) беше убиен во тепачката што се случи на 27 август во центарот на Охрид, на што претходела расправија во кабарето „Куба либре - Хавана“. Веднаш по инцидентот беа уапсени седуммина, а подоцна четворица од нив целосно се ослободени од обвинение. (Г.М.)