Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија

Гостиварската болница остана без покрив

Лимениот покрив беше разнесен од силниот ветер

Киро Кипроски

Гостивар - Силен ветер го разнесе покривот на гостиварската болница. За среќа, нема жртви, ниту повредени, но е причинета голема материјална штета на болницата. Лимот оштети и патничко моторно возило, сопственост на вработен, кое било паркирано крај болницата. Болните и персоналот на детското одделение веднаш биле евакуирани.

Лимениот покрив на гостиварската болница беше разнесен од силниот ветер што дуваше со голема брзина. Покривот бил откорнат половина час по полноќ, меѓу петокот и саботата.

„Ударот беше страотен, не' фати паника, помисливме дека е земјотрес“, ни зборуваа пациентите и медицинскиот персонал што се наоѓале во детското одделение.

Директорот на болницата, д-р Ферид Муча, вели дека лимениот покрив што бил поставен пред десетина години на трактот на петтиот кат, силниот ветер го откорна и го разнесе на сите страни. Дворот беше преполн со парчиња на стаклена волна, летви, лим, а целата кровна конструкција со лимот падна на трактот, кој е со рамна плоча и има три ката, а на третиот е сместеното детското одделение.

„Паниката меѓу болните и персоналот брзо се смири и сите болнички одделенија и служби почнаа да функционираат нормално и да ги извршуваат работите“, вели директорот Муча. Тој додава дека проценители на осигурителна компанија почнале со утврдување на причинетата штета.

Министерот за здравство, Бујар Османи, кој завчера ја посети гостиварската болница, беше вчудоневиден од глетката. Во изјавата за медиумите истакна дека во најбрз можен рок ќе биде поставен нов покрив, со што би се спречиле евентуални штети од дожд , снег и од други временски неприлики. Во санацијата на покривот ќе биде ангажирана градежната фирма што ги извршува работите на реконструкцијата на инфективното одделение на гостиварската болница и која треба да ја обнови фасадата на целата болница. Уште во текот на посетата на министерот, градежниците почнаа со отстранување на остатоците од покривот. Како што потврди Османи, експерти на Министерството извршиле увид на штетите и се ангажирани да изготват план за санација.

Според истражните органи, материјалната штета се проценува на над 20.000 евра. Ветерот разнесе покривна површина од околу 800 квадратни метри и околу четири тони лим, при тоа беше искршено стакло на седум прозорци на детското одделение.

Ветерот што ноќта меѓу петокот и саботата беснееше во Гостиварско нанесе штети на покривите на многу индивидуални куќи, на ниско напонската електрична мрежа, па Гостивар и повеќе селски населби во Горни Полог останаа без електрично напојување, а беа искинати и кабли на кабловската телевизија.


#
Статијата е прочитана 706 пати.

Испрати коментар

Од: marjan.pp
Датум: 29.11.2010 13:17:06
a,znaete koj go dobi tenderot za pokrivot,i kakvi garancii dade?
Од: јас
Датум: 29.11.2010 17:03:25
Се знае марјане ПП..Партиски портокалчина..Исто како и покривот во ОУ „Рампо Левката “ во Прилеп , пред 2-3 години ..Пола -пола
Од: VO Tetovo pokrivot ubi studentka od Pristina!
Датум: 29.11.2010 18:41:27
I tetovskata bolnica ostana bez pokriv, zgora na toa ubiena e edna studentka od Pristina (socuvstvo do nejzinoto semejstvo) a mnogumina se i povredeni. Uste sto li treba da se sluci pa ovie od ministerstvoto da priznaat deka nemaat kontrola i deka cekaat samo Gospod da gi resi rabotite,a vo megjuvreme gledaat da se nafatiraat sto e mozno poveke!
Од: spire
Датум: 29.11.2010 20:12:02
Pokrivite letaat kako od hartija da se..... tenderite i kvalitetot na izvedbata se gleda..... Osmani vika ke investira 100 milioni evra vo Zdravstvoto (na kukovo leto)..... a Tanja Bumbarkata ke nanizi 100 beli Bumbari.......e vidite sega vo kakva drzava ziveeme??????
Од: 2014 Δ.п.н.е.
Датум: 29.11.2010 21:01:25
Денес ојде јабана и оној на Тетовскиот „клинички центар“!Со среќа!Македонија се наоѓа во клиничка смрт!

Најди! во Утрински
Македонија
За тетовската економска зона постои само име
Почна исплатата на субвенции
 


Former Bulgarian minister denied US entry visa
Second Bulgarian commissioner awarded European of the Year
Croatia spends millions on improving transport network