Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
На прво место

Мисли ли некој на оставки?

Гордана Јанкулоска и гневот на јавноста: протестите не стивнуваат, министерката молчи

Жаклина Ѓорѓевиќ


Ќе има ли оставки од првите луѓе во Министерството за внатрешни работи по убиството на дваесет и двегодишниот Мартин Нешковски, чија смрт повлече бурни реакции и масовни протести во јавноста, кои со денови не престануваат, а со кои се бара одгово��ност и оставки за загубата на еден млад живот.

Згрозените лица од очај на родителите на Мартин ја смрзнаа крвта на сите оние што заковани го следеа погребот на ова младо момче на телевизиските екрани, но дали нивната болка и порака дека „државата им го убила синот“ ќе стаса до упатената адреса. Дали премиерот Груевски и неговата најблиска соработничка Гордана Јанкулоска ќе се соочат со гневот на јавноста и ќе го прифатат предизвикот за оставка, или формирањето нова влада ќе го искористат за ротирање на министерката во друг ресор или на друга функција.

Веќе шести ден протестите за младиот Мартин не престануваат, а од вчера младите преку социјалните мрежи се организираа и за потпишување петиција во која поставија конкретни барања, со кои, меѓу другото, се бараат оставки од министерката Гордана Јанкулоска и од нејзиниот помошник Иво Котевски, како и доживотна казна за „тигарот“, чии удари го усмртија момчето.

Но, освен протестите, во политичкиот живот ситуацијата е статус кво, иако експертите сметаат дека неминовна е оставка на министерката како морален чин. Таа дури три дена по настанот изрази сочувство до семејството за убиеното момче и порача дека случајот нема врска со политика, па оттаму и нема основа за политичка одговорност. Сочувство дури вчера, речиси цела недела по смртта на момчето, стигна и од младите на ВМРО-ДПМНЕ, чиј припадник бил инаку младиот Мартин.

Во јавноста се' погласно се зборува дека Јанкулоска е можно да не се најде во истата фотелја токму поради случајот со младиот Мартин, иако таа важи за една од луѓето од доверба на премиерот. Освен овој трагичен настан, дамка во нејзината политичка кариера како министер остави и инцидентот во Собранието кога вработен во полицијата ги снимаше сдсмовските пратеници за време на нивниот состанок со стечајците.

„Иако министерката нема конкретна одговорност, тоа се случило во нејзиниот ресор, и што е потрагично, се работи за човек што бил во непосредното обезбедување на премиерот, односно на високи личности во државата. Според мене, тука е неминовно морална одговорност да понесе првиот човек на Министерството“, смета професорот Јове Кекеновски. Случајот тој го спореди со оставката на поранешниот министер за сообраќај, Антонио Пешев, во 1993 година по паѓањето на двата авиона. Оставката, според Кекеновски, сепак, треба да ја одрази доблеста на министерот.

Но, кај нас оставките се вистинска реткост, за што барем моментално не размислуваат во владејачката партија ниту, пак, сакаат да коментираат на оваа тема, за што велат дека, сепак, одговорноста за овој случај треба да биде инвидивуална.

Вчера на „Фесјбук“ беа поставени конкретни барања во предлог-петицијата на неколку стотици млади луѓе, кои бараат целосно расчистување на случајот со младиот Мартин и одговорност на сите по хиерархиска линија во МВР. Оставки од министерката Јанкулоска и од помошник-министерот Иво Котевски се вклучени во барањата во петицијата. За Котевски дури и се бара да сноси кривична одговорност за „соучесништво во прикривање убиство“.

Дека одговорноста треба да оди на адреса на Министерството за внатрешни работи и на министерката, порачува и професорот по социологија од Штуловиот универзитет, Али Пајазити.

