Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
На прво место

Сите се оградуваат од „тигарот“ Спасов

Никој не кажува по чија наредба специјалецот од Куманово го обезбедувал премиерот

Даниела Трпчевска


„Тигарот“ Игор Спасов остана сам во драматичниот развој на настаните откако брутално го претепа до смрт 22-годишниот Мартин Нешкоски во центарот на Скопје за време на победничката прослава на ВМРО-ДПМНЕ. Специјалецот, кој бил распореден до полноќ да го следи мирното спроведување на изборите во Куманово, неофицијално добил вонредна задача – да го расчистува патот по кој се движи раководството на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната победа на плоштадот во Скопје. По чиј налог дошол во Скопје и кој го повикал телефонски, никој не открива.

Премиерот завчера изјави дека осомничениот, како што му пренела министерката за внатрешни работи, работи во единицата „Тигри“, но не бил по распоред на службена должност. „Судот натаму ќе си го расветли случајот“, рече премиерот Груевски.

Но, телевизиските камери и фоторепортерите го снимија Спасов само десет минути по полноќ, во блиското опкружување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. На фотографиите може да се забележи штипјанецот како од десната страна го обезбедува движењето на ВИП-личностите кон скопскиот плоштад, каде што по полноќ граѓаните на големо ја славеа изборната победа.

Игор Спасов, според информации од МВР, од 2000 година бил во редовите на полицијата. Поминал тренинзи за специјални вештини, а во 2001 година бил распореден во кризните региони за време на воените дејства, што деновиве го потврди и првиот човек на Достоинство, Стојанче Ангелов.

„Игор учествуваше во воениот конфликт во 2001 година, и тоа од првиот до последниот ден. Одамна говорам дека сите припадници на единицата ’Тигар‘ што учествуваа во борбите во земјава пред 10 години боледуваат од поствоен синдром. Потребна им е професионална помош. Едноставно, тие се темпирани бомби. Ако не биде нешто сторено за да им се помогне, тогаш може ова да не биде последен инцидент“, изјави Ангелов за агенцијата Нетпрес.

По завршувањето на кризата, штипјанецот бил ангажиран за обезбедување ВИП-личностите во државата. Од Владата тврдат дека тој не е дел од обезбедувањето на премиерот. „Спасов не е дел од обезбедувањето на премиерот Никола Груевски. За тоа се грижи друг тим на вработени во МВР“, објаснуваат од Владата.

Специјалецот во неделата имал добиено точно утврдена писмена наредба што требал да ја почитува. Согласно со оперативниот план на МВР, кој беше изготвен за одржување на мирот и безбедноста на денот на изборите, Спасов бил распореден на должност во Куманово.

„Со наредбата, тој до 24 часот во неделата требало да биде во Куманово“, вели помошник-министерот за информирање во МВР, Иво Котевски. Според него, не постои друга писмена наредба со која Спасов бил повикан да дојде во Скопје.

Според Котевски, „тигарот“ првично по приведувањето во полиција, пред колегите кажал дека имал усна наредба да дојде на централната прослава во Скопје.

„Но, ние не можеме да го потврдиме или да го провериме тоа бидејќи не постои никаков писмен документ“, вели Котевски. Целиот случај се разгледува и од страна на Внатрешната контрола на МВР, која треба да утврди кој бил работниот ангажман на „тигарот“ и по чиј повик дошол да го обезбедува раководството на владејачката партија.

Согласно со прописите за полициското работење, припадниците на МВР постапуваат во согласност со писмени наредби и претходно утврден план за дејствување. Никој не ја исклучува можноста Спасов да бил ангажиран за обезбедување на трасата или, пак, за општата безбедност на плоштадот за време на прославата, но засега никој не открива на чиј повик го правел тоа.

Спасов е во притвор и ќе одговара за убиството на 22-годишниот Мартин, за кој веќе четири дена се одржуваат масовни протести на млади низ улиците на главниот град. Бруталното претепување на момчето го забележале многубројни очевидци, кои виделе како специјалецот го брка момчето, тоа се сопнало на кабел кај бините на Баскер-фест, по што добило четири фатални удари по телото и главата. Поради крварење во мозокот починало на самото место.

