Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Хроника

Од Хрватска екстрадиран препродавач на артефакти

Хрватска го екстрадираше во земјава Бобан Лападатовиќ (45), второобвинет во судскиот процес „Фаланга“, во кој 23 лица одговараат за злосторничко здружување, тешка кражба, прикривање, отуѓување на културно наследство од особени значење за државата, присвојување добра и измама.

Лападатовиќ, кој, според полицијата, е еден од организаторите на групите диви копачи и препродавачи на артефакти од повеќе археолошки локалитети во земјава, по екстрадицијата се наоѓа во притвор во „Затвор Скопје“. Од МВР велат дека за него веќе има една судска пресуда од три години затвор, што му е изречена во отсуство во септември годинава за „прикривање на добра под привремена заштита или културно наследство“. Против него е поднесена и кривична пријава за измама. Во март годинава Лападатовиќ, заедно со уште тројца, бил приведен од швајцарската полиција под сомнение за повеќе сторени кривични дела. Во тек се активности за обезбедување и на други материјални докази поврзани со акцијата „Фаланга“.

Во оваа акција беа направени претреси во околу шеесетина дома на над 50-ина приведени лица, од кои 29 заработија кривични пријави, а беше откриено огромно количество вредни и скапоцени артефакти. На крајот на октомври беа поднесени уште две кривични пријави против две лица и тогаш беа откриени и запленети бронзени делови од свечена погребна ритуална кочија од 2 век од нашата ера. Во таа акција Лападатовиќ беше првопријавен и при претресот на неговиот дом беа пронајдени голем број археолошки предмети. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 905 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Пожар го пеплоса „Везе шари“
Еден загинат во „мерцедес“
Куќен притвор за обвинет за убиство на турист
 


Former Bulgarian minister denied US entry visa
Second Bulgarian commissioner awarded European of the Year
Croatia spends millions on improving transport network