Почна исплатата на субвенции
Кавадарци - Лозарите од Неготино и од Свети Николе на своите сметки почнаа да ги добиваат парите од ветените државни субвенции. Се исплаќа државната помош за одржување на постојните насади. Неготинските лозари со голема радост ја примија оваа вест, но лозарите од Кавадаречко се прашуваат зошто секогаш тие се последни кога станува збор за субвенции. Се' уште исплатата на субвенции за нив не е почната.
Надлежните институции велат дека останатите лозари сукцесивно ќе ги добивале парите, а субвенции се исплаќале за градинари, овоштари и сточари.
Лозарите преживуваат тешки моменти, бидејќи иако им беше ветено дека парите за ланското грозје ќе ги добијат до септември годинава, сепак, најголем дел од откупеното грозје се' уште не е исплатено, а за исплата на грозјето од годинашниот род не станува збор. Добивме информации дека во Комерцијална банка се исплаќа втората рата за лозарите што грозјето го предале во винарската визба „Тиквеш“. (А.Д.) |