Број 2939  среда, 18 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

5 ПРАШАЊА

Нема да си играм со името на мојата татковина

Ѓорге Иванов, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Соња Крамарска

Кои се првите три потези што ќе ги направите доколку бидете избран за претседател на Македонија?

Новиот претседател на Македонија има најмалку три приоритети. Активно и суштински да ги поттикне односите со нашите стратегиски партнери во меѓународни рамки. Да го поттикне конструктивниот политички дијалог во државата. И чесно да им пристапи и искрено да ги претстави различностите и потребите на граѓаните, а особено на помалку застапените етнички, културни и социјални заедници во државата. Во таа насока ќе одат и моите првични напори по стапувањето на функцијата.



Какви чекори ќе преземете за подобрување на дипломатијата на Македонија?

Македонската дипломатија има историска можност, но и обврска, да ја интегрира Македонија во европското семејство на држави и да помогне во градењето нова иднина за сите македонски граѓани. Исправени пред овој предизвик, мора сериозно да се заземеме и да вложиме во потенцијалите и капацитетите на нашата дипломатија. Затоа како иден претседател ќе соработувам со министерот за надворешни работи во насока на забрзана и засилена дипломатска едукација на нашиот кадар, како и најоптимално искористување на ресурсите кои веќе се изградени. Сметам дека и самиот претседател треба да биде многу поактивен во меѓународните односи, за разлика од она што е практика моментално. Доколку бидам избран за претседател, ќе иницирам обемна и стратегиска активност и од аспект на класичната дипломатија и преку најразлични иницијативи од јавната и културната дипломатија.



Што планирате да направите на планот на спорот околу името меѓу нашата земја и Грција?

Планирам да преземам проактивни, енергични и конструктивни мерки и стратегии за разрешување на овој небулозен спор. Ќе ги зајакнам државните тимови кои подготвуваат и следат стратегии и политики на нашата држава за ова исклучително важно прашање. Планирам со своето водство, знаење и искуство да придонесам кон побрзи и поквалитетни излезни сценарија. И ќе придонесам во координација и промоција на ваквите решенија и ставови кај нашите стратегиски партнери, со кои Македонија долгорочно соработува. Не планирам и нема да си дозволам, за разлика од некои деструктивци на македонската политичка сцена, да лицитирам со македонските национални интереси. Не планирам да играм со името на мојата татковина. И не планирам, за разлика од некои, да се подигрувам со трпението и сериозноста на нашите партнери и чувствата на нашиот народ. Ова, секако, значи дека ќе се заложам за секое прифатливо, рационално, но пред се', фер решение што би ги задоволило двете страни, но не по цена на навлегување во нашиот национален идентитет. Се разбира, најдобро е да се каже ова во директни средби со високи политичари од Грција, затоа што сметам дека само така ќе можеме да повлечеме вистински потег кон решавање на спорот, секако, со должна почит и слух кон предлозите што би дошле од преговарачот Нимиц.



Какви се Вашите конкретни предвидувања за роковите за зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО? Кои три пораки од Македонија ќе ги пренесете при Вашата прва претседателска посета на Брисел?

Македонија е подготвена да влезе во НАТО, а со ова темпо на реформи за неколку години ќе биде подготвена да влезе и во ЕУ. Оптимист сум и интеграцијата ја предвидувам во разумни рокови. Тоа, секако, не зависи само од нас, но наше е да сториме се' за да ги исполниме условите за влез во ЕУ и во НАТО, иако лично сметам дека најдобар дел од овие предуслови веќе се исполнети. Нам прво ни треба Европа кај нас самите за да можеме да му се приклучиме на големото семејство. Мислам дека сме на добар пат во двата случаја. Што се однесува, како што велите, на мојата прва претседателска посета на Брисел, убава бројка споменавте. Има три важни аргументи во сликата на европска Македонија. Македонија е успешен пример на функционално мултиетничко општество на Балканот. Македонија е промотор на човекови и малцински права и мирољубиви решенија на конфликтите. И, Македонија е стабилен и посветен партнер во евроатлантските односи. Поради овие три работи, партнерството и поддршката на Македонија од страна на Брисел се важни за иднината на Македонија, но и важен позитивен сигнал на ЕУ за регионот.



Кои можни сценарија за иднината на Македонија најмногу Ве загрижуваат?