„Министерката за внатрешни работи да се соочи со одговорноста и да поднесе неотповиклива оставка затоа што еден полицаец се однесува на начин што не доликува, иако тој не бил во униформа и не бил на должност“, смета професорот. Без разлика дали се работи за припадник на една или на друга партија, одговорноста, според Пајазити, се лоцира во Министерството и во министерката бидејќи се работи за живи суштества, чии живот треба да ги заштитува токму полицијата.

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски засега молчат, иако цената на политичките последици за Владата од овој случај секојдневно се зголемува

без оглед што претстои нејзино рекомпонирање. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 5229 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 11.06.2011 00:10:29
Не! Оставката на министерката не би била доволна! Таа треба да се земе на одговорност, заедно со премиерот, кој не дозволува ништо, ама баш ништо во државата да се случува без негово знаење. Никој не вели дека министерката и премиерот се замешани во убиство, но, нивниот обид за неговото прикривање е доволен знак за нивната морално-политичка извитопереност. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Bobi
Датум: 11.06.2011 00:20:08
Дали некој воопшто мисли на изгубениот углед на една цела институција? Дали некој воопшто мисли на изгубената доверба кај народот во МВР? Дали неколку личности кои треба да сносат одговорност имаат поголемо значење од угледот и довербата кон оваа институција?
Од: polnok
Датум: 11.06.2011 01:08:53
Кој оваа да даде оставка,што Ви е вас луге.не ја гледате како некоја царејца само го должит вратон,и оние очине ги вртит и преку наочари гледат и гајле си нема ,кога излезе за прв пат едноставно многу наивно делувасе,ама со тек на време се виде каков чпот е невиден,ако се прашува таа никогаш нема да си оди ,ама сега,сега Али Ахмети ке ја шутне,неоди долго тука е некаде немој да се секирате ке си оди и тоа како ,усте оваа била за министерка и тоа пак каде во МВР загреота .
Од: dosta veke
Датум: 11.06.2011 02:47:43
Ne mozam da razberam kako eden tragicen slucaj opozicijata go koristi za politicki poeni....ednostavno se sluci ubistvo so ima tuka vrska ostavka na vladata ili koga na demokratski izbori ne moze da se pobedi se baraat drugi nacini....Pred nekolku dena vo Montreal policijata pukase i ubi dvajca nedolzni luge edniot bezdomnik drugiot slucaen minuvac i nikoj ne pobara "ostavka od federalniot minister ili ostavka od vladata" ili ja napadna policijata za brutalnost....ednostavno se otvori istraga koja ke go kaze poseldniot zbor......Pred dve godini vo Grcija policijata ubi dete grcite napravija "masakr" ispokrsija sve dali toa treba da se sluci vo Makedonija i se prasuva kolkava steta ke e toa.....Makedonija e demokratska drzava ima institucii i tie ke si go kazat svoeto...dosta se javuvaat A1 i slicni koj sakaat politicki da ja iskoristat ovaa tragedija......
Од: USA
Датум: 11.06.2011 04:12:44
Mnogu vi odgovara temava. So toa se izbegnuva ostavkata" na Branko. Ama toa ne e temata. Taka?
Од: Marija Vodenska -Zdruzenie
Датум: 11.06.2011 05:28:53
