Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Британските пожарникари задоволни од престојот во Македонија

Обучувачите од Шкотска велат дека македонските колеги сакаат да учат

Британските пожарникари-волонтери, кои (како и лани) беа во неколкунеделна посета во Македонија, каде што вршеа обука на своите колеги, се вратија дома. Шкотите Мајк Кеси, Бил Кенеди, Ален Дејви и Стјуарт Нобл импресиите од престојот ги споделија со тамошните медиуми.

„Обучувавме 150 пожарникари од Штип и од околината на возраст од 20 до 55 години. Претходната обука што тие ја имаа беше многу слаба и немаа никаква техника при давањето прва помош на повредени во сообраќајна незгода. Само ја извлекуваат жртвата од возилото“, раскажуваат Шкотите. Тие раскажуваат дека голем број нивни колеги во Македонија не знаеле да ги користат апаратите за дишење.

Британците се задоволни од престојот во Македонија. Велат дека се увериле во гостопримството на Македонците, а најмногу ги радува тоа што обуката што ја вршеле во земјава била успешна.

„Колегите од Македонија навистина сакаат да учат. Повеќе беа концентрирани од овдешните момчиња. Се надевам дека и наредната година ќе заминеме во Македонија“, велат пожарникарите од Абердин.

Британските пожарникари во мај годинава пристигнаа во земјава и на своите колеги од Македонија им подарија шест противпожарни возила и противпожарна опрема. Останаа неколку седмици за да ги обучат македонските колеги како да ракуваат со новата опрема, како да се постапува во случај на сообраќајни незгоди и како да им даваат прва помош на повредените. Пожарникарите од Шкотска и од Англија се дел од операцијата „Флоријан“, непрофитна организација составена од пожарникари-волонтери. Дел од нив и лани беа во земјава, донирајќи возила и опрема вредни десетици илјади фунти. Голема заслуга во целиот проект ��маше Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, во кое членуваат директори, банкари и занаетчии. (Г.А.)


Статијата е прочитана 407 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Кулминира кризата кај сточарите
Базените на охридските хотели „Метропол“ и „Белви“ затворени за капење
Тропска жега во Македонија