Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

Автомобили

Повеќе уживање со скратена „опашка“

„Мицубиши лансер“ во хечбек-верзијата со додавка спортбек, ја освои Европа и иако има помал багажник од лимузината со подинамичниот заден дел

Владимир Ристовиќ

„Мицубиши лансер спортбек“

„Мицубиши лансер“ покрај убавиот изглед и напредна технологија, го красат пространост и добро избалансиран сооднос на цената и тоа што купувачот за неа го добива. Последното е магнетот и за македонскиот купувач.

Скратената верзија (покрај спортбек со пет лансер се нуди и во лимузинска верзија со четири врати) е подинамична и поатрактивна, особено за помладите клиенти. Имено напред, поради спортски ефект, „муцката“ е поспуштена одошто кај лимузинската верзија. Но затоа, пак петтата голема врата е попрактична и за полесен пристап до багажниот простор со двојно дно. Седанот и натаму е атрактивен со своите 400 литри багажен простор, но со капацитет од 344 литри, спортбек не заостанува многу зад седанот, а со соборување на задната клупа што е делива во сооднос 60:40, нуди различни варијанти за транспорт и на погабаритни предмети и багаж. Изборот е ваш. За нас спортбекот е некако поубав. Но за вкусовите не се дискутира.

Под хаубата е сместени истиот агрегат како и кај лимузинската верзија, основниот 1,5-литарски „бензинец“ со 109 кс и вртежен момент од 143 Nm. Со него е впарен квалитетен петстепен менувач што силата ја префрла на предни тркала.

Внатрешноста е препознатлива. Инструмент-таблата е прегледна и лесно читлива, контролите логички распоредени, а ракувањето со нив е едноставно, поради запазеноста на ергономијата. Седењето, како на предните седишта, така и на задните е удобно. Возачот лесно ја наоѓа најоптималната положба зад управувачот. Можноста за регулирање на возачкото и совозачкото седиште и по висина е уште еден адут во комфорот. Материјалите што се користат во изработката на ентериерот се квалитетни, како и завршното ниво на обработка. Се е направено да биде долготрајно, издржливо.

Лансер спортбек, солидно ги минува свијоците, па дури и кога ќе претерате со брзината нема занесување со задниот дел. Возилото е покруто, поуправливо и подинамично. Од место до „стотка“ забрзува за 11,6 секунди и постигнува максимална брзина од 190 км/ч. Бензинецот нуди задоволство при возењето. Потрошувачката, зависи од стилот на возењето. Во просек се движи околу шест литри на отворен пат па до 8.5 во градска експлоатација. Мала забелешка е, можеби, нешто послабата изолација бидејќи е по малку бучен при брзини поголеми од 120 км/ч. Но, се' во се' за автомобил, со солидни перформанси, опременост и позната доверливост, со гаранција од три години и изминати 100.000 км цената од 12.280 евра е навистина одлична понуда.

Наскоро новите „шевролет круз“ хечбек и „шевролет авео“

На презентацијата, за затворен круг на импортери, организирана на почетокот на месецов, во Будимпешта, беа покажани новиот „круз“ хечбек, како и новиот „шевролет авео“.

„Шевролет круз“ хечбек е со смел и динамичен израз, со спортски стил, преставува освежување за европскиот пазар. Свежиот дизајн е надополнет со три агрегати, два бензински, 1,6 литри и 1,8, со 124кс и 141кс, како и еден дизел мотор со 2,0 литри и со 163 кс. Првите единици од долгоочекуваниот хечбек се очекуваат во текот на септември месец. Комплетно новите „шевролет авео“ седан, како и хечбек, имаат впечатлив дизајн.

Екстериерот и ентериерот на „авео“ е комплетно редизајниран и сега имаат самоуверен и елегантен изглед. Модерната инструмент табла со централната конзола е комплетно нова. Понудена е линија на најнова технологија на бензински мотори која опфаќа 1,2-литарски верзии (со 70 и 86ks), една 1,4-литарска единица (100ks) и еден од 1,6-литри (115ks). За прв пат “авео“ ќе нуди и две дизелски верзии 1,3-литарски (со 75 и 95ks) со

„Старт/Стоп“ технологија.

Првиот шестстепен, автоматски пренос, на „Шевролет“ ќе се вгради во „авеo“ со мотори од1,4 и 1,6 литри, како опција, на повеќето пазари.

И двата модела ќе бидат достапни за македонскиот пазар, а ценовната политика ќе биде задржана, со достапни цени, како што и беше досега, кога се во паѓање моделите на ГМ.

Ригорозните казни имаа ефект

Резултатите добиени од истражувањата на Светската здравствена организација (СЗО), покажуваат дека со воведување построги казни за сообраќајните прекршоци значително се намалува зачестеноста на повреди и смртни случаеви.

Истражувањето што инаку е спроведено во Шпанија, покажало дека третирањето на брзото возење или невнимателно возење, како и управување на возилото под дејство на алкохол, како сериозни криминални дела, значително влијае на младите машки возачи, особено на оние што управуваат мотоцикли.

Стравот од затворска казна и стекнувањето криминално досие претставуваат важен фактор што ги одвраќа особено младите луѓето од ризично возење.

Статистичките показатели велат дека по воведувањето на новиот, построг закон за сообраќај во Шпанија, во 2007 година, ризикот од сериозни повреди на патиштата се намалил помеѓу машките возачи на автомобили за 14 проценти, додека, пак, кај жените, заострувањето на санкциите немало промени во намалување на сторување прекршоци.

Ризикот од сериозни и фатални повреди меѓу машките возачи на мотоцикли на селските патишта опаднал за дури 30 отсто, споредено со периодот пред заострување на казнената регулатива.

Според СЗО, мажите учествуваат во 80 отсто од сообраќајните незгоди во кои има повредени, а 70 отсто од нив се на возраст од 18 до 44 години. Се проценува дека секоја година во сообраќајни незгоди на патишт��та гинат речиси 1,3 милион луѓе. Сепак, само 15 отсто од земјите имаат соодветни закони во оваа област. Ни самите закони не решаваат многу. За подобрување на состојбата на патиштата најважно е истите да се спроведуваат ригорозно. Свеста дека нема шанси од „забошотување“, односно гледање “низ прсти“, од страна на полицијата и судовите, се главните фактори за зголемување на свеста кај возачите од последиците од кршење на прописите.

„Мајбах“ и „Астон Мартин“ со здружени сили

Легендарните суперлуксузни автомобилски марки, германскиот „Мајбах“ (кој инаку е под капата на „Мерцедес“) и британскиот „Астон Мартин“ планираат заеднички концепт, што ќе дебитира есенва, на Салонот за автомобили во Франкфурт. Нема детаљни информации за прототипот, но се знае дека ќе биде луксузен и екстравагантен, а внатрешноста според стандардите на британската автомобилска марка. Во интервјуто Дитер Зече, првиот човек на „Мерцедес“, е кажано дека судбината на прототипот ќе се реши деновиве, бидејќи „Макбах“ мора да понуди наследник на веќе застарените модели „57“ и „62“. Студиото на „Мерцедес“ во моментов го прави дизајнот на концептот, а улогата на „Астон Мартин“, засега, е непозната.


#
Статијата е прочитана 686 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Руската манекенка се разведува
Зошто нема среќа во љубовта?
Сака деца со бившиот сопруг

"""