Брoj 2708  вторник, 10 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

„Цивил“ прогнозира повторно насилство на прегласувањето

Претседателот на невладината организација „Цивил“, во чиј фокус е проблематиката поврзана со оружјето на овие простори, Џабир Дерала, прогнозира оружени инциденти и за време на прегласувањето в недела.

„Насилството тлее и верувам дека ќе експлодира во секоја можна прилика без оглед на притисоците на домашната и меѓународната јавност. Тоа што мораме да го направиме е да го активираме системот што ќе ги третира сите граѓани еднакво, а престапниците ќе ги казни и елиминира од политичката сцена“, коментира Дерала.

Невладината „Цивил“ ќе им предложи на парламентарците од досегашниот состав да ја потпишат Декларацијата за поддршка на консултативниот процес за Спогодбата за трговија со оружје, која официјално беше најавена да се промовира вчера.

„Иницијативата е упатена до сите парламентарци во светот да ја поддржат оваа меѓународна спогодба за трговија со оружјето со која се воведуваат стриктни норми за контрола на трансферите на оружје, со надеж дека откако на меѓународно ниво ќе се донесе спогодбата, побрзо и полесно ќе оди процесот на ратификација на национално ниво. Декларацијата со потписите понатаму ги праќаме до ОН, каде што од 14 до 18 јули ќе се одржи биеналната средба“, појаснува претседателот на „Цивил“. (Ж.Х.З.)


Статијата е прочитана 600 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Агим Красниќи префрлен во затворот во Битола
Со поништувањето, на ДПА и' „висат“ половина од мандатите
Дик разреши претседатели на шест општински изборни комисии
ДУИ ќе поднесе кривични пријави против 80 вработени во полицијата
Поповска на конференција на зелените во Солун