Број 2939  среда, 18 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Атина ќе стави рампа на датумот за преговори

Бакојани ги осуди инцидентите со грчките граѓани во Македонија

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Атина ќе стави рампа на евентуалниот предлог на Европската комисија есенва да почнат преговорите за членство со Македонија, најави грчката шефица на дипломатијата, Дора Бакојани, според која и добрососедството е услов за ЕУ, а нашата држава тоа се' уште не го исполнила.

„Мојата порака е јасна. Ние ќе прифатиме одлука да и' се даде датум за преговори на земјата ако се најде решение за спорот околу името. Треба да бидеме уверени дека сме добри соседи со БЈРМ, дека живееме заедно“, одговори таа на прашањето како ја коментира изјави на Европскиот парламент дека без оглед дали ќе биде решен проблемот со името, на земјата треба да и' се даде датум за преговори. Според неа, одлуката ќе ја донесе Советот на ЕУ, а неговата позиција е во согласност со грчката, односно дека без решение за спорот Македонија не може да оди напред.

Ваквиот став на Бакојани не кореспондира со расположението во Европската комисија, која бара решение за спорот, но не го споменува како пречка во декември да предложи датум за преговори со нашата земја, ако другите услови бидат исполнети дотогаш. Изјавата на Бакојани и' оди во прилог на тужбата на Македонија во Хаг, бидејќи одлуката за датумот ќе биде прва можност за Атина формално да се спротивстави на прогрес во евроинтеграцијата на земјата. Сепак, атмосферата околу ветата во ЕУ (по блокадата на Хрватска од страна на Словенија) Бакојани не ја загрижува, бидејќи е сигурна во позицијата што ја застапува.

„Сосема сум сигурна во мојата позиција. Сите сфаќаат дека Европа ќе биде Европа на добрососедски односи, на толеранција и на разбирање. Затоа мора да бидеме сигурни дека двете земји ќе најдат излез од овој проблем и дека на позитивниот пристап на Грција ќе биде одговорено со позитивен пристап и од Скопје. Искрено, моментно не го гледам тоа, но сум оптимист и се надевам дека по изборите кај вас ќе има многу попозитивен став околу преговорите“, изјави таа.

Како услов таа го спомена и запирањето на реториката од Македонија, бидејќи не им помагала на преговорите. „Инцидентите, како овој со грчките туристи кои дојдоа да го посетат Скопје и беа пречекани со камења и многу негативни реакции, не се од корист. Апсолутно сум сигурна дека ова е резултат на реториката која, за жал, води кон овој вид инциденти, што мислам дека, секој ќе се согласи со мене, не се случуваат меѓу соседи“, изјави Бакојани во Брисел.


Статијата е прочитана 921 пати.