Moralot kaj lichnosta e odraz na karakternite osobini kaj sekoj poedinec. Toa zavisi od nivoto na steknati znaenja (pokraj genetsko-familijarno vospitanie) i sposobnosti za vklopuvanje vo kvalitetnata vrvica na pogledi i ziveenje. Koga chovek tie osobini gi poseduva i gi vladee, e togash se ima uset za odgovornost, no za zal...Da se potsetime: Za vreme na dvata atentati na Pretsedateli na RM , Branko Crvenkovski ostana bez trunka moral. Sega se povtoruvaat incidentite.Dali Ima lek? Za toa ni treba i Zakon sproveden ednakvo za sekoj sto ke posegne po zlostornichko dejstvo.Vreme e , kako i vo mnogu civilizirani drzavi i vo Makedonija da zavladee Pravoto.:
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevska
Датум: 11.06.2011 05:38:32
Ne samo Jankulovska,tuku i Mijalkov treba da si dade ostavka,a za Gruevski da ne zboruvame,toj e zaljuben vo samiot sebe kako sto bese Hitler. Megjutoa pak bi rekla kako i prethodno,sto ako familijata Mijalkovi e vo srodstvo so Spasov???...
Од: mr.anderson
Датум: 11.06.2011 08:01:16
da be ministerkata treba da si dade ostavka sekogash koga nekoe govedo ke odlu4i da pravi kriminalni dejstvija,samo zaradi toa sto e vraboten vo mvr..
Од: Risto
Датум: 11.06.2011 09:00:21
Taa ministerka nema nikakov kredibilitet kako i drzaviceto. Potrebno e da se prestane so igraznje na drzava i na ministercinja. Site vidoa deka seto toa e praznoi bez idnina.Rezil
Од: danska
Датум: 11.06.2011 09:28:02
vo danska lani ministerka za nadv raboti dade ostavka po 3-4napisi na naslovna str na vesnici kako nemala vreme za sednici i za primanje gosti od eu bidejci bil na odmor na majorka vo toa vreme...druga ministerka dade otkaz po eden napis na naslovna str na vesnik deka bila samohrana majka i nemalas vreme za politika....a vo maked izleguvat na ulici da barat zamena na ministr oti e haos vo mvr desetina ubistva ima za 10god od str na specijalci i nikoj nee oduden dekek imale privilegija bile vo mvr???istiot stipjanec ubil covek i vo 2006g i ne odgovaral...samo ostavka ce znaci napredok vo makedonija i cvrsta raka na celo na mvr najrado covek na 55-60godini zpamtete covekot se razviva intelektualno cel zivot zatoa mislam deca na 30-40godini neoze da se uspesni ministri premnogu gi mami vlasta koja e povrzana so pari..............
Од: Istocna Makedonija
Датум: 11.06.2011 09:41:29
Ostavki posle tragicniot slucaj?!.Vo civilizirani zemji, najvoobicaena rabota,poznat slucaj na minister vo Japonija za godisno docnenje na zeleznicata od 2 minuti.Da ne se zanesuvame,pred edna nedela bea upotrebeni site mozni,ne-dozvoleni sredstva da se ostane na vlast i seda da ocekuvame ostavki.Malo morgen!.Prinudni da,na nekoi naredni izbori!!.
Од: kole
Датум: 11.06.2011 11:18:23
Sto vi e krivo devojcevo????? Toa pravi kako ke i kazat...................
Од: mugabe
Датум: 11.06.2011 11:32:56
grujo so familijata ima koreni pogolemi od gadafi siriskiot asad od site kimovi zaedno nivniot rejting e pogolem od zgasnat mlad zivot sega na vemerevo pak banko mu e kriv a ne stipskata familija
Од: Jovan
Датум: 11.06.2011 11:36:41
A sto ako Mk ne e civilizirana drzava kako i narodot? A so takvi kako taa na slikarta moze samo da se brukame. Tie 450000 zeleni glasaci nikogas ne ke se civiliziraat. Ajde sedeti si vo kalta nikoj ne ve broi.
Од: Ruza
Датум: 11.06.2011 12:01:09