Македонија тргна на добар пат, што гарантира успех и јас немам сомнежи. Сепак, ирационалниот проблем со името, кој го забави нашето целосно евроатлантско интегрирање, а и глобалната економска криза, го одолжуваат патот кон видлив успех што ќе го почувствува секое македонско семејство. Ако зборуваме за страв од „сценарија“, тоа сигурно е опасноста некој да им продаде „лесни решенија“ на граѓаните, чие трпение се трошеше со години во матната и нечесна транзиција. Не знам зошто некој што не нашол решение со години, би го направил тоа сега, а посебно за толку кратко време. Лесните решенија најчесто се сведуваат на празни и убави зборови зад кои се кријат валкани и корумпирани политичари или ирационални и ултранационалистички политички аматери. И двете опции се погубни за секое општество, а особено за Македонија, која е заситена од неуспеси. Покрај ова, не гледам поголема опасност од внатрешната неслога, не само околу прашањето за името туку воопшто, што го сметам за втора најголема опасност. Тука не зборувам воопшто за меѓуетничките моменти, туку и за неслогата по која било основа, политичка или каква било друга. Длабоки поделби и дилеми околу некои прашања не смее да има, со целосна почит кон различноста на мислењата што мора да се почитува безусловно.


Статијата е прочитана 2287 пати.

