Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Втора страница

Белгиското претседавање мала надеж за Македонија

Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, повеќе по инерција, се најде на агендата на Белгија

Тамара Грнчароска


Со влада во заминување, со постојани политички турбуленции и етничка поларизираност, која се заканува со поделба на земјата, Белгија од вчера застана на чело на ЕУ. Иако ваквата состојба предизвика загриженост кај нејзините европски партнери и во европските институции за капацитетот на Белгија да го спроведе претседавањето, таа ги смири своите партнери најавувајќи дека нејзината улога ќе биде ограничена и оти голем дел од активностите ќе им ги препушти на централните институции на Унијата, меѓу кои и на претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпуј.

И проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан се најде меѓу приоритетите на Белгија, но повеќе како континуитет на белгиската поддршка на политиката за проширување на Унијата отколку што нешто конкретно може да се очекува на тоа поле во наредните шест месеци.

Премиерот на Белгија во заминување, Ив Летерм, за проширувањето како приоритет го повтори познатиот став на својата земја дека мора да се искористи историската можност за проширување и оти на сите држави кои сакаат интегрирање во ЕУ треба да им се обезбеди европска иднина.

Сепак, според Летерм, земјите мора да покажат напредок врз кој ќе се врши зачленувањето. „Белгија е свесна дека мора да се искористи историската можност за интеграција на земјите од Западен Балкан. Меѓутоа, претходно треба да се оцени дали копенхашките критериуми се исполнети и сали сите услови се реализирани за старт на преговори“, изјави Летерм, неколку дена пред неговата земја да го преземе претседавањето со ЕУ. Притоа тој истакна дека земјите од Западен Балкан ќе станат членки на ЕУ, но претходно мора да ги усогласат своите законодавства со европските.

За македонското зачленување парафразираниот став на Белгија е дека пред нерешениот спор за името немоќно е секое претседателство т.е. дека без решение за името Брисел не би можел да помогне да се деблокира преговарачкиот процес на земјава. „Јасно е дека се' уште постои спор со Грција и тоа треба да е реши“, порача Летерм.

Белгија на својата листа на приоритети за претседавањето ги наведува зацврстувањето на европските институции, предвидено со Лисабонскиот договор, стратегија за излез од економската криза, т.е. поголем економскиот раст потпомогнат од пакет мерки што би го зголемил надзор над финансиските пазари.

Воспоставување подобра економска координација меѓу европските држави, исто така е дел од економската програма на Белгија за шесте месеци од претседавањето, исто како и унапредувањето на социјалната кохезија и борбата против сиромаштијата, подобрување на здравството и пензиски реформи.

Заштитата на животната околина и борбата против климатските промени се дел од списокот работи кои Белгија ги стави на својата приоритетна листа, но, кои исто како и излезот од економската криза, повеќе се „наследени“ приоритети од нејзините претходници.

Меѓу приоритетите на Белгија се најдоа и надворешните односи. Белгија во таа насока сака да го иницира стартувањето на новата дипломатска служба на ЕУ, именувана како Европска надворешна акциона служба. Службата не би водела независна политика туку би примала налози од земјите-членки и би ги претворала во единствена заедничка политика.