Испрати коментар

Од: Diplomat
Датум: 18.03.2009 02:10:48
Za da se POBEDI protivnikot,traba realno da se proceni!Se drugo e samo pusta zelba,od koja realnosta,ipak za zal ostanuva ista.Taa nemoze da se promeni,ako se zanimavas so zelbi,sonista,namesto so koordinirana diplomatija!Pa ne ste Astrolozi pocituvana Vlada,ili povlecete se ili minimum primenete druga strategija,gledate deka nemate rezultati!Ednas sum kazal,pak ke kazam,deka vakva politika,turcija nemoze da vodi sprema grcija,a ne vie!Mozete da zamislite vo sporot za kipar,grckata diplomatija ja ponizi edna regionalna sila-turcija,i samo grckiot del na kipar vleze vo EU,a turcite ostanaa so prsti vo usta!Vie namesto da go prodolzite toj kontinuitet sprema grcija koj bese voden od site makedonski vladi do 2006,koj stigna kulminacija vo vremeto na Buckoski,i da go zatvorite procesot vo nasa korist,vie ja zakopavte na krajot procesot!Ne znam kako da go definiram ovaa avantura,den deneska ostanuvam bez zborovi..svoeviden politicki fenomen.Mili Boze cuvaj ja Makedonija!
Од: крис
Датум: 18.03.2009 02:53:01
за жал грција знае многу добро дека сите сакаме во ЕУ и во НАТО и го употребува тоа без срам на уценувачки начин! не ги кривам грците, нивно е да пробаат се па дури и нечесни работи, ги кривам повеќе другите земји во ЕУ и НАТО што си одбраа неутрална ложа за гледање сеир! се се нешто немоќни да извршат притисок врз грција! има работи за кои можат да направат многу а за кои не треба консенсус, како на пример да извршат притисок за признавање на македонците во грција и бугарија. истите тие од ЕУ и НАТО водеа цели војни на балканот за права на некои малцинства а оставија други малцинства на пропаст! во тоа се гледа кои се и што се!
Од: jimmy1
Датум: 18.03.2009 07:35:58
Pa ako si realna, kazi im sto vie im pravite na makedoncite sto patuvaat vo Grcija. Kakvi uslovi vie ispolnuvate da bidete clenka na EU, se znae nikakvi, ne gi ispolnuvate nitu osnovnite prava na malcinstvata. Do skoro kaj vas ne smeese da se izgovara imeto Makedonija ili nekoj da se kazi deka e makedonec, za toa iljadnici luge koi se makedonci skapuvaja po vasite zatvori. Dali toa toa go narekuvate demokratija i dali so tiegluposti sto gi pravite ocekuvate da ziveeme "zaedno"? Imeto mnogu dobro go znaete, Makedonija, toa vo go kazav vo pismoto sto ti go isprativ licno tebe a i na peesetina Grcki medjumi.
Од: Albanec
Датум: 18.03.2009 09:22:21
Rampata na Atina ke se podigne togas koga ke izlezat resitelni politicari koi ke doensat teski odluki i koji navistina ke rabotat za dobroto na drzavata i gragjanite voe nea. Resitelna politika e da se regulirat vnatresnite problemi, bidejki gi ima kolku sakas. pa posle, zaednicki da se donesat odluki za nadvoresnite problemi. Za da dojde do ova ni trebat umni politicari a ne gilipteri kakvi se aktuelnive. Se natovarile so ukradeni pari kako pozicijata taka i opozicijata i ne gledame nikade novi lica, tuku sekogas istite "se borat" za vlast! Ne i se pisuva dobro na Makedonija so aktuelnive politicari. Sepak megjunaroden protektorat e najbezbolno resenie, nie ne sme spreni da resime roblemi, neka ni gi resat barem drugite.
Од: Vodno
Датум: 18.03.2009 09:26:19
Gospodinot Srgjan Kerim ja kaza vistinata za cela situacija, i realnosta za imeto. Ovie deca sto ja vodat nadvoresnata politika treba sto poitno da si odat i da prestane prtopagandata na Sitel. Vecert i Kanal 5 protiv Grcija. Nie sme gubitnici a grcite ne. So Severna Makedonija sto e vistina, vo EU i Nato!
Од: Realnost
Датум: 18.03.2009 09:49:59
Vo potpolnost se slozuvam so komentarot na " Diplomatot"Vo politikata i diplomatijata treba jasno da se zacrtaat celite i prioritetite, pri sto ne treba da se vodima od nasite pusti zelbi i frustracii , no od pravilna procena na dostiglivosta na istite. Malite zemji posebno treba da povlekuvaat vesti diplomatski potezi so koi bi gi ispolnile svoite strategiski interesi, a pri toa da baraat pomos i lobiranje od od kon nas prijatelski nakloneti zemji , koi imaat znacajna uloga vo svetskata politika. Naj losoto nesto vo diplomatijata e da edna mala zemja kako nasata pocni da udira" ciftina" da se javi edne inaetluk nesvojstven za diplomatijata, da se pothranuvaat nerealni sonista i povlekjuvaat potezi koi samo ja iritiraat svetskata javnost ,a ne nosat nikakvi benefiti. Mora da ni bide jasno na site deka Grcija ima jako politicko i diplomatsko vlijanie vo Evropa i deka na toa pole ne mozeme so nea da se nosime.Eve i edna reg. sila kakva sto e Turcija redovnogubi na toj plan so Grcija
Од: Зоран
Датум: 18.03.2009 10:02:20
Ништо необично и ништо чудно! Уште ако победи нашиов Хорхе од серијата ‘100 клетви до седмо колено‘, новото вето не ни гине.
Од: b
Датум: 18.03.2009 10:32:14
Политиката е сериозна работа. Таа е науука, како математика, медицина. Неможе секој да се бави со неа. Ако кај нас , доколку се бават ваљкви, неесоответни и неуки луѓе, пропаста не ни е далеку.
Од: Trajko
Датум: 18.03.2009 10:56:35
Makedonski narode razbudi se.Treba da se svati dali sakame prosperitet ili izolacija,chuvajki nechij rejting.
Од: Projko
Датум: 18.03.2009 11:22:58
По историското НЕ на првиот човекк-претседател на најголемата супер сила, Дора станува се побескруполозна кон надминувањето на измислениот страв од Македонија. Да се кочи прогресот и евроинтеграцијата на една толку мала земја, која оправдано бара место под сонцето, е очигледен демонизам, од кој и дорис Пак рече дека се срами... СРАМОТ на некои европејци, се чини, е заборавена категорија. Но, не губете ја вербата во Господ Бог Македонци мои, оти не случајно ап Павле во видение го слушна гласот на Македонецот – дојди и помогни ни!!! Тоа беше Божја интервенција. Или ќе бидеме прифатени од Европа како Што е редот и поредокот, или Бог ќе најде начин да ги уутши и заштити Макееонците, треба само силно да се верува, и да се истрае!!

Најди! во Утрински
Втора страница
Урнат митот за Ѓорче
Нема да си играм со името на мојата татковина
Карикатура
Михајло Михајловски
Европскиот сон на Македонија замаглен во Германија
Verbatim