|
|
|
|
|
|
Застрелано легло бувови на детско игралиште
Здружение за заштита на животни Анима Мунди
Ние, Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ и Здружението за заштита на бувовите, Ви се обраќаме поради случај на сквернавење легло бувови и застрелување на три примерока од овие птици.
И покрај сите заложби на Здруженијата за заштита на животни, за санкционирање на лицата што фрапантно го прекршуваат Законот за заштита и благосостојба на животните, притоа правејќи и сериозен кривичен прекршок - предизвикување општа опасност и дивеењето на скопските улици кон животните нема крај.
На 25 јуни (саботата) во попладневните часови на локација на детско игралиште на бул. АСНОМ во населбата Ново Лисиче се пронајдени застрелани два мртви бува од видот долгоушест шумски буф (асио отус) и еден се' уште жив, застрелан во крилото.
Повикавме стручни лица од скопското Здружение за заштита на бувовите за да евидентираат за кој вид бувови прецизно станува збор, како и да му укажат помош на повредениот.
Тие веднаш излегоа на терен, увидувајќи, за жал, дека е застрелано гнездо млади годинешни птиц��, птици што се позагрозен вид и кои се заштитени и со Законот за ловство, увидувајќи дека е причинета огромна штета на фондот од ваквиот вид диви птици.
Според Здружението за заштита на бувовите, овие птици стануваат се' позагрозени во своето натамошно егзистирање на овие простори, и ваквото однесување на одделни граѓани не смее да се толерира.
Со фактот дека се застрелани во урбана средина, на фреквентно детско игралиште, очекуваме уште посериозно да се пристапи во истрагата и конечно да се дознае лицето што изигрува локален шериф и стрела со воздушни пушки.
Во Ново Лисиче и претходно имаме пријавувано застрелувања животни, кучиња и мачки, а сторителот никогаш не е дознат.
Постојат сведоштва од деца што тврдат дека ваквото пукање е редовна практика во близина на игралиштето - само што претходно цел биле кантите за ѓубре, а сега е живо суштество, жив плен.
Случајот е пријавен во полиција и ќе бидат доставени сите можни докази за да биде санкциониран сторителот на ово бизарно дело.
Ова што се случува е само една причина плус повторно да бараме формирање полиција за животни.
|
#
|
Статијата е прочитана 1199 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: roki |
Датум: 28.06.2011 05:54:34 |
|
Здраво, Да прашам, а има ли друштво за заштита на лугето од зивотните, па и од бувовите? Кај нас на Бул АВНОЈ 84 исто така имаме проблеми со гнездо-фамилија бувови. Штом се пристемни после 20 часот летаат, ги плашат децата, квицат до доцна по полнок и само чекам и од нашиве згради на некој да му прекипи како на оние од АСНОМ. |
|
|
|
|
|
|
Од: dustaban |
Датум: 28.06.2011 09:51:59 |
|
Do Roki: Ima be, Roki, i za zashtita na lugjeto, eve na primer mozhesh da se javish vo policija, tamu vo Novo Lisiche imate "revolverash" shto puka vo kuchinja, ke vi gi sredi i buvovite. A jas da te prasham, ima li instanca za zashtita na lugjeto od lugje shto mrazat zhivotni, i se` zhivo i divo?
P.S. Ako se` ushte ima ptici i dr. zhivotni, znachi ne sme otrueni, i decata tvoi ne se trujat...
Pochnuva so pukanje vo zhivotni, a zavrshuva so ubistvo na lugje. |
|
|
|
|
|
|
Од: Zoran |
Датум: 28.06.2011 10:06:36 |
|
Na ovoj Roki sto mu cvicat buvovite i sto mu gi plasat decata bi mu preporacal da poseti psihijatar sose decata pa ako se najde lek da se leci coekot ako ne da prestane da cvici i da pisuva sekkvi gluposti |
|
|
|
|
|
|
Од: македонец |
Датум: 28.06.2011 10:22:30 |
|
До РОКИ... се гледа дека си неук човек, што самиот си ги плаши децата од буфовите па и од другите животни... Инаку овие птици момак ти ја чистат зградата од глувци, гуштери и разни бубачки... а тоа дека цивкале навечер не е ништо страшно, баш си е убаво... за тебе подобро да те ставиме на прометен булевар... па тогаш да те видам да зборуваш за бучава... поздрав... од твој комшија... :)))) |
|
|
|
|
|
|
Од: Горан - М. Каменица |
Датум: 28.06.2011 10:28:52 |
|
Глупости...Друштво за заштита на бувови???Свашта. Срам за човештвото............ Колкав ви е буџетот и од каде го полните? |
|
|
|
|
|
|
Од: Sandra |
Датум: 28.06.2011 10:42:23 |
|
Buvovite mozat da ziveat do nas, a nie ne mozeme da ziveeme do buvovite. Svasta. Koj tolku prost se plasi od buvovi, Moeto dete ne se plasi od zivotni. Taka go vospituvam. |
|
|
|
|
|
|
Од: zoki |
Датум: 28.06.2011 10:58:12 |
|
krvnicki ubieni gulabi-storitelot zastiten so zakon. |
|
|
|
|
|
|
Од: Marija |
Датум: 28.06.2011 11:22:05 |
|
За Роки: Се` да потепаме за да можете вие мирно да спиете!? |
|
|
|
|
|
|
Од: megi |
Датум: 28.06.2011 12:18:29 |
|
Kade ima buvovi, tamu ima gluvci! I zborot e vas! Sramota, nasilstvo vrz nasilsvo vo nasata cudesna zemja Makedonija! |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 28.06.2011 13:28:09 |
|
Zosto se kazavte za Roki jas samo mozam da dodadam se sramam sto seuste ima vakvi ludje |
|
|
|
|
|
|
|
|