„Добре дојдовте во Крушево, родното место на Тоше Проески! Наместо пред меморијалниот споменик, поклонете се пред таблата на која пишува: одложено поради објективни причини: имотно-правни пречки. Се гледаме за две години!“
Вака некако би требало да изгледа споменикот на Тоше по најновата одлука на Собранието, која најпрво даде зелено светло за негова изградба, па пред истекот на рокот рече: пу, пу не важи! Во пет до дванаесет тие велат дека имаат проблем што се вика нерешени имотни права, а опозицијата тврди дека им недостасуваат финансии за негова изградба и тоа само 15.000 евра.
Не беше никаков проблем веднаш по трагичниот настан и загинувањето на Проески во Крушево на неговиот погреб да се нареди и да се слика целата актуелна власт. И никој сосила не ги натера оттаму да најават дека ќе градат споменик. Не беше ниту проблем премиерот да одржи маратонски говор на концертот што се одржа во чест на Тоше кога со свирежи беше испратен од сцената. Тогаш публиката убаво го потсети дека сцената преку која Тоше ја афирмираше Македонија на Балканот и во светот не е место за политичка пропаганда. Тоше стотина пати изјавуваше дека е аполитичен и дека не и' припаѓа на ниту една партија. Арно, ама, сега по неговата смрт секој си го препишува на своја страна и сака да ќари поени на неговото име.
Имотни спорови, финансии, меѓусебни препукувања, инаетења, оспорувања..., зарем никој во државава досега не сфати дека Тоше е многу поголем од сето тоа, дека не е мегдан за игри и дека во никој случај не го заслужува тоа.
Жално и трагично е да се злоупотребува неговото име во дневно-политички цели. Тоше сакаше се', само не нечесни игри и лицемерие. А токму тоа и му се случува.
Ve prasuvam? Pa zarem,celo Slavno Krusevo i Krsevskite ,,Bogatasi" niz Makedonija, nemozat da mu napravat edeen super ,,skromen" Monument-Pametnik-Spomenik na Tose, tuku ,da trazat milostina pomos od Makedonskata Sirotinska-Vlada.
Од: ТОШЕДОНЕЦ од ТОШЕДОНИЈА
Датум: 02.07.2010 05:54:48
...го поддржувам последниот пасус,, дека...
...Жално и трагично е ~ да се злоупотребува Неговото име во дневно-политички цели.
Тоше сакаше се', само не нечесни игри и лицемерие. А токму тоа и му се случува....
* * *
...сето останато е политика !!!
* * *
!!! да се освестиме Македонки и Македонци !!!
Од: stavre gevgelija
Датум: 02.07.2010 07:24:06
Jas Tose go slusav ama ne go obozavav. Toj bese bez somnenie golema zvezda. Megutoa ova veke stana preteruvanje. Kako od toa dali ke se zavrsi muzejot zavisi dali utre ke postoime. Inaku vo istiot den koga zagina Tose, na patot Stip-Radovis zagina cela familija vrakajki se od svadba, i toa bez nikakva nivna vina. Ama toa nikogo ne go potrese.
Од: bitolaman
Датум: 02.07.2010 07:27:52
Vlasta vrsi opstrukcii za proektot spomen kuka na nashiot ANGEL.Zosto?
Pa odgovorot e ednostaven!
Da ni beshe ziv nashiot Toshe ke beshe na 27 juni pred vladata vo prvite redovi za da go poddrzi Glasot na narodot,isto onaka kako sto beshe na golemiot miting za pretsedatelskite izbori koga kako golem fan na Branko beshe kako i sekogas na PRAVATA strana.
Pocivaj vo mir Angelu nash.
TE SAKAME -SITE
Од: Јован АН
Датум: 02.07.2010 07:37:22
Жално и трагично е да се злоупотребува неговото име во дневно политички цели“. Срамно е и што и овој напис ги има истите цели.Чиста злоупотреба од“Утрински“ веќе втор ден.Оставете го човекот нека почива во мир кој го заслужува!
