Број 2708  вторник, 10 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Дик разреши претседатели на шест општински изборни комисии

Разрешени се претседателите во Тетово, Брвеница, Боговиње, Гостивар, Липково и Сарај

Катица Чангова

Државната изборна комисија ги изрече првите консеквенции за нерегуларностите од предвременото парламентарно соочување на 1 јуни. На седницата одржана вчера ДИК ги разреши претседателите на шест општински изборни комисии - Тетово, Брвеница, Боговиње, Гостивар, Липково и Сарај. „Нема образложение за оваа одлука на ДИК“, изјави портпаролот на ДИК, Зоран Таневски. Не се знае кога ќе бидат пополнети челните места во ОИК кога само за неколку дена, на 15 јуни, ќе има прегласување во три изборни единици.

Но, може да се претпостави дека причина за разрешување на претседателите на овие изборни органи е нивното нестручно и несовесно работење. Имено, познато е дека во подрачјата за кои беа одговорни првите, а сега разрешени луѓе на ОИК, токму на изборниот ден се случија и најголемите незаконитости: кршење и полнење на гласачки кутии, кражба на избирачки материјал, насилство на избирачки места со присуство на вооружени групи, семејно гласање и заокружување на гласачки ливчиња од едно за други лица, бркање на избирачки одбори, партиски претставници и набљудувачи од местото на гласање...

На гласање в недела би требало да излезат околу 170.000 избирачи, што е досега рекордна бројка на повторено гласање. Речиси 110.000 граѓани со право на глас треба да излезат во Шестата изборна единица. За тоа дали ќе победи демократијата и дали како држава ќе успееме да покажеме повисок степен на политичка зрелост на 15 јуни, најмногу зависи од партиите и од институциите. Меѓународната заедница апелираше, а власта се заложи дека ќе направи се' прегласувањето да помине на фер и демократски начин, така што пред Македонија се отвора втора шанса за поправање на лошиот имиџ од 1 јуни.

Демократската партија на Албанците, незадоволна од одлуките на ДИК по нивните приговори, најавува дека буквално ќе го затрупа Врховниот суд со жалби за изборни нерегуларности. Во ДПА вчера немаа точна бројка колку од одбиените приговори ќе обжалат пред Врховниот суд, но и натаму се категорични во тврдењата дека се оштетени за повеќе од 51.000 гласа.

Ривалската партија ДУИ ќе адресира четири жалби до врховните судии што се однесуваат за повеќе избирачки места во Шестата и во Втората изборна единица. Во „Сонце - коалиција за Европа“ вчера немаа прецизна информација дали ќе се жалат. Единствено чиста беше ситуацијата во коалицијата „За подобра Македонија“ од каде што информираа дека нема да поднесуваат ниту една жалба затоа што биле задоволни од прифатените приговори.

Целата постапка со жалбите на партиите за нерегуларности кои се случија на денот на предвремените парламентарни избори - 1 јуни, врховните судии треба да ја завршат најдоцна в четврток, нагласуваат во Државната изборна комисија. Тогаш со сигурност ќе се знае дали повторено гласање ќе има само на веќе поништените околу 200 избирачки места од „единицата“, „двојката“ и „шестката“ или територијата за прегласување ќе се прошири и на други локации.

ДИК на вчерашната седница реши по службена должност да го прогласи за невалидно гласањето на уште три избирачки места: две во Теарце и едно во Студеничани. Заедно со веќе поништените 34, сега тоа се вкупно 37 места за прегласување.

Како што е веќе познато, Државната изборна комисија, која на маратонска седница ги разгледуваше приговорите два дена и две ноќи, отворајќи ги доказите за нерегуларности пред јавноста, одлучи да се повтори гласањето на 193 избирачки места во три изборни единици - скопската, кумановската и тетовската. Новата бројка е прегласување на 196 места.

Според согледувањата на ДИК, новите резултати можат значително да влијаат на промена на мандатите на партиските конта. Ова особено кога станува збор за партиите од албанскиот политички блок - ДПА и ДУИ.

Одлуките на Државната изборна комисија за повторено гласање беа поздравени од партијата на Али Ахмети, како „последна шанса да се поправи, макар и симболично, дегенерацијата на изборниот процес“. Но затоа, пак, ДПА ја обвини ДИК дека постапила селективно кога ги отфрлиле нивните приговори, дека тоа е „демократска фарса“ и затоа „Врховниот суд треба да одлучува без предрасуди и политичка заднина“.

Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нема да поднесува жалба до Врховниот суд. „Очекуваме да ги задржиме сите три мандати во Шестата изборна единица“, изјави вчера Трајко Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој оценува дека во „двојката“, по прегласувањето в недела, најверојатно ќе им пропадне еден од 12 мандати, што пак ќе оди кај албанските партии. „Во Првата изборна единица ќе ги задржиме сите 11 мандати“, категоричен е Велјановски.

Сафет Емрули од ДУИ најави дека ќе поднесат три жалби за повеќе избирачки места во „шестката“ и една жалба за кумановската изборна единица. Во ДУИ не можат отсега да прогнозираат колку мандати се во прашање. „На 15 јуни треба да му се дозволи на народот да гласа“, потенцира Џевад Адеми од ДУИ.


#
Статијата е прочитана 824 пати.

Испрати коментар

Од: OF LELE
Датум: 10.06.2008 03:26:59
Drzavcevo na V.M.R.O, ne moze da, osigura slobodni i bezbedni izbori, i Jas se prasuvam?Kako ce moze da obezbedi ; Sigurna, Gragjanska, Demokratska,Multietnicka i Bezbedna Drzava.

Најди! во Утрински
Политика
Агим Красниќи префрлен во затворот во Битола
Со поништувањето, на ДПА и' „висат“ половина од мандатите
ДУИ ќе поднесе кривични пријави против 80 вработени во полицијата
„Цивил“ прогнозира повторно насилство на прегласувањето
Поповска на конференција на зелените во Солун

"""