#
Статијата е прочитана 615 пати.

Испрати коментар

Од: eu
Датум: 02.07.2010 00:20:52
belgija ne vi e kriva grujo i vmro ja zakopaa sansata za eu,mak nikogoas so ova partija nema da vleze vo eu,mak e pole kade ovie mafijasi se bogatat so narodni pari,vece nikoj ni nie makeonci vo eu ne veruvame mak so vmro da vlrze vo eu dignavme race od maked nasite penzionerski denovi se pov gi gledame da se vratime vo bug koja e clen na eu i ima sigurnost kade nie nasite penzionerski denovi spokojno ce moze da gi pominime.
Од: Silvester Sidnej
Датум: 02.07.2010 02:18:13
Procitav nekade deka Merkel izjavila deka samo uste Hrvatska i priemot za drugi clenki e nemozen. Kolku e taka jas neznam. no vredi da se analizira taa otvoreno zagrizuvacka izjava. So toa se zatvara Evropa kako drzava, Drugoto (Balkanot) si ostanuva na Turcija kako sto si bilo pred prvata svetska vojna. Porazuvacki e samata pomisla za ostavanje na ostanatite drzavi nadvor od EU. Koj znae mozebi toa e i kompenzacijata sprema Turcija sto nema da vleze vo EU. Buffer zona megju Hristijanstvoto i Islamot. Vozmozno e neli?
Од: kiroSAD
Датум: 02.07.2010 06:49:37
Ako razmislete malku podlaboko ili "conspiracy of teory" sepak se e svedeno na religijata, Katolicite ke ja pretstavuvaat EU so isklucok na Grcija oni se izrod, a na nas koj ni e kriv sto sme mesani ortodox so muslimani i malku katolici e kako da ne vo EU. Nema sansi a da ne zboruvam sto imame jalova neseriozna vlada.
Од: dedodimo
Датум: 02.07.2010 08:52:37
Odgovor za prviot komentar .Gruevski i VMRO ne se nishto krivi za toa shto ne mozi Makedonija vo EU a i NATO .Greshkata e napravia SDS
Од: ne e bitno
Датум: 02.07.2010 09:07:26
I jas procitav za Merkel, no Merkel e edna od 27te zemji, koi imaat Ramnopravno clenstvo. Evropa se borela i ke se bori so vakvi stavovi, no zatoa se drugite clenki koga ke zabega nekoj, cija partija duri i predlagase IQ test za imigranti-najgolema glupost nekogas sto sum ja slusnala, koja veke bese odbiena... Merkel spored germanskite novini brzo ke se trgne od scena...Za Mk nemam sto da kazam, epten ja otepa rabotata, epten, nema EU. toa e.
Од: George
Датум: 02.07.2010 10:14:01
ЕУ се папучари и прашање е дали уште долго ќе опстои, доколку не се реформира за да може да ги исфрла ѓубрињата како нашиот јужен сосед. А за оние што заговараат промена на името на Македонија, ЕУ и тука треба да каже дали им треба тој дел од Балканот како територија или пак како современ, модерен народ, со демократска држава. Во првиот случај убеден сум дека ќе се распаднат, а причината ќе биде како со други земји и империи, т.е. непремостиви разлики помеѓу теоријата и праксата. И на крај она на Силвестер е чиста фантазија. Имено, помеѓу Турција и 'западниот балкан' се наоѓа “бафер“ составен од нашиот источен и нашиот јужен сосед. Сепак доколку би можел да бирам, подобро би ја избрал Турција отколку еден или двата од именуваните соседи.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.07.2010 12:02:27
Не е до Европа и сите тоа веќе го знаат - до Гујо со Фамилијата е.Сега ја "обработуваат" државата и немаат време за европа и европските закони и норми.Кога Македонија ќе стане Бијафра и Руанда заедно тогаш ќе и дадат шанса.А нивната шанса е како и онаа на Даравелски - кидавела надвор од државата - сосе товареното магаренци ...а ова...и камилата..а и некој конвој... Narodot neka mu ja misli.
Од: makedonce
Датум: 02.07.2010 12:42:14
nema da gi rtazberime rabotite zosto balkanot ne go sakaat vo evropa ako e toa granica za stopiranje na muslimqanstvoto vo evropa , pa samo vo germanija ima 5 milioni muslimani da ne zboruvame vo anglija preku 20 milioni pa francija belgija holandija.......pricinata e druga zatoa sti nie makedoncite i srbite imame svoe jas adrugite kako bugariter kako duva vetrot da im recat da go smenat imeto ke go storat za 5 minuti...

Најди! во Утрински
Втора страница
Политички игри со Тоше
Вер��атим
Грција очекува Груевски да не остане само на зборови
Датумот за преговори останува приоритет
Деловникот може скапо да не' чини во Брисел