Од: Nikola
Датум: 02.07.2010 07:39:01
PORAKA DO POLITICARITE : drzete se ponastrana od muzikata ,od umetnosta,od nasiot TOSE PROESKI.Ne ste dostojni za takvo nesto.Ostavete go da pociva vo mir !
Од: Ајван Доктор®
Датум: 02.07.2010 08:34:05
Вистината за Тоше е тоа,што,Тој ќе Остане Величина и покрај неизградувањето на меморијалот од страна на Минорните сподоби!Не верувам дека Тој би се согласил со ваквиот проект!Очигледно е дека се работи за Политичко Лигавење,со една единствена цел: да се докаже „големината“ и количеството на примитивниот патриотизам од Кавернозните политичари!Актуелноста на мигот помина,па тие воопшто не се заинтересирани за проектот,кој требаше да ја симболизира нивната Лажна почит кон Човекот,кој верувам,би се согласил,да беше меѓу живите,парите од проектот,да се Пренаменат за Изградба на Болница,Центар за загрозени,напуштени,или болни Деца,Негувалиште за попречени и сл. Сè,само не - градба,за негово поклонение!За утеха е што Името на Легендата ќе остане да живее и да се споменува уште Многу Долго,по Заминувањето на Мизерната Политика,која,Никој нема да ја изусти,никогаш повеќе,освен,кога ќе сака да посочи кон некое зло!
Од: SPIRIDON
Датум: 02.07.2010 08:47:39
Ne ja mešajte vlasta so Toše.Bilo koja.Ne zaslužuva Toše da mu se vleče imeto po političkite presmetki megju takov profil na lugje i odnosi.
Од: Ljube
Датум: 02.07.2010 10:44:34
Se dodeka ima ligje od tipot na Stavre od Gevgelija ovaa drzava ke bide ovakva kakva e.Pa neli se srami sto napisal.Zalosno e sekako za secii izguben zivot.Coveckiot zivot e najskapoto i nenadoknadivo.No ovakva napisana nebuloza e odlika na necovek.Po negovata logika,vo momentot na tragedijata so pretsedatelot Trajkovski isto taka "zgasnaa"mnogu zivoti,sto vo soobrakajki sto so prirodna smrt.I sto trebase da se napravi???.Pa covece,Tose bese reprezent na nasata drzava.Pogolem i od mnogu politicari koi samo ja dviraat Makedonija.E bezdusen Stavre,dali si slep pri oci,zarem ne gledas so kakva pocit nadvor od Makedonija se spomnuva nasiot Tose.Vo Hrvatska se podgotvuva i podiganje na spomenik vo negova cest.Priznanie za doprinesot na poleto na kulturata,za doprinos na razvivanjeto na humanosta kaj covekot.A ti???ZASRAMI SE.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.07.2010 12:08:52
Кои имотноправни причини.Па ова Скопје 2014 не смее да се гради поради одлука на Усртавен Суд па власста вели кој го е*е, а ваму две години одлагање.Па колку години им треба за големиоте објекти десет,двсесет...Како не им е срам, та не сме дебили и имаме секако повеќе искуство од пола влада на Пастирот.Има за секакви незаконски дејанија а ова сега дознале за некакви пречки и тоа две години?Срам да им е.Го влечат народот за нос и карванот и понатаму си врви...Мора на ова лудило да му се стави крај.А и на вештачкиов патриотизам - црпни - дрпнииииииии.
Од: Krusevchanec
Датум: 02.07.2010 13:04:13
Bravo gospodja Sekerovska za tekstot ali mnogu kratok,isto bravo za bitolaman,i jas samo bi dodal,pocekajte Makedonski narode da ovie zaminat od vlast pa ,,ke ja cuete vistinata'' !!! Trpenie uste malku!!!
Од: Mare
Датум: 02.07.2010 13:36:21
Многу имаш убав текст внучко Ајван Доктор. Поздрав
Од: Marija
Датум: 02.07.2010 16:46:49
E aj prvo pocnete da pravite, pa od koga ke napravite zborete, a ne obratno. Praaaaaaaaaaaazni zborovi, kako vo poveketo slucai. Mi se smaci...