|
|
|
|
|
|
Џорџ Клуни
Зошто нема среќа во љубовта?
Џорџ Клуни не само што е еден од холивудските актери што најмногу заработува, туку е и најпосакуван ерген во тој град. Минатата недела најави дека раскинал со Елизабета Каналис, со која беше во врска две години. „Не сме веќе заедно“ - пишува во неговата изјава. „Многу е тешко и ние се надеваме дека ќе ја почитувате нашата приватност.“
Ова раскинување е последно во низата на пропаднати врски на 50- годишниот моногамист, кој моментално го промовира својот филм „Мартовски иди“, кој го отвора Венецискиот фестивал оваа година.
И покрај добриот изглед и харизмата, познатое е дека Клуни нема среќа во љубовта. Со него се поврзани разни анегдоти, а една од нив е кога Никол Кидман се обложила со него, во 1997. година, дека тој ќе стане татко до својот 40. роденден. Кога го изгубила облогот му пратила чек, што тој и' го вратил со пораката: „ Го удвојувам одлогот за уште десет години.“
Исто така позната е неговата изјава во интервјуто на Пирс Морган, кога рекол: „Кога ќе посакам да се опкружам со куп де��а, секогаш можам да ги повикам Бред и Анџелина и да ги замолам да останат малку кај мене. Само да се потсетам колку сум среќен.“
Со други зборови, да се биде девојка на Џорџ Клуни изгледа како привремена улога и секоја следна треба да ги има на ум неговите зборови: „Бев оженет. Се обидов. Но немав трпение и посветеност кои се потребни за да се има семесјтво. Се восхитувам на тие квалитети кај другите, но тоа не е за мене.“ |
#
|
Статијата е прочитана 1933 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Od fakelaki |
Датум: 28.06.2011 00:42:29 |
|
Malce pari mali problemi mnogu pari mnogu problemi.................... |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 28.06.2011 13:08:53 |
|
A golemo chudo pa ako (ne) se ozeni Kluni ili bilo koj drug. Se si e toa privatna rabota i zavisi koj kako si go sfakja brakot i zivotot. Kako i da e toj e dobar akter, fino izgleda, a veruvam deka si pominal ubavo so beti Kanalis.:-)))) |
|
|
|
|
|
|
Од: TRAJANKA |
Датум: 28.06.2011 15:46:30 |
|
Ne znaci ako ne se ozenil , ne e sreken vo ljubovta . Lugeto na Zapad poinaku gledat na ljubovta , se dodeka se vljubeni se zaedno , koga isceznuva EUFORIJATA togas se razminuvat - razveduvat . Zatoa pravat pred bracni dogovori , zosto sekoe cudo za tri dena ... Za Kluni treba jaka zena koja ima da znae da go skroti kao div Konj . |
|
|
|
|
|
|
|
|