|
|
|
|
|
|
СМК апелира САД да останат конзистентни на името Македонија!
Тодор Петров
Светскиот македонски конгрес (СМК) ја отфрла изјавата на заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Томас Кантримен, дека е потребна брза промена на државното име Македонија поради нејзина евроатлантска интеграција.
СМК очекува Соединетите Американски Држави (САД) како стратегиски партнер на Македонија да останат конзистентни на признавањето и воспоставувањето на дипломатските односи под државното име Македонија од 3 ноември 2004 година.
СМК за крајно опасни ги смета сите обиди за дестабилизација на Македонија или рекомпонирање на власта поради промена на нејзиното државно име, поради сериозно загрозување на безбедноста на регионот.
Барањето за промена на државното име Македонија и на името на македонскиот народ и неговиот македонски јазик претставува злосторство против човештвото, геноцид врз македонскиот народ и флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации, Универзалната декларација за човековите права, Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, Конвенцијата за правата на децата, Финалниот хелсиншки документ, документот од Копенхагенската средба на Конференцијата за човековата димензија на ОБСЕ, Париската повелба за Нова Европа и меѓународното право!
Прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година кога Македонците и граѓаните во апсолутно мнозинство гласаа „за самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна за сите!
Првиот парламентарен состав како израз на добра волја за затворање на прашањето за државното име Македонија во односите со Грција, на државното име Македонија му ја придодаде уставната референца „Република“ како јасна разлика од истоимената северна грчка и југозападна бугарска провинција Македонија.
И покрај историските хипотеки, Македонците макар и еднострано декларираат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации. |
#
|
Статијата е прочитана 669 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Резултат на СМК? |
Датум: 28.06.2011 01:54:22 |
|
„Патот до пеколот е поплочен со добри намери.“ Така и некои кога се обидуваат да и помогнат на Македонија колку успеваат во тоа... |
|
|
|
|
|
|
Од: Dilmer Todor na Katrimen |
Датум: 28.06.2011 09:57:43 |
|
Videte kakva sila mu navali na SAD i Katrimen ne znae vo koja " dupka da se pikne". Toa Todorce so svojot Svetski Makedonski Kongres mu postavi barenje i do onaka jasno i cvrsto. . Da se znae od koja ustanova ide. Abe Todore Dilber Todore, dosta manipuliras so dijasporata i gi maftosuvas ludjeto. Ti i taa tvoja samonarecena oirganizacija i pravite povece steta od korist na Makedonija. Aman barem Vie ne ne branete. Nie makedoncite podobro ce si go odbranime bez vasa pomos. |
|
|
|
|
|
|
Од: СМК |
Датум: 28.06.2011 15:12:21 |
|
Тодор Петров беше она чиновничето од Гази Баба.колега на Томиќ?Некако ми е познато името! |
|
|
|
|
|
|
|
|