Sekako deka izgubeniot mlad zivot e tragicen nastan,odnosno ubijstvoto sto go izvrsi "tigarot" Spasov i za toa delo toj e vo pritvor i ponatamosniot sudski proces ke si go dobie zasluzenoto,koe sto nema da bide pomalku od 10 godisen zatvor vo Idrizovo.Zosto odredena politicka partija uporno saka ovoj nemil nastan da go ispolitizira?Zosto se bara ostavka od Gordana Jankulovska?Da,ostafvkata ke bese nesto neminovno dokolku namesto apsenje se najdese nekoe opravduvanje za ubijstvoto sto go izvrsi Spasov. Takvo nesto ne se sluci.No, se prasuvam kade e doblesta na Crvenkovski? Nema.Toj (Crvenkovski) namesto da si dade ostavka posle porazot sto go dozivea negovata partija SDSM,toj izleze i vo negov arogantem stil go obvini narodot za izgubenite izbori,za porazot.Navistina nekoi simpatizeri nemozat da se otrznat ,da gi otvorat ocite ,da ja sogledat realnosta i da pobarat odgovornost od Crvenkovski,da pobarat ..koga veke toj ne si dava ostavka,da si zamine od politickiot zivot vo Makedonija
Од: dejane
Датум: 11.06.2011 12:13:40
Zosto tolku se terorizira narodot preku opozicionite mediumi za ovoj slucaj,Gruevski ze izvini za ovoj slucaj iako toj ne e vinoven za ova i kaza deka storitelot ke bide kaznet po zakon, sto poveke od ova uste poveke sto i samiot brat i tatko na pocinatiot jasno kazaa da ne se zloupotrebuva slucajot za partiski celi a gledame cela opozicija na ,,protesti,, mnogu zagrizeni. No ova se pravi so cel da se trgne vnimanieto na clenstvoto na SDSM od debaklot na izborite i baranjeto na odgovornost za toa. Ve molime ne ne zamarajte poveke so ovoj slucaj obnete vnimaqnie zosto SDSM gi izgubi izborite.
Од: 3G
Датум: 11.06.2011 12:19:02
Jas protestite POVEKE ne gi poddrzuvam bidejki se pretvoreni vo cirkus na sdsm. Moze da se razberat i poddrzat protesti do otkrivanjeto na faktite i storitelite pa i manifestacija potoa, no mitingasenje od tipot OTPOR ili GOTOV JE za da mu se dade na znaenje na zapadot i DUI so kogo ke sorabotuvaat odnosno koaliciraat ne bi li vo posleden moment ja povlecat racnata e, ete nemam zborovi sto,.., sds-ovska, makedonska rabota. Slucajot e institucionaliziran i po iznesuvanjeto na rezultatite od istragata moze da se reagira a sega ne znam za sto drugo osven za partiski cirkus. I ne se raboti za policiska akcija ili intervencija od tipot Kuklis ili Radovis ili za egzekucijata na D I Postarot na lice mesto i bez presuda za da se generalizira na celata policija i da se bara glava na minister. Momceto sakalo da ja premine cuvanata linija pa cuvarot ja preminal moralnata i ke odgovara i sega sdsm gi preminuva site linii.
Од: nina
Датум: 11.06.2011 13:39:35
Ги молам сите добронамерници да не се занимаваат со нас СДСМ и со Бранко зашто тоа си е наша внатрепартиска работа и да видат што ќе прават со оние кои ги плаќаме за да бидат наши службеници. Гордана Јанкуловска е платена да организира ред и мир за нас граѓаните а не да спроведува терор за партиски цели.
Од: Стојко
Датум: 11.06.2011 13:51:20
МВР стана дувло на ДПМНЕ а „Тигарот" Спасов е ВМРО-вецот Спасов. Се додека е така, ќе умираат недолжни граѓани. Единствена надеж е ако ДУИ го преземе МВР и го врати на тоа за што е платено: да ги заштитува граѓаните и законот!
Од: ahil
Датум: 11.06.2011 14:09:33
a be kaka ostavka barate.toe e normalna rabota vo razvienite demokratii a ne za totalitarnite sistemi kako sto e nasiov.sto bi rekle komsiite trazili ste gledajte,takva vlast si glasavme ....neka ni e na zdravje