Испрати коментар

Од: flaster siti
Датум: 18.03.2009 00:17:01
На Македонија можеш да и помогнеш само во две варијанти: да се откажеш од кандидатурата дури е време или да ги изгубиш изборите. Се друго е погубно за РМ. Таквите полтрони како тебе се раѓаат само некому да направат зијан. Аман више!
Од: Македонија
Датум: 18.03.2009 00:50:29
Не ти верувам...сега кажа дека секое лето одиш во Грција...А нас ни викавте да бојкотираме се што е Грчко...и грчки производи..срамота....да се лаже...Омилено летувалиште секогаш ви е во пријателската Грција која не не признава..За името продавајте пуфки на некој други ние разбравме дека Македонија наша жална име во ООН нема..Ке гласам само кога ке биде на листата на кандидати Љубчо Георгиевски...само тој е заслужен за Самостојна Македонија..друго се е лага....
Од: Boshko
Датум: 18.03.2009 00:57:41
Odlichni idei,no kolku ostvarlivi?
Од: Vozacot
Датум: 18.03.2009 01:32:31
So eden primer ke ve opisam vas g.Gjorge !Vie ste kako kandidatite za vozacka dozvola koi go imaat polozeno samo teoretskiot del-testot,i koi zemaat casovi za gradski so instruktori-prakticniot del!No seuste nemate izlezeno vo gradski,a toa e presudniot faktor za dobivanje dozvola.A vie bez toa ste dobile veke dozvola od Glujo!No sepak e mnogu rizicno,toj sekogas da bide so vas koga vozis,mnogu e los vozac,zatoa sto ima napraveno mnogu teski sudari kutriot,a i vas da ve nauci ke bide mnogu rizicno i za vas i za pesacite,drugite soobrakajci..za site zivi sustestva vo R.Makedonija,a koga ke se vozite po svetot,lele lele!Tamu ne e Mak.Policija da ve pusti bez kazni oti ste so Glujo,tamu ima samo kazni!Ovaa e pricinata za vasite pogresni soveti kon site drugi.Znaete bez da imate vozeno,nemozete da drzite lekci na drugite kako se vozi!Pominete si go prakticniot del,praksirajte se malku,i togas moze,no sepak,nemozete odednas da vozite sleper,samo kola..poz do mak!!!
Од: nikica
Датум: 18.03.2009 03:23:48
ja mislam deka covekov ke pomogne da se sredat rabotite so nasata drzava i ke uspeva vo zamislenite idei za podobar zivot vo makedonija. da mu dademe podrzka
Од: Trpe 2
Датум: 18.03.2009 05:30:00
Ne znam sto ke se sluci so Makedonija .Tatko mu na kandidatot vo Valandovo go vikaa :BUGARINOT !
Од: kire
Датум: 18.03.2009 06:27:01
tolkav tekst a ako dobro analizirate prazen.Vaka se zboruvase vo socijalizmot,koj patem bese dobar za site nas.Govor so opsti frazi koi nikoj ne gi slusa,.Nisto konkretno,bledo prazno.Vakva elementarna nepogoda ne snajde so ovcive sega uste ovoaa ni fali za da zaokruzime so propasta.Inaku ovcive iako gi obvinuvaat "komunjarite"se najtvrdite komunisti,koe se gleda od vladeenjeto po princip na Causesku,Zivkov i sl,so toa sto se vratile uste malku ponazad vo vremeto na Staljin
Од: AHIL69
Датум: 18.03.2009 06:56:49
naslovot e odlicen , samo shto diktatorot i negovite zamorcinja veke si igraat so drzavata so toa shto go stavija nego za kandidat zapretsedatel,zalno e za makedonija takov covek da ne vodi, potocno toj e tolku zalen , zboruva za nesto a ne znae za kakvo zboruva
Од: zabegan.
Датум: 18.03.2009 08:04:05
Ај ќе те молам не лажи Прво ти не мислеш со своја глава ти си само БАРБИКА на ГВУЈА.Те шутка ко што сака нема никакви шанси ти нешто да одлучуваш зошто тие ПАСТИРОТ.
Од: trajce
Датум: 18.03.2009 08:33:11
kako kandidat za pretsedatel Ivanov moze sega da izjavuva sto saka, megjutoa koga (nedaj boze) ke stane pretsedatel i ke go zemat pod presija megjunarodnite institucii i negovite kolegi pretsedateli od EU i USA ke mu go isperat mozokot i ke go naucat sto kako i kade da izjavuva ... nema da go prepoznaeme Gjore sto "nema da si igra so imeto na negovata tatkovina" ... tuka sme, ke vidime !!
Од: lidija
Датум: 18.03.2009 08:33:35
Covekov ednosavno ne go biduva ni za profesor a kamo li za pretsedatel!!Ke ne srami bre lugje!!
Од: b
Датум: 18.03.2009 08:55:11
Сиромав тој. Ако ја сака Македонија, најдобро би било да се тргне од оваа работ, да го остави местото на тие што ги бива за таа работа.
Од: Vodno
Датум: 18.03.2009 09:19:50
Gorge, ke kazes li nesto konkretno ovie 20 dena ili ke mlatis prazna slama? Osven gafovi ili kinenje zeleni drugo ne slusnavme, slusni go Kerim,Miruse pa da podnaucis malku, na mitinzite koga ke se pojavis predizvikuvas potsmev duri i kaj tvoite sponzori! Ne ja brukaj familijata, za tebe se isto!
Од: Оли Јулчовски
Датум: 18.03.2009 09:20:53
Апла не лажеш.Зарем ја заборави формулата на Вождот,кој патем те кандидира за да може да те вретка околу малото прсте,Тој јасно и гласно пред изборите тврдеше дека единствено решение е ДВОЈНАТА ФОРМУЛА,Но со започнувањето на кампањата свати дека со инает не може да добие гласови па се почесто почна да ја спомнува идеата на Претседателот, Односно зачувувањето на идентитетот.Смислете нешто ново,Немој да КЛОСКАТЕ секогаш по пометниот,Соберете храброс почнете еднаш вистински да сакате да го решите проблемот,Крајно време е да се разоткриете како неспособњак и повлечете се, Зошто со вашиот избор(АКО СЛУЧАЈНО БИДЕТЕ ИЗБРАН) ќе и нанесете на Македонија огромна штета,А ако се повлечете ке бидете еден од Јунаците кој го запре Грујо во уништувањето на Македонија.
Од: Сашо
Датум: 18.03.2009 09:43:58
Овој човек не е со сите.Па почнувам да се сомневам во сите тие докторати и дипломи на Скопскиот Универзитет.Според овој човек,значи дека секоја неписмена будала може да стане доктор на науки и професор.Мили боже , кој ги учи децата наши.За председател...Бог да чува....
Од: dragan
Датум: 18.03.2009 09:46:15
Covekov sto ne go biva ne go biva megutoa jas imam drug predlog.Kaj nas pretsedatelot na kucniot sovet si dade ostavka pa ete mu na covekot da napreduva vo karierata.
Од: semkarot
Датум: 18.03.2009 09:53:00
ubava misla, golemi vetuvanja ama se nekako jalovo mi stoi site vie go guskate znameto se sxmeskate milozlivo dodeka ne dojdete do toplata fotelja a p osle toa ispaga drugo ste kazale ne sme ve razbrale.tesko si na makedonija nisto zivo ne i pomaga poveke zalno za narodot.
Од: Столе
Датум: 18.03.2009 09:53:08
Иванов има комуњарска реторика типична за комунизмот во поранешна Југославија: зборува општо со цел ништо да не каже и да го прикрие отсуството на став по било кое прашање.
Од: Mene
Датум: 18.03.2009 09:58:56
"Nemla da si igram so imeto na mojata tatkovina" i plus 'Ce prifatam sekoe razumno i fer resenie". Ova go veli Frckovski od odamna. Fakt e deka ako sakame da mrdneme od tinjata kade se naogame, ce treba da se vikame Severna Makedonija (ili Gorna) i gotovo. Ako ne prifatime, ce siromasime uste 20 godini, izolirani, dodeka Albanija i Srbija ce vlezat vo EU, site intelektualci ce pobegnat od Makeodnija, Albancite ce se otcepat od Zapadna Makeodnija, a nie ce nemame nikoj na nasa strana, i potoa, svedeni na bitolsko-skopsko-stipski okrug pak ce go prifatime imeto Severna Makeodnija!
Од: do Vozacot
Датум: 18.03.2009 10:07:29
Bravo za vozacot mnogu slikovito kazano tamam za vmr-ovcite konecno da mozat da sfatat so kandidat imat za pretsedatel. Ako i so ova mu e tesko togas gospod neka im e na pomos - za greota se.
Од: Трпе
Датум: 18.03.2009 10:08:51
Е,Ѓоле бил вистински камелеон.Точно е дека камелеоните се миролубиви влечуги,кои се борат за опстанок.Но наш Ѓоле е ненаситен,покрај менување на бојата и многу лаже.Поради неговите способности што мора да го подржуват ги подзаборавија градоначалниците.Пастирот се плаши да не му забега.Ѓоле бил социјалистички омладинец у први редови,одел за Грција со црвениот пасош,бил за идеологијата СДСМ,па бил за античка Македонија,се колнел пред Кирил и Методиј а сега е вистинска дпмнеовска О...
Од: Матурант
Датум: 18.03.2009 10:10:55
Иванов барем си ја сака татковината, а не како овие коментатори ��ои тука го напаѓаат без никакви аргументи. Па за кого да гласаме? За предавниците од СДСМ? За тие што си ја кодошат татковината по светот? За подржувачите на Грчките интереси? Колку сакате плукајте го човекот, тој си е скромен, чесен, вреден, патриот, човек од и за народот. Тоа народот знае да го препознае и затоа тој ќе биде идниот претседател на Македонија.
Од: До Горге
Датум: 18.03.2009 10:19:47
Моја најголема желба е да го видам Џоле како претседател на Р. Македонија во посета на претседателот на Франција Саркози, тоа би бил претседателскиот пар на столетието нема да знаеш кој е поголема карикатура од нив двајцата.
Од: tihi
Датум: 18.03.2009 10:46:27
mu poracuvam na ivanov da si ja tera rabotata,zatoa sto site sto sega go plukaat,za nesto sto ne naprail po nivni kejf,utre ke plukaat zosto go napravil toa.teraj si rabota kako sto mislis deka e najdobro.
Од: realen
Датум: 18.03.2009 10:57:36
