Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Ек��номија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Поглед

Лустратори на бандаж

Жаклина Хаџи-Зафирова

Комисијата за лустрација веќе подолго време функционира онака како што се и релациите меѓу власта и опозицијата - на бандаж. Нема ама буквално едно прашање околу кое во последно време, по изборите, можат да се согласат власта и опозицијата, па така се случи тоа и со изборот на првиот човек на Комисијата. Иако претходно беше договорено тој да биде член предложен од СДСМ, не се случи тоа.

Изненадување беше предлогот Агим Мехмети да биде избран за претседател на Комисијата, со образложение дека претходното решение престанува да важи за новиот парламентарен состав, иако неговото име се спомна по претходната бур�� расправии околу членовите во Комитетот за односи меѓу заедниците. Но, и за тоа пратениците од власта и опозицијата не можеа да се договорат.

И додека едните и другите си мерат зборови и кандидати, досегашниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, и понатаму останува на функцијата. Тој убедливо држи рекорд со едногодишното претседателствување со Комисијата, во која кандидатите на опозицијата не го криеја незадоволството од одлуките за тоа кој и како се прогласува за кодош. Па, се случуваше да ги напуштаат седниците, посочувајќи дека Аџиев не случајно ги отфрла сите нивни предлози. Тој постојано е критикуван за селективност со лустрираните, бидејќи меѓу нив немало ниту еден претставник од власта.

За тоа како оди лустрацијата има критики и од експертите кои порачаа дека со процесот треба да се дојде до помирување и извинување. Но, таа лекција ќе почека друг училиштен час.


#
Статијата е прочитана 1745 пати.

Испрати коментар

Од: Коста Стоименовски
Датум: 29.08.2011 01:13:33
Меѓу другите и британскиот весник Економист мошне прецизно констарира дека Н. Груевски го подели народот на негови приврзаници и противници. наместо да се однесува како премиер на сите граѓани, тој се однесува како поглавар на племенска заедница! Во максимално партизираната Македонија членовите на неговата партија се максимално заштитени и привилегирани, додека репресивните закони се применуваат само на неговите политички неистомисленици и критичари! Ваквото владеење обично се трансформира во диктатура. А, искуството покажува дека сите диктатори по правило завршуваат неславно!
Од: srebroljupci
Датум: 29.08.2011 01:16:44
Najbitnoto prasanje za milion dolari e ZOSTO SDSM NE JA NAPUSTA KOMISIJATA ZA LUSTRACIJA? Ako lustriraat samo opozicioni licnosti, ako dosega nitu eden funkcioner koj e na javna funkcija ne e lustriran, ako ne mu stava nitu eden predlog na dneven red na opozicijata sto majka sdsm bara tamu, Na krajot na kraistata so trojca clenovi opozicijata ne moze nisto da stori i da im stavat nesto na dneven red, Mislam deka se vo prasanje visokite plati i ne moze tuku taka da gi nateraat Janakie Vitanoski i Blagoja Gesoski da se otkazat od funkciite. SDSM ke ostane zapameten kako del od ovaa cirkuzijada i po se izgleda vo ovie 4 godini po potreba ke se vadat spioni samo od opozicijata, a znaete koga ke stane pretsedatel na komisijata od opozicijata-na kukovo leto. Eh Branko Branko Grujo te raboti vo politikava kako dete malo. Kaj ti se sega Verusevski, Laze Velkoski, Bojcevski tie velikani i umovi na pozadinskite igri, Se bilo lazni velicini i prazni glavi koi vo daden moment dobro ti se lizele.
Од: graganini
Датум: 29.08.2011 10:31:49
Kako komisija NEPISMENI Siledzii. Zosto SDSM ucestvuva vo ovoj teatar cirkus. Seta dosegasna rabota na ovie seljacista zaedno so sdsm da se proglasi za nistozna. Dosta so Diktaturata na Adziev . So Adziev se e kazano kakva brutalnost e ova od vlasta ne BRUKA bozja za makedonija e celata ovaa rabota
Од: Od vnatresnosta
Датум: 29.08.2011 15:49:18
Komentatorite zboruvaat za predsedatel, koj ke bil?... a sto e vazno koj ke bide, za da bide ovoj ili onoj od ovaa strana ili onaa, se koci celata rabota, abe ostavete neka se izbere da se vodi rabotata. Ese sdsm se plas,i ako ne bide bas nivni pulen, ne smee da bide od druga provinencija, oti tie-vmro neznaat-samo sdsm znae. Ama tie se plasat oti skoro site nivni funkcioneri se golemi se UDBASI. Pa sega neli javno si ja kritikuvaat sopsteneta zemja nadvor eve se gleda od mnogu istranski izvori, eve go i Riker go podrzuval luzerot i sin na vojno lice bc, zatoa toj se zaleta za novi izbori , ama narodot veke ne go SAKA, pa ni Rikker nemoze da mu pomogne da dojde na vlast-slast. VMRO e na vlast neka ne zaboravat nemoze za nekoi "klucni' raboti kako sto mislat tie tie da diktiraat KOJ STO KE BIDE. POSTOJANO KOCAT oti tie ne se na vklast se e krivo vo Makedonija.
Од: deko
Датум: 29.08.2011 19:52:29
A be sdsmovci normalno ke se lustriraa samo od opozicijata zatoa sto sdsm proizleze od SKM.NE ZNAM STO NE VI E JASNO.SDSM E sozdadena od bivsi udbasi,kodosi i antimakedonisti i sega cudetese sto samo vo nivnite redovi ima kodosi.Zatoa da ne vi e cudno sto narodot gi otfrli, samo kriminalnite grupi.grcite i dr neprijateli na MK gi preferiraat od nivna korist.
Од: zrak
Датум: 29.08.2011 20:46:05
''zosto sdsm ucestvuva vo cirkuzo'' pa sdsm ucestvuva vo site cirkuzi[tat,privatizacija,pravenje tajkuni...] ama nema kade nema ucestvuvano...
Од: Иван Спировски
Датум: 30.08.2011 02:12:59
Аџиев МОРА ДА СЕ ЛУСТРИРА!!! ТОА ИМ ГО ДОЛЖИ НА НЕГОВИТЕ ЖРТВИ.
Од: Drug gragjanin
Датум: 30.08.2011 08:48:50
Do Deko i isti kako nego A Pande Lazarevski( vo momentov toj mi dojde na um , agi ima uste iljadnici ) sto bese SKM ??? Aloo seti se ako ne znaes neka ti kazat. Og mene samo da znais bese na 14 kongres(posleden pa se raspadna) vo Belgrad kako nas clen od Makedonija SKM SKM !!! JASNO LI VI E ,

Најди! во Утрински
Втора страница
„Викиликс“
Вербатим
Рударите ја пишуваат најубавата економска приказна
Во РЕК „Битола“ одбележан Денот на рударите

"""