Од: aleks
Датум: 11.06.2011 14:18:29
Ne e vo red da se obvinuva policijata i tigrite kako edinica koi imaa znacajna uloga vo 2001 dodeka nie sedevme pred televizor doma samo zaradi poedinecni slucai na nivni kolegi isto taka ke gi zamolam mladite sto protestiraat da ne izleguvaat so sramni transparenti alfi ubijci zaboravajki pro toa deka alfite se najzasluzni za bezbednosta na skopje isto taka ke gi zamolam mladite dokolku vidat bilo koj pretstavnik na politicka partija vo nivnite redovi da so iskaraat na kloci ednistveno treba da se pokrene debata sto majka bara specialec da obezbeduva privatna zabava ili ministerkata da dade obrazlozenie zosto e specialecot na privatna zabava se drugo bi bilo spinuvanje na rabotite i vadenje od kontekst sekako vo steta na drzavata za koi nasite sosedi gi docekuvaat so nasmevka na lice i ke ja zamolam onaa bagra od opozicijata doverbata kaj narodot da ja baraat so proekti i na izbori a ne so vakvi podmolni raboti.
Од: MVR LAZHGOVCI
Датум: 11.06.2011 14:19:27
do dosta veke- za koi institucii zboruvash ti. Za onie koi shto probaa da go skrijat ubistvoto na mladoto momce. Jas bash ja zemam Grcija za primer, deka taka treba da izreagira ovoj pasiven i usran narod.Mora da im se pokazhe na tie korumpirani istitucii deka na narodot mu e preku glava.STOP ZA POLICISKATA BRUTALNOST!!!!
Од: od mene do mr.anderson
Датум: 11.06.2011 15:03:34
mr.anderson,ministerkata ne treba da podnese ostavka zasto nekoj vraboten vo mvr resil da ubiva,taa treba da podnese ostavka i da snosi odgovornost ZOSTO SE OBIDE DA GO PRIKRIE UBISTVOTO....ili vi odgovara da gi izvrtuvate rabotite...zalno i sramno....
Од: nekoj
Датум: 11.06.2011 15:31:27
Kakvi ostavki kakvi bakraci,tie / politicarite / kopaat i so race i so noze da dojdat na tie rakovodni mesta a vie ste zapnale ostavka,pa ostavka.Zar ne vie jasno deka toj sto ima doblest i e cesen covek ne ceka celata makedonska javnost da se krene na noze i da bara ostavka,pa duri togas da pocne voopsto da razmisluva za takvo nesto.Ako voopsto i razmisluva bidejki po tugj grb i sto stapa ne se mnogu!!
Од: Veroljupka
Датум: 11.06.2011 15:42:22
Vladata na g.Gruevski prodolzuva tamu kade sto zastana::go uapci g.Boskoski, neodgovara na povicite za ostavka na minister i pretpostaven-premierot poradi ubistvo na mlad covek koj ja slavel pobedara na nivnata partija,go iseli g.Gjuner Ismal od opstestven stan "zasto plakal mala kirija"(!?)Zosto ima ubistvo-zatoa sto momceto noselo simboli na vladeackata partija (taka rece portparolot na MVR),zosto nedolicno e uapsen g.Boskoski (mozebi otkrivase aferi na premierot i ministerot),a za g.Ismail,ne znam,no znam ako kirijata sto ja plakal bila mala,mozele da mu kazat deka treba da plaka ekonomska kirija,pa ako ne prifatel,bi trebalo da mu se dade vreme da se iseli.No ,toj Zakon ne go znaat ni premierot ni ministrite na negovata vlada (vaka ,kako sto se odnesuva ne moze da se kaze deka e narodna).No,aj da vidime kade doprva ke puknuva nasilstvoto,pendrekot,revolverot...
Од: do mr anderson
Датум: 11.06.2011 15:42:33
Pa tokmu zatoa ministerka treba da dade ostavka zosto ima vraboteni goveda vo svoeto ministerstvo i nisto ne se pravi da se educiraat i da bidat toa za sto site nie gi plakame, cuvari na javniot red i mir a ne ubici.
