Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

„Викиликс“: Референцата БЈРМ не била пречка за НАТО и за ЕУ

Во 2005 година на Грција не и' била проблематична интеграцијата на земјава со привременото име

Референцата БЈРМ не била пречка за НАТО и за ЕУ во 2005 година, стои во доверливиот документ на американската амбасада во Атина, кој го објави „Викиликс“. Документот открива дека пред шест години на Грција не и' била проблематична интеграцијата на земјава со референцата ФИРОМ. Иако еден месец пред одлуката на Европската комисија со која земјава го доби кандидатскиот статус за ЕУ официјална Атина целосно го отфрлила предлогот на медијаторот Нимиц, официјални претставници изјавиле дека грчката влада нема забелешки ако продолжи употребата на референцата ФИРОМ за да не се блокира патот на Македонија во евроатлантските интеграции. „Викиликс“ објави и дека поранешната американска амбасадорка во земјава, Џилијан Миловановиќ, верувала дека земјава ќе добие покана за НАТО.

Во депешите објавени на „Викиликс“, стои дека во октомври 2005 година тогашниот шеф на грчката дипломатија, Петрос Моливијатис, го отфрлил предлог-решението на Нимиц, чија основа била двојна формула, обвинувајќи го дека бил пристрасен кон Македонија. Во истиот документ стои и дека ако нема решение до 9 ноември, датум кога е објавен извештајот на Брисел за Македонија во 2005 година, тогаш клучно за Американците било Грција да нема приговори пристапниот процес и натаму да продолжи под привремената референца.

„Викиликс“ објави и што и' пишувала поранешната американска амбасадорка во земјава, Џилијан Миловановиќ, на Розмари ди Карло, помошничка на заменик-државниот секретар во Стејт департментот во 2006 година. „Нема изгледи дека Македонија следната година ќе ја добие поканата да ги почне преговорите за пристапување, иако лани во ноември доби кандидатски статус за ЕУ“, објави „Викиликс“ делови од депешата од 18 октомври 2006 година, кои Миловановиќ и' ги испратила на Ди Карло пред нејзината посета на Скопје. Во дописот таа наведува: „Владата ќе го добие извештајот за своето приближување кон ЕУ во ноември и веројатно тој извештај ќе забележи на сегашниот застој со ДУИ, слабите резултати во борбата со корупцијата и бавниот напредок во спроведувањето на судските реформи, како главни причини зошто преговорите нема да почнат следната година. Но, Македонија би можела да биде цврст кандидат за покана од НАТО на следниот самит за проширување. Владата се надева за позитивни критики на самитот во Рига, како признание за своите постигања и сигнал дека проширувањето на НАТО ќе биде тема на некој самит во 2008 година“.

Во врска со проблемот со името, Миловановиќ вели дека новата влада, која положила заклетва само два месеца претходно, ја повторила двојната формула како основа за понатамошни разговори со Грција за спорот за името и изразила подготвеност на таа основа да ги продолжи преговорите под покровителство на ОН, водени од Нимиц.

„На Владата да и' порачате дека мора да оствари широки консултации и да создаде консензус со ДУИ и со опозициските партии за клучните закони и за спроведувањето на реформите. Треба во практика да ја докаже посветеноста на спроведувањето на Рамковниот договор, во блиски консултации со опозицијата и со ДУИ“, посочува Миловановиќ во депешата објавена од „Викиликс“. (Ж.Х.З.)


