Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Хроника
Воз налета на куп камења и железа

ТЕТОВО - На отворена пруга на два километра пред железничката станица Тетово, патнички воз налетал на куп камења и железа поставени меѓу двете шини на коловозот. Среќна околност е што нема повредени, иако ударот создал паника меѓу патниците.

Настанот се случил во вторникот по 18 часот во атарот на селата Порој и Џепчиште. СВР Тетово информира дека патничкиот воз 6904 се движел на релација Скопје - Кичево. Од ударот во купот камења и железа, кои биле намерно поставени, оштетен бил предниот дел од локомотивата. Бесник Јусуфи, шеф на железничката станица Тетово, ни рече дека немало прекин во железничкиот сообраќај, а при ударот машината само ја намалила брзината. Тој вели дека годишно десетина пати се случува да бидат поставувани камења и други тврди предмети, каменувања по возовите и слично, на релација Скопје-Кичево, особено во тетовскиот крај. Во неколку случаи се забележани и повреди на патници. (Г.Е.)

#
Статијата е прочитана 1023 пати.

Испрати коментар

Од: Патник
Датум: 20.05.2010 04:15:15
До кое дереџе е дојдена железницата, не само што нема нови возови, туку ни тоа што го има не може безбедно да го користи. Знам дека ова не е исто како грабеж на банка, но МