Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Култура

Во Мотовун победи „Бикова глава“

Белгискиот филм „Бикова глава“ на Мајкл Роскам ја освои главната награда „Пропелер“ на 14. Филмски фестивал во Мотовун, Хрватска (25 до 29 јули). Според жирито, станува збор за силно и живописно метафорично истражување на отуѓувањето на човекот и на неповратноста на човечката судбина. Меѓу 28 филма, кои беа во официјалната селекција беше и македонскиот „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски.

Филмот на Блажевски годинава беше и во изборот за најдобар регионален филм, каде што од лани се доделува наградата „Бауер“. Во жирито за оваа награда од Македонија беше Теона Митевска, а наградата му припадна на српскиот „Тилва Рош“ на Никола Лежаиќ. За оваа приказна, во чиј фокус се младите и нивната безнадежност, жирито ќе рече дека одлично го отсликува тој психички и социјален вакуум на општеството во кое единствени гласови што се слушаат се гласовите на автодеструкцијата.

Наградата на критиката „Фипресци“, која во Мотовун се доделува 11. пат, ја доби мексиканскиот „Марта“ на Марселин Ислас Хернандез, кој зборува за стареењето и осаменоста. Додека наградата „Маверик“ која се доделува на неконвенционални автори со слободен дух и иновативност, му беше врачена на австрискиот контроверзен режисер и провокатор, Улрих Сеидл („Кучешки денови“, „Увоз-извоз“). Тој рече дека кога слушнал дека добива награда се плашел да не згрешил нешто, но сега ова признание го доживува како охрабрување и поттик да продолжи да биде бунтовен.

На годинешниот фестивал се прикажаа 90 филма во седум програмски селекции, а младата публика повторно навали и ги гледаше проекциите дури и на дожд. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 413 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
И уставите се печатат на рачно изработена хартија
Анџелина Џоли и Бред Пит во Сараево
„Охридско лето“ со богатство од музички и драмски доживувања

"""