Министерката за внатрешни работи најави дека е во тек истрага, со која треба да се утврди евентуалната одговорност и на други полицајци што се нашле на местото на убиството, а не презеле ништо за да го пријават. Како што дознаваме, станува збор за двајца полицајци што патролирале на плоштадот, а „тигарот“ ги повикал на помош откако видел дека момчето не реагира по бруталното претепување. Со оглед на тоа дека Спасов молчел за време на истрагата, дополнително треба да се утврди со кое објаснување ги оставил полицајците со починатото момче на плоштадот и како потоа успеал да се протне незабележан меѓу толпата без да го пријави случајот во полиција.

Тој пред колегите молчел и за мотивите за убиството. При првичните разговори во полиција кажал дека по вербална расправија почнал да го брка момчето, но семејството на младиот Мартин тврди дека 22-годишникот бил претепан до смрт затоа што се обидел да се качи на бината за да и' ја честита победата на владејачката партија.


#
Статијата е прочитана 7018 пати.

Испрати коментар

Од: Bitola
Датум: 11.06.2011 00:10:17
zaprimetete na slikata kako obicen clen na dpmne se obiduva da se pozdravi so premierot , a od obezbeduvanjeto i toa zadovolstvo ne mue ovozmozeno, kako li samo mu gi trgat racete ko nebare kolera ima na prstite:))
Од: demokrat
Датум: 11.06.2011 00:49:54
Ete go profesionalizmot na komandnite strukturi na MVR. Nikoj ne znae kakov bil angazmanot na nivni kolega koj zamislete celo vreme se dvizel neposredno do premierot!?
Од: Goran SAD
Датум: 11.06.2011 02:53:20
Ma kakov be postvoen sindrom. Sto tropate.Sto pa vojna bese vo 2001, nema greska, pa i samite go vikate konflikt posto ne bese vojna. Zet mi bese vo vojnata vo Bosna, ovde vo SAD imam dvajca drugari sto dojdoa od vojnata vo Irak, pa nieden od niv ne dojde so postvoen sindrom i toa kakvi bea ovie vojni vo sporedba so 2001. Ako toj Igor ne bil maz dovolno da odi vo konfliktot, so majka baral onda. Moreee, imal sreka sto vo Kumanovo toj vecer ne go napravil ova na nekoj "pogresen" ,pa da mu ja smazat glavata, kumanovci ke mu dojdat u Stip da go prebijat.
Од: Mene
Датум: 11.06.2011 03:03:09
BTW.. Спасов бил од Штип.. проверувајтеси ги фактите :S
Од: USA
Датум: 11.06.2011 04:34:21
I Branko imase slika so dracevecot sto raskopuva niz spalna. I sto sega?? Sto imaat Gruevski i Branko so ovie ubici? ..........Branko se ogradi ili ne?
Од: jimmy1
Датум: 11.06.2011 06:41:33
Mene poveke mi lici na zver. Prav talibanec. Po likot se gleda deka e necovek i neznam kako e zaposlen vi policijata, dali po partiska ili po rodbinska vrska, nikako ne e zaposlen po sposobnost. Takvi bara ovaa fasisticka vlada, da go tepaat i ubivaat svojot narod a ne da go zastituvaat.
Од: petko
Датум: 11.06.2011 06:57:50
Taka e toa sega site se pravat nedovetni vo umot, sigurno Igor ne otisol sam na plostadot zatoa sto sakal da slavi tuku da go obezbeduva premierot, naredba dobil sigurno od negoviot komandir ili nekoj koj e odgovoren za obezbeduvanjeto, nikoj ne progovori za toa kade e planot za obezbeduvanje na izbori od ESZ Tigar, dali voopsto postoi , i kolkava e odgovornosta na negoviot komandir, zalam za dva izgubeni mladi zivoti eden na Martina i eden na Igor koj veruvam sega razmisluva sto i kako napravil, tragicno e toa kolku ludzeto koi izvrsuvaat javni funkcii se podli i nemaaat sens za odgovornost.
Од: grujo grujo
Датум: 11.06.2011 07:33:11