Ivanov e bukvar za ucenje na idno vreme, no i priracnik deka treba da se iskritikuva onoj koj ne misli kako nego (vite). Vakva oskudnost na formuliranje recenici na makedonski e zagrizuvacka, a kamo li da progovori so Sarkozi, Merkel ili ti ne znam koj trul Pretsedatel na nekoja EU zemja. Jas ovoj covek, osven vo makedonski ambijent, ne go gledam kako seriozen drzavnik na Makedonija von nejzinite granici, pa bi mu preporacala da polaga pripravnicki ispit za odnesuvanje so stranski diplomati, malku bonton i takvi nebitni raboti. Zamislete, vakov covek - komandant na voenite sili. Uzas i pregresenija. Pa toj vednas ke se skrie pod nekoja suknja, pardon NATO cador, i ke dreme dodeka ne projde olujata. So sila ubavina ne biva, ama VMRO-DPMNE e zad nego i kuti traj. Ako ne, da peeeme Internacionala, tuku grlata ke si gi istrosime na praformi, koi nema da evoluiraat nitu vo paramecium nitu vo ameba.
Од: dedo dimo
Датум: 18.03.2009 11:02:51
Odgovor za vozachot .A be brat ti zaboravash deka vo Makedonija sve se postinuva so mito ,vozachki diplomi pa i pozicii ,izgleda go zaboravi toa .uste vo komunizmot a i do den deneshen ,za bilokakva rabota ,prvo treba da mu se namestish na direktorot pa posle rabota ,ne zaboravi komunistite se SDSM !
Од: Св. Петар
Датум: 18.03.2009 11:14:37
Поздрав до “аналитичарот“ Водно. Ако се воодушевуваш на Мируше, блазе си ти на паметот.
Од: do maturantot
Датум: 18.03.2009 11:15:10
Sto pa ti vide od cesnosta kaj Ivanov. Toa sto zaradi spas na bratot od zatvor si ja smeni bojata, toa sto vrsese pritisok na svoite studenti? I sto bi napravil na krajot? ke go smeni imeto a ne i identitetot. Pa sto e toa ako ne ona sto drugite veke godina dena go ubeduvaat Gruevski da go prifati kako strategija.
Од: Нина
Датум: 18.03.2009 11:34:34
Лелееее, што ќе правиме??? Оваа млитава и смешна фигура ќе ни стане претседател! Се срамам, црвенеам. Замислете кога ќе излезе по свет да шета? Каква бламажа за секој македонец! Ѓорѓе, бидете љубезен, чесен и добар каков што верувам дека сте - држете се подалеку од претседателската фотелја, само така најдобро ќе и помогнете на македонија! Имајте милост за државичево!
Од: Fabio
Датум: 18.03.2009 11:40:05
Напред Ѓорге Иванов. Мене ме итересира мојата држава и мојот идентитет. Со тебе сум сигурен дека ќе остане така како што беше до сега, за разлика од комуњарите кои би го продале по секоја цена само за да си ја продолжат својата криминална политика од минатото.
Од: ivica
Датум: 18.03.2009 12:58:53
Abe ti moze da ne si igras so imeto samo se mi se cini deka deka ke si igras i ti i tvojot sef so idninata na ovaa zemja koja ja napravivte vasa licen vilaet od koj vladeete so strav i teror
Од: Кичево
Датум: 18.03.2009 14:34:23
Господине Иванов кажете конкретно што ќе направите со името
Од: od mene
Датум: 18.03.2009 15:10:20
e bas me interesira poltronot na GLUJO sto patriot ke ispadne.veke ne se interesni so nivnite ispadi deka se patrioti.samo toa gi odrzuva vo zivot.do site vmrovski isprani mozoci.daj osvestete se veke ednas.
Од: СуисајдМесаја
Датум: 18.03.2009 15:20:33
Kako bre nema da si igral?A ona vo Mogila so mlekarite kaj shto gi kolne do 7mo koleno shto beshe?Ili toa e predigra.
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 18.03.2009 15:38:42
Напред за Ѓорге Иванов единствениот чесен Македонец за Претстојните Претседателски Избори, кој ќе ја води Република Македнија на вистинскиот пат и кон Евроатланските интеграции и НАТО.
Од: stole
Датум: 18.03.2009 16:46:04
Kako ovoj moze da si igra so nesto koga so nego si igraat kako sto sakaat Gruevski so pajtasite. Abe koj tebe nesto te prasuva tebe samo ti kazuvaat sto da napravis sto da kazes, si igraat so nego kako so portokalovo magare.Prfesor si dozvoli decava da te igraat kako sto si sakaat, ne spij razbudise vidi sto ti pravat cel narod se majtapi so tebe alal neka tie.
Од: vvv
Датум: 18.03.2009 17:31:45
Kaj bese prijatelov sinoka na debata? Miruse barem dojde da kaze nesto, a ovoj se skri vo dupka.
Од: rece
Датум: 18.03.2009 18:49:07
koj da bide ne veruvam za nikoj site lazat dodeka da ja zimat stolicata posle kako sto znaat pravat ne veruvam nikogo.bayyyy
Од: З.Т.
Датум: 18.03.2009 19:19:25
Г-дин Ѓорге Иванов е човекот за претседател на Република Македонија. Во него треба да се има верба и целосна поддршка. Тој е човекот кој ќе и помогне на Македонија побрзо да влезе во НАТО и Европската Унија. А за Фрчко нема што да зборам, тој е изигран од СДСМ и нема ништо да направи на овие избори.Подобро му беше да си остане професор и воопшто да не ги прифаќа лагите на Црвенковски и на СДСМ.

Најди! во Утрински
Втора страница
Урнат митот за Ѓорче
Карикатура
Михајло Михајловски
Европскиот сон на Македонија замаглен во Германија
Verbatim
Атина ќе стави рампа на датумот за преговори