#
Статијата е прочитана 2207 пати.

Испрати коментар

Од: xxL from PP
Датум: 29.08.2011 00:16:36
ХАРАЛАМПИЕ ШОКАРОВСКИ, ВАСИЛ ПИШЕВ, ДРАГАН ЦУКЛЕВ, МИХАИЛО ЏОЛОНГА, СЛАВЕ ГОШЕВ, СУЗАНА АНОВА . . . Ова се ШЕСТМИНАТА пратеници од ВМРО ДПМНЕ потписници на писмото до ЕУ со кое бараат заштита за себе и своите семејства, поради страв од лидерот Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков кои пред изборите на 5. јуни ги приморале сите кандидати за пратеници да потпишат бланко оставки, меници и изјави за лојалност кон Партијата. На денот на потпишувањето на писмото, пред самиот чин на испракање до ЕУ, се предомислиле Антонио Милошоски, Илија Китановски и Стефче Трпковски. Последниот најавил сигурно доагање и потпис ама на крај воопшто не се појавил. Чинот на потпишувањето се случил пред месец дена во резиденцијата на еден советник на амбасадорот на ЕУ Соренсен, лоцирана во скопската елитна населба Бардовци. Во писмото пратениците детално го објасниле целиот процес на присилување на сите кандидати пред изборите да ги потпишат понудените бланко оставки, мениците и изјавата за лојал
Од: made in usa
Датум: 29.08.2011 01:27:40
Amerikancive se smeski. Vidoja deka Grujo veke 6 godini si gi vozi za imeto i sega pustaat li pustaat depesi na vikiliks, ama kasno svatija hehehe. Ajde be ako ne biva so nego, neka si ostane toj na vlast, a promenata na imeto neka vi ja istrca SDSM, sekako tie aber nemaat sto da pravat, Ke odat po sela i gradovi, ke drzat tribini, mitinzi, marsovi za promena na imeto itn, Bitno nesto da se pravi a i mora da se bide konstruktiven so strancive, A Grujo neka im deli resenija na site ucitelki so 2 god. staz, neka pika vmrovci vo administracija, oti sdsm ne e takov tie se drzavna partija, so ke reci MMF EU itn. Pa ko ke svati nekogas narodot ke glasa za SDSM, za Cvetanja, Stanka, Mile Andonov, Marjanco, Marinela, Mincev, Shema, Jani abe ako treba i za 4 nivni mandat, oti drzavata ke ni zgasne, sloba na govor i dr. drndupki, EEEJ opozicijo do kaj dojde pa preku vas ni USA veke nisto ne igra, gledaat kolku vi e silata, pa si teraat preku vikiliks. Neli Amerikancite ke ni napravea vlada.hah
Од: nikolce nz
Датум: 29.08.2011 04:12:19
Da ali togas nie ne go besevme nivniot Alexandros nasekade . Samo uste fali da go postavuvame i vo toaletite kade i sto pripagja .
Од: Ace na konj
Датум: 29.08.2011 08:18:51
Zaklucok: antikvizacijata uspea, blagodarenie na nea ostanuvame nadvor od EU i NATO, prerodbata prodolzuva.
Од: До nikolce nz
Датум: 29.08.2011 08:26:34
Ех николче николче, Александар не е „нивниот“. Немаш ��оим од историјата на Македонија. Срамота е, ако си Македонец, прочитај барем една книшка. Немој слепо да им веруваш на предавниците на чело со Бранко, за кои историјата почнува и завршува со комунистите на Тито.
Од: mene
Датум: 29.08.2011 12:51:09
Do toj nad mene komentarot sto go ima ostaveno: Kako moze da bides ogranicen kako terasa edna be covek, Tito e edinstven sto ni dopusti da zboruvame i da pisuvame na makedonski i da se vikame Makedonija - zarem ne mozete bar toa da go priznaete gomilo nepismeni VMROvski idioti??? Zarem ne gledate do tolku??? Pa pesok vo glavite da imavte ke razberevte deka ovie sto se na vlas igraat dupla igra i deka gi "boli" za imeto nase...
Од: bezanec
Датум: 29.08.2011 16:01:20
До made in usa! Каква злобна душа имаш господине. Само знај а и знаеш,но за инает и една врејка сол ќе изедеш, вмро оваа држава не ја стори.Историјата никогаш не се менува бидејки се пишува со самите настани. Само вашите Михајлов, Александров,Протугеров и др. се биле убијци на напредната македонска интелегенција,која самостојно размисли и се приклучи кон антифашистичката коалиција за победа на фашизмот,за ти сега слободно да зборуваш,пишува и да изјавуваш дека си македонец. Ве боли ама вистина е.
Од: До „До Николче нз“
Датум: 29.08.2011 17:12:25
„Немој слепо да им веруваш на предавниците на чело со Бранко, за кои историјата почнува и завршува со комунистите “!Верувај им на предавниците како Грујо,за кого ние сме Грци,наследници на хомосексуалецот Александар .Тие АВТЕНТИЧНО ќе ни ја ПРОТОЛКУВААТ историјата,како што го направија тоа со хашките случаи!
Од: marko
Датум: 30.08.2011 12:24:08
Името не го мениме за ништо на светот.��а дури и референдум да има јас сум убеден дека ке падне на референдумот,затоа што против смена на името ќе гласаат и многу членови на сдсм.Да живее Македонија !!!
Од: sandra
Датум: 30.08.2011 13:13:37
Abe vie zabegavte...državata propaga a vie Aleksandar toa Aleksandar ona. Sramota nie živeeme vo istorija a istorijata e veke završena taka da...

Најди! во Утрински
Втора страница
Лустратори на бандаж
Вербатим
Рударите ја пишуваат најубавата економска приказна
Во РЕК „Битола“ одбележан Денот на рударите

"""