Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Хроника

Почнува судењето на дебарчаните што планираа напад врз воена база во САД

Адвокатите на обвинетите тврдат дека клиентите биле изманипулирани од информатори на ФБИ

Петтемина Албанци од Македонија кои минатата година беа уапсени во САД поради планирање напад врз воен комплекс во Џерси, денеска ќе седнат на обвинителната клупа. Обвинителството бара високи казни за терористите, укажувајќи дека целта на нападот била да се убијат многу американски војници, додека адвокатите на обвинетите ќе се обидат да докажат дека нивните клиенти биле изманипулирани од платени информатори на ФБИ.

„Ако заговорот беше спроведен, телата на американските припадници на вооружените сили ќе беа расфрлани низ полињата на воената база во Форт Дикс“, американските весници ги пренесуваат зборовите на Обвинителството.

Обвинителството го гради случајот околу тајно снимените конверзации меѓу двајца сведоци, кои соработуваат со истрагата. Тие конверзации, како што посочуваат сведоците, ги откриваат „плановите за напад на ’Форт Дикс‘ и убиство на американски војници“, и вклучуваат „разговори за наводно оправдување на таквите напади вкоренети во радикалната идеологија на џихадот“. Меѓутоа, адвокатите на одбраната тврдат дека нивните клиенти немале намера да учествуваат во нападот, прикажувајќи ги како личности со кои лесно може да се манипулира и кои биле воведени во заговор од страна на платени информатори од ФБИ, кои креирале заговор од празни зборови и закани.

„Секој заговор што планира смрт и уништување треба да биде сфатен сериозно“, вели Брус Хофман, експерт за тероризам, кој предава на Универзитетот „Џорџтаун“ и кој го следи судскиот процес на таканаречените петмина од „Форт Дикс“. Меѓутоа, Хофман додава дека нема стереотипни „домашни“ терористи и дека секој случај треба да биде разгледуван посебно. „Предизвикувајќи го кредибилитетот на информаторите и поставената стапица се вообичаените стратегии на одбраната што се користат во други судски процеси за тероризам’, рече тој. Тоа се прашањата на кои поротниците ќе треба да ги добијат како одговор за време на судскиот процес, кој се очекува да трае неколку недели.

Во случајот за „Форт Дикс“, првично беа обвинети шестмина осомничени. Аргон Абдулаху (25) се изјасни за виновен за обвиненијата за заговор, признавајќи дека им дал оружје на тројца од обвинетите, кои биле илегални имигранти. Тој беше осуден на 20 месеци затвор. Против петтемина други обвинети се поднесени посериозни обвинителни акти за ковање заговор за убиство на војници. За ова дело ќе одговараат браќата Дритан (29), Шаин (27) и Елвир (24) Дука, Мохамед Шневер (23) и Сердар Татар (24). Браќата Дука и Шневер се од Чери Хил. Татар е поранешен жител на Чери Хил, кој живеел во Филаделфија кога тој и другите беа уапсени. Шневер е американски државјанин роден во Јордан. Татар, роден во Турција, е легален имигрант. Браќата Дука, етнички Албанци од Македонија, живеат во земјата илегално од нивното пристигнување како мали деца од Мексико, кон крајот на осумдесеттите. Апсењето на заговорниците што се случи во мај 2007 година, ја круниса 16-месечната истрага што почна откако вработен во продавницата „Сиркјут сити“ во Маунт Лорел ги контактираше властите во врска со „проблематичниот“ видеозапис од кого било побарано да ја копира на ДВД. Видеозаписот, кој ќе биде емитуван на судскиот процес, ги прикажува обвинетите на стрелиште во Поконос, како повикуваат на џихад или света војна, и извикуваат „Алах акбар“ („Господ е голем“). Во процесот ќе бидат презентирани и десетици записи снимени од двајца информатори на ФБИ, кои се спријателиле со обвинетите. Тие информатори, како што тврдат властите, учествувале во „тренинг сесии“ кои вклучувале воени игри во планински области и фарми околу јужен Џерси, пишуваат весниците во САД. (Г.А.)


Статијата е прочитана 917 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 29.09.2008 00:18:06
Ova e eden vid blagodarnost od Albancite do Amerika za poklonetata Nezavisnost na idniot inkubator za teroristi - Kosovo!!!
Од: filip
Датум: 29.09.2008 06:59:42
ejj nikoj ne e terorist koga se rodil, za toa e kriva dzamijata sto ne se spravi , so tipovite za sveta vojna, tie dobro znaat koj e za toa no tajno go precutuvaat, no na kraj dospog e saamo eden pa on neka presudi
Од: goran
Датум: 29.09.2008 10:38:07
steta a bas dobri luge taman gi dobija site etnicki prava i pocnaa da gi apsat sega treba odma da se sobere albanskiot narod i da demonstrira pred site ambasadi vo kosovo makedonija i albanija za da se oslobodat oviee nevini luge koi se borat za covekovi prava
Од: od makedonka (od usa)
Датум: 30.09.2008 04:54:39
aj ne se sekirajte, gi amnestiraa posle 2001 koga ispotepaa tolku narod niz makedonija ,pa mozat i sega da gi amnestiraat - ne ubile nikogo, samo si planirale lugjeto , ke se izvinat i gotovo.
Од: ehehe
Датум: 30.09.2008 12:30:02
Pa bash deka i ke ima nekoja posledica na nezavisnosta na Kosovo i ne veruvam. No deka imidzot na Makrdonija e povtorno unazaden so "Албанци од Македонија" , shto ushte ednash dokazuva deka site tie se samo Albanci dodeka ne zaglavat po sudovi i robii, a togash? E togash se site Албанци од Македонија.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Вештачењето за џипот на Тоше стигна кај истражниот судија
Опасна група крадци фатени на дело во Гостиварско
Двајца велосипедисти загинаа во Прилеп