Шерил Кол
Сака деца со бившиот сопруг
Пејачката Шерил Кол, која неодамна ја изненади јавноста со одлуката да му се врати на својот бивш сопруг Ешли Кол, сега откри дека сака да основа семејство со фудбалерот.
Шерил им објаснила на своите пријатели дека го гледа бившиот сопруг Ешли како татко на своите деца и би сакала нејзината желба да се оствари колку што е можно побрзо.
„Таа не сака да ја чека триесеттата година за да има деца, а смета дека најприродно би било Ешли да биде нивни татко“ - рекла блиска пријателка на пејачката.
Иако мина една година од разводот на парот, чија причина беа многубројните неверства на Ешли со различни девојки, Шерил Кол одлучи да му се врати на бившиот сопруг зашто сфатила дека се' уште го сака.
|