Двајца велосипедисти загинаа во Прилеп
Седумдесет и шестгодишниот Марко Т. од Прилеп загина во сообраќајна несреќа што во саботата попладне се случи на магистралниот од Прилеп кон Битола. Старецот возел велосипед кога во него удрил автомобил „дачија“, управуван од битолчанецот С.П. (44).
Велосипедист во Прилеп загина и во петокот попладне кога камион „сканија“ прегази маж на возраст од околу 60 години, чиј идентитет не е познат. Возачот на камионот Б.Ј. (51) воопшто не забележал дека прегазил човек, туку продолжил да вози уште стотина метри кога граѓаните му сугерирале да запре, бидејќи предизвикал несреќа. (Г.А.) |