mu go podmetnal BC. tak normalno. ako podobro se procepka ce se vidi deka BC go tepal i otepla momceto. ovoj "intelktualec" od vmereto samo bil vo okolinata i pusel cigara
Од: nikolce nz
Датум: 11.06.2011 08:36:54
Bez razlika dali toa zivotno e tempirana bomba ili ne negoviot naredbodavec mora da snosi celosna odgovornost a toa e ministerot za vnatresni raboti . Ako doticniot minister toa ne go napravi , go snosi na dusa ova mrtvo dete , asite znaeme sto toa znaci .
Од: Goran
Датум: 11.06.2011 08:44:24
Специјалните единици треба да дејствуваат по строго утврдени правила. Во оваа башибозук држава ако некој претпоставен се сели и му требаат луѓе за дигање може да ги ангажира телефонски. Се е импровизација и глумење држава.
Од: smrdlivo
Датум: 11.06.2011 09:02:21
Prilicno smrdlivo i gadno se zaedno, posebno motivot za ubistvo na momceto, koe doslo vo centar na proslava. Nejasno, smrdlivo i gadno.
Од: xxL from PP
Датум: 11.06.2011 09:52:45
ubiecot e eden od obezbeduvanjeto na Grujo
Од: kole
Датум: 11.06.2011 10:58:59
Znaci na VMRO-vcive i da im cestitas e opasno po zivot??????????????? Aj majkata sto li ni se slucuva???????????//
Од: nagraden
Датум: 11.06.2011 11:28:54
Bidete sigurni deka ubiecot Igor Spasov nitu eden den nema da lezi vo zatvor. Ke bide nagraden kako obezbeduvac vo nekoja Makedonska Ambasada.
Од: nepristrasen gragjanin
Датум: 11.06.2011 11:30:03
Mnogu javni licnosti, i doma i vo stranstvo, se neprimerni lugje, a obichniot narod lekomisleno se sobira okolu niv, rizikuvajki go sopstveniot zivot i zivotot na najbliskite.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 11.06.2011 11:32:36
Da se razjasnat nekoi raboti i napravi distinkcija.Sto- renoto ubistvo e sverski cin i steta za zagubeniot mlad zivot na mladiot Martin.Storitelot Igor,vo kuloarite vaze- se za eden od najsposobnite specijalci za najdover- livi akcii.Istiot e so poteklo od Probistipsko,sto e nevaz no,site sme Makedonci.Da ne se samo napaga Stip.
Од: dejane
Датум: 11.06.2011 12:17:55
Nikoj ne moze da odgovara za postapkite na drug-osnovno pravilo, vaka gruevski treba da bide vinoven za postapkite na site luge okolu nego pa zosto postojat zakoni i tie vazat za sekogo. Sto e so SDSM i Branko Crvenkovski kade otidoa?
Од: Od Tetovo
Датум: 11.06.2011 13:13:45
Kakov Tigar-Majmun ubica na robija 101 i ++++, surgun!
Од: Реалист
Датум: 11.06.2011 14:59:24
Едно е Црвенковски да се слика со некој кој му пришол да се поздрави а за кој покасно се испоставило дека е убиец (значи, исто како оној горе симпатизерот на сликата што се ракува со Груевски), а сосема различно да тој истиот убиец е член на твоето обезбедување! Разликата во поврзаноста и блискоста се огромни!
Од: ismet
Датум: 11.06.2011 15:22:13
E ova ti se vika DEMOKRATIJA - UBIVAJJJJJJJJJJ DECA.
Од: НИКОЈ
Датум: 11.06.2011 16:44:54
Луѓе, ова вака не оди.. партииве не влечат за нос, си поигруваат со нашиве животи, па на што им личиме? Ај размислете, ние сме скоро 2 милиона, а тие се едвај илјада! До кога вака ќе трпиме? Јас не знам од каде бре постанавме толкави страшливци! Ова ти е исто како за празници и први мај кога поскапуваат цените на пазар, па некој новинар ќе се најде да интервјуира, а обичниот граѓанин само ќе каже - „Епа скапо е, не се живее, ама ќе трпиме!“ Па стварно нема смисла, а ова последново е капак, или се креваме да го истепаме овој политички џган, или ќе не толчат до коска. И после младината ни бегала на запад. Море, кај нас и стаорците бегаат!
Од: Darko
Датум: 11.06.2011 16:58:04
