Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Рударите ја пишуваат најубавата економска приказна

Вчера свечено беше пуштена во пробна работа новата фабрика на „Бучим“ за катоден бакар

Иван Бојаџиски



Штип - Македонските рудари имаат со што да се гордеат. За тоа доволно говорат резултатите што ги постигнаа во изминатите години. Ова беше една од главните поенти на вчерашната централна свеченост по повод Денот на рударите, што се одржа во рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш.

„Над 8.000 македонски рудари во сто наши рудници ја испишуваат најубавата приказна во економијата на Македонија. Резултатите што ги остварија помеѓу двата рударски празника се импозантни и имаат значајно влијание во подобрува��е на нашата економска слика. Тие остваруваат една третина од вкупното индустриско производство, со што придонесоа да имаме зголемен раст на индустриското производството од девет проценти во последните месеци во државава, а во исто време растот на производството во нашето рударство е за импозантни десет проценти“, нагласи вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски.

Вицепремиерот, заедно со министерот за економија, Ваљон Сараќини, и првите луѓе на радовишкиот рудник, Валери Барутскиј и Николајчо Николов, вчера свечено ја пуштија во пробна работа новата фабрика за катоден бакар.

„’Бучим‘ е водечки колектив во својата дејност, тоа е компанија во која на најидеален начин функционира еден одличен инвеститор, извонреден менаџерски тим и силно посветени и способни работници. ’Бучим‘ е рудник кој посветено ги остварува своите развојни планови и проекти и во тој однос овој рудник е пример за другите стопански субјекти во државата“, потенцира Ставревски.

Со новата фабрика овој рудник го зголемува своето производство за 2.000 тони бакар, односно вкупното негово производство се заокружува на 10.000 тони на годишно ниво. „Тука нема да застанеме, зашто во развојните проекции имаме планови за зголемување на производството на катоден бакар на 3.000 тони, во што ќе инвестираме онолку пари колку што ќе биде потребно“, рече Барутскиј.

За заменик-генералниот директор, Николајчо Николов, новиот капацитет има економски и нови еколошки позитивни димензии. „Со технологијата што ја имаме, еколошки ќе се зачува сливното подрачје на реката Брегалница. Повеќе во Тополничка и во Лакавичка Река нема да гледаме зелена боја на водата, а со тоа еколошки ќе се санира и целото Лакавичко Поле“, Потенцира Николов.

Министерот за економија, Ваљон Сараќини, истакна дека нашите рудници се наша гордост. „РЕК ’Битола‘ е главен снабдувач со јаглен за производство на електрична енергија. Рудниците за олово и цинк ’Саса‘, ’Злетово‘ и ’Тораница‘ се значајни производители на олово и цинк, а рудникот ’Бучим‘ со секоја измината година остварува се' поголеми производствени резултати. И ’Кнауф Радика‘ преставува столб на гипсените производи во Европа, што ни дава за право да бидеме горди на позитивните остварувања што ги даваат во нашата економија“, рече Сарачини.

Министерот за економија им врачи благодарници на десетина најдобри рудари од македонските рудници, како најдобри работници во своите средини.


#
Статијата е прочитана 934 пати.

Испрати коментар

Од: Tina
Датум: 29.08.2011 07:18:38
I dojde den da cujam nesto pozitivno. Bravo. Sega da vidime kako toa ke chekori vo po dobra idnina. Na zdravje!
Од: jean luc picard
Датум: 29.08.2011 09:54:53
добра вест у секој случај. само стварно да нема загадување и од мене чиста 5ка :)
Од: zozo
Датум: 29.08.2011 13:01:22
se e dobro jas su rudar a dali nekoj se prasal zosto rudarite zimat najniska plata i nemat benificija a rukovotstvoto vo svoite govori i pretstavnici na vladata moze da kazat se i se i sesto. S R E T N O
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 29.08.2011 14:32:48
Во времето ОНОА,за време на проклетите комуњари, рударите од Пробистип и Злетово со количќки носеа ПИВО,СВИНСКИ ПОЛУТКИ и др. производи за прослава на својот празник. А сега, колку што гледав вчера, од газдите добија само по едно МУ-А од ЛАБУДА!

Најди! во Утрински
Втора страница
Лустратори на бандаж
„Викиликс“
Вербатим
Во РЕК „Битола“ одбележан Денот на рударите

"""