Од: Виктор
Датум: 11.06.2011 16:22:24
МВР се обиде да го скрие убиството и да го забошоти случајот. Тоа не е само за оставки и политичка одговорност, тоа е соучесништво. Таткото на починатиот е боле човек, а ДПМНЕ постојано му врши притисок. Мајката, братот и чичкото на починатиот беа доста јасни во своите пораки. Ги поддржаа протестите и бараа оставки.
Од: забеган.
Датум: 11.06.2011 17:17:34
Горнион напомош со нашиве политичари и убици.
Од: marjan.pp
Датум: 11.06.2011 21:41:11
mozebi se ke bese vo red ako kotevski reagirase kako treba,a mislam seta tenzija za seto ova e kriv potparolot so negovata izjava,i siot revolt pocna od togas,a za ministerkata mislam deka e samo marioneta,a drug e minister,koj se znae...
Од: Ајван Доктор®
Датум: 11.06.2011 22:23:08
Од Шерифот McLaboud и неговите улични другарчиња не ни очекувам морални норми!Образ ѓон да имаа,па ќе собереа храброст веднаш да изразат сочувство и да го признаат злосторот што го извршил член на неговото обезбедување!Она што ме ужаснува е можноста дека боксерот-компарса,целиот настан го гледал од бината и воопшто не реагирал!Тоа го потврдуваат очевидците кои ме убедуваа дека младиот Мартин се качил по скалите на бината за да му ја честита победата на самобендисаниот циник и оттаму бил однесен на егзекуција!Не помагале ниту неговите повици до дебеловратниот голо(празно)глав ѕвер да престане со ударите и тепањето!Ни покажуваат ли лекција како ќе мине секој кој некането се приближува кон Шерифот?!Згрозен сум што е убиен пред очите на сподобите од власта,а тие дрско се обидуваа да го сокријат злосторот!Во нормални земји оставката на министерот одговорен за полицијата е неминовна!Овој,мустаклијата „наш“,ниту да трепне—мува не го лази!
Од: cane sokolovski-toronto
Датум: 12.06.2011 00:18:01
Алекц, одвратен коментар, но јас со последна капка од својата крв ќе се борам за правото да го кажеш - тоа е демократија, за што ти немаш појма, вемровски контаминиран. Некој ја спомна Грција. Пред некоклу години момче загина во немири, убиено од полицијата. ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ЛУЃЕ ИЗЛЕГОЈА НАДВОР. Се разбира министерот на полиција поднесе оставка, а што друго.И покрај се имаат повеќе слобода од нас. Ех тоа е неконтаминирана, не вмровска, човечка демократија.
Од: Gragjanin na RM
Датум: 12.06.2011 01:30:21
Ve molam pazete na Izborot od Manifest za reformi i razvoj( Izb pr na vmro-dpmne 2011-2015) strana 182: 1) Moderna,reformirana,evropska policija vo sluzba na graganite 2.) POLICIJATA BLISKA DO GRAGANITE KOJA IM SLUZI I GI ZASTITUVA Rok : juli 2011 Moja Zabeleska: Start 06 juni 00,01 h 2011g
Од: Трпе
Датум: 12.06.2011 05:55:35
Власта не е виновна за ништо.Тие се невини како часни сестри.Тие немат неморална одговорност за оставка.Македонија и се е можно.Баравте ,гледајте.
Од: Paris
Датум: 12.06.2011 10:50:14
Ne sum clen, nitu bilo koga vo zivotot sum bil, na nitu edna partija, stranka, sekta.... i nema da stanam do krajot na svojot zivot! E sega, edna bariera pomalku za site onie dezurni lepaci na etiketi, sho se im e jasno samo, edno ne - etika, zakon, ustav !? Kutroto momce - sto i da e pricinata, NIKOJ nema mandat da sudi i presuduva na lice mesto!! Kutrite roditeli i site bliski, koi ce se gusat vo svojot gnev do krajot na zivotot-koga seto ova "javnosta" ce go zaboravi! Javnosta? So vakvi i sl. komentari, ne e podgotvena za nikakva implementacija, tuku izolacija! Neka se ozakoni "zakonot" na Lekaj Dukagjini-za krvnata osveta, site ovie "sudii" dobro ce razmislat pred da "presuduvaat"!