A be Gorance SAD, dodeka ovie momci ja branea drzavata i gnieja po rovovi ti si igrase bistrese politika vo aerodrom so toplo makijatao. Sram da ti e. Cinot ne go opravduvam, ama na site momci od 2001 definitvno im treba lekarska kontrola, a za del i lekarska pomos. Stresovite koi sekojdnevno gi trpat ovie luge se daleku od ona koe ti kako najobicen smrtnik mozes da go podneses. Zata zamolci i ostavi instituciite da si ja brkaat rabotata. Ova decko ke odgovara kako i site ostanati. Veruvam deka ova e posledna opomena za drzavata deka konecno poseriozno ke go razlgeduva problemot za licata od specijalnite sili. Veruvajte ovie momci se i psihicki i fizicki amortizirani i defnitivno treba da golema profesionlana kontrola kon ovaa kategorija na lica.
Од: забеган.
Датум: 11.06.2011 17:20:43
Абре ако оној е тигар,,,,,,,,,,Не може да сиги присобере фармеркине ко влечко е. Тешко на ДРЖАВА со вакви животни.
Од: memati-afganistan
Датум: 11.06.2011 18:43:37
dodeka urko pali i gasi vo drzavata taka ke bide,nema da bide cudno po nekoja godina toj igor da izbega od drzavata kako sto napravi ace ciganot za vreme na sdsm.samo neka ze zaprasat instituciite kako mozat ovie sluzbeni lica preku den da rabotat vo mvr ili arm ,a navecer da obezbeduvaat kafici,diskoteki,restoranti i red drugi raboti........
Од: srebre
Датум: 11.06.2011 20:10:20
komentarot na jimmy1 eden kaza se....samo da dodadam ZA ZIVOTNO DOZIVOTNO.
Од: seirdzija
Датум: 11.06.2011 20:55:46
Mnogu e ocigledno deka tigarot e covek od doverba na Mihajlov,pa otuka i hrabrost da se zatskrie ubistvoto na mlad covek>Go gledam onoj Kotevski i Onaa frigidna ministerka kako lazat vo imeto na golemiot brat....pardon bratuced sakav da kazam...
Од: made in italy
Датум: 11.06.2011 22:06:01
E po ova moze dase vide kolku e Grujo siguren pomegu svoite simpatizeri,nee ni cudo koga se lazee,pozz.
Од: dzabe vezes
Датум: 11.06.2011 22:18:08
ete kolku e daleku no i kolku blisku e smrtta kolku vredi eden covecki zivot verojatno koga videl sto napravil se obidel da go kamuflira incidentot odnosno lisuvanje od zivot verojatno sega se kae no nema nazad doblesno e sto se prijavil samiot no i soucesnicite takanareceni pomagaci treba da bidat doblesni i sami da se prijavat ne e ova divi zapad pa da si igrame kaubojci i indijanci i tesko nas ako sami ja zemame pravdata vo svoi race i delime kloci i tupanici lesno e da bides divjak tesko eda bides mudar iodmeren verojatno se razlikuvame od zivotnite dali ke ja doznaeme vistinata
Од: Goran
Датум: 12.06.2011 09:16:07
Bog da go prosti Martin ! A tigarot da bese tigar ke bese vo Avganistan ili Irak i nemase da ubiva deca pred nasite "prerodbenici" koi uporni vo svojot film nisto ne gi intresira i "gordo cekorat napred" ... "covekot" e samo DZVER so policiska znacka , tolku...
Од: од Штип
Датум: 12.06.2011 13:18:02
Тажна ние работава?Дефинитивно фашизоидна дражава и власт.Иста методологија како кај третиот рајх.Монтажи колку сакате.Не е јасно што гледа овој народ.Зошто молчи?И сега нека види за кого гласаше!Господ нека ние на помош.
Од: romplus
Датум: 12.06.2011 15:55:21
Sakav da prasam.... Ako e tolku siguren vo svojata pobeda premierot - zosto mu ttebelo tolkavo obezbeduvawe koga proslavuval so svoite. Nieden od sdsm ne otisolo da mu ja cestita PIROVA pobeda, za da ima strav. ili ima nesto drugo?

Најди! во Утрински
На прво место
Мисли ли некој на оставки?
Убиецот на Мартин молчи и пред судијата
И омбудсманот бара одговорност

"""