Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Македонија никако да го положи тестот на зрелоста

ДИК не поставува однапред дефинирани правила на игра, укажуваат експертите

Горан Адамовски


„Македонија не покажува одлучност, сила и енергија да се справи со организираната група која предизвикува изборни инциденти и нерегуларности поради кои мнозинството граѓани стануваат нивни заложник, а земјава го губи имиџот“. Ова е дел од заклучоците на проф. д-р Тања Карамишева во извештајот за напредок на проектот за следење на институционалниот одговор против изборните нерегуларности што заедно со Александар Чичаковски го изготвија за невладината коалиција „Сите за правично судење“. Според Каракамишева, Македонија никако да го положи тестот на зрелоста, имајќи предвид дека на минатите вонредни парламентарни избори се случија серија повреди на гласачките мести.

„Секаде во Европа изборите се празник на демократијата, а не празник на стравот. Во Македонија е потребно поголема храброст и решителност. Место да се справиме со оваа група луѓе, кои постојано ги предизвикуваат истите проблеми, ги ставаме работите под тепих во име на релаксирани меѓуетнички односи“, смета Каракамишева.

Голем дел од забелешките за вонредните избори се однесуваат на работата на Државната изборна комисија (ДИК). Според експертите, ДИК, главно, добро ја завршил задачата, но, сепак, не се поставил „решително и храбро“ кон учесниците во изборниот процес.

„Немаше однапред дефинирани правила на игра. На пример, не постоеше сет упатства што е предвремена изборна кампања и кога се прекршува, па затоа подоцна ДИК беше на удар на критика. Од друга страна, дури и кога имаше очигледни изборни манипулации, како примерот со двојниците на предводниците на кандидатските листи на СДСМ, реакцијата од ДИК беше многу пасивна“, укажува Каракамишева.

Александар Чичаковски смета дека на годинешниве избори, бројот на пријавените лица за нарушување на изборниот процес бил многу поголем во споредба со минатите избори. „Тоа укажува дека е направен напор да се откријат сите прекршители, но, од друга страна, само мал број од нив се процесуирани, а уште помалку се осудени. Најголем дел од случаите се во фаза на истрага. Најчесто се добива одговор дека не можат да се пронајдат докази. Кај луѓето се чувствува страв, има притисоци од партиски активисти, а постои и недоверба во државните институции“, вели Чичаковски.

Поради бавноста и неефективноста на судовите, Каракамишева предлага ДИК да добие овластување да биде прекршочен орган, но реализацијата на оваа идеја зависи од волјата на политичките партии. „Владеење на правото значи владеење на правните норми, а не на партии и на партиски бандити“, заклучува Каракамишева.


Статијата е прочитана 376 пати.

Испрати коментар

Од: vistina
Датум: 20.12.2008 02:01:59
chitam i nemozam da se iznachudam ,pa zarem ima uste lugje koi mislat deka dobivme negativna ocenka od evropa zaradi toa shto nemame dobar zakon za izbori....ili nekoj neznae da gi organizira dobro.......se lazat ako mislat taka ....nie sme tolku dorasnale samo takvi izbori ke pravime za nas treba ne policija na izbornite mesta.......vojska lugje vojska treba ......so koj zakon ke go sprecis da ne gi polni kutiite ?ajde kazete ideja pa nekoj moze ke ja prifati........ne postoi kaznena merka za toa ...a gledate kolku se azurni nasive sudovi i da se kazni nekoj ,dodeka da se sprovede ke zastari deloto.....vo glavite e problemot ne e vo zakonot i vo organiziranjeto......shto? zarem organizatorite ne organizirale da ima komisii od site partii ,kutii po evropski standard,paravani,livchinja ......pa shto uste treba da organiziraat prevoz od doma?........vo glavite e vo glavite na lugjeto....samo se zalazuvame i se pravdame deka nekoj drug e kriv.....
Од: don kihot
Датум: 20.12.2008 09:56:05
Tuka se raboti za mentalitet, za opsta kultura, i relaksirana celokupna politicka atmosvera vo edno opstestvo.Toa za zal kaj nas go nema i nema ni da go ima, so ovaa notorna dnevna politika na rekla kazala so niski udari i cinizam bez pardon, se" true "naselenieto skojdnevno i od strana na mediumite, koi isto taka doprinesuvaat za vakvata sostojba, potoa politicki ambicii na odredeni niskokfalifikuvani politicki grupi koi go manipuliraat glasacot, koristejki ja negovata niska socijalna i materijalna egzistencija, naveduvajki go na dela sto se sprotivni na edno demokratsko opstestvo.Se dodeka Makedonija ne zajakne ekonomski i prosecniot graganin ne e vo vakva ekonomska sostojba vo kava sto e, ke sluzi kako marioneta na gorenavedenite, ama za toa da se sluci ke treba vreme, a do togas ke ima vakvi incidenti, sto ke ne odalecuvaat od demokratijata a so samoto toa i od EU.....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
„Хроничен“ рецепт и за фондовски лекови