Од: нејакиот
Датум: 12.06.2011 11:03:44
А што ќе се постигне со оставка на министерка- та?Проблемот не е во личноста на овој или оној функционер; проблемот е во системот, во режи- мот кој се темели исклучиво брз силата. Во ре- жим кој успешно добива “подршка“ од граѓаните, па и победа на избори успева да изнуди со при мена на сила, во таков режим смена на минис - терот нема да донесе ама баш ништо ново. На силството ќе продолжи зашто тоа е она на што почива овој режим а ниеден насилнички режим не се реформирал самиот себеси.
Од: "simnete se dole"!
Датум: 12.06.2011 11:40:24
Nasive komentari se kako sto so vekovi sme se odnesuvale,nepremisleno i "za inaet". Vinata na ministerkata i voopsto Vladate e vo toa, sto kaj nas organizacijata na drustvenoto ureduvanje e "nula" . Denesnive koi ispozavrshile nekoi skoli,magistraturi i doktorati vo stranstvo, neznacat nisto ako nemaat ( domsno vospituvanje)zivotno iskustvo koe na epten mladive ministri,im nedostiga.Tocno, ministerkata i drugi trebe da si dadat ostavka, koja ne trebe da se vporeduva so slucajot na Branko C. koj i napravi Drzava na narodot, iako ne sekoj cekor mu se stavaat sopki.Za idninata i SDSM ,BC e sé uste potreben, pa da gi ostavime sami da si resavaat.No, "aleks"da ne mesa "babi i zabi"; marsot na mladite nema nikakva politicka boja i nesmee da sovetuva "partiski lica da bidat isfrleni so kloci.."! Marsot e za site pogodeni od ovoa sto se sluci samo nekolku casa po "uspehot" koj znaeme kako se postigna.Na mladite im cestitam na kurazot i zalno e sto roditelite se plasat da" se simnat dole"
Од: До 3G и др. слични будали
Датум: 12.06.2011 11:49:21
Дали во вашите глави има место само за партии и партиски пресметки? Како можат протестите поради свирепото убиство и поради прикривањето на истото од страна на МВР да бидат циркус на СДСМ? Имате ли вие барем малку мозок случувањата да ги погледнете реално,а не преку партиски наочари? И не само членовите и симпатизерите на СДСМ да излезат на протести, туку и вмровците треба да излезат на улица и да протиестираат. Или ВМРО и нејзините симпатизери го поддржуваат ваквото убиство на детето и прикривањето на истото од полицијата?
Од: Pero od Australija
Датум: 12.06.2011 16:00:04
koga vladeese komunjarot b.c.kolku ubistva ne se rasvetleni i den denes,i kolku amnestii dade na kriminalci.aloooo gospod ce ve kazni.
Од: licno poznat
Датум: 12.06.2011 19:55:52
Abe decki ne se raboti za toa "sto se slucilo golema rabota" se raboti za obid za zataskuvanje na deloto, toa e najstrasno. A, zataskuvanje na delo e kriminal od povisok stepen (organiziran).
Од: micko
Датум: 12.06.2011 22:47:43
Zosto ministerkata da dade ostavka? Neka odgovara vinovnikot. Samo golema stramota e sto opozicijata na ovoj nesreken slucaj saka da dobiva poeni. Sreka sto SDSM ne dobi na izborite inaku zivi luge ke jadea. Toa bese izjavata na Zoran Zaev.

Најди! во Утрински
На прво место
Сите се оградуваат од „тигарот“ Спасов
Убиецот на Мартин молчи и пред судијата
И омбудсманот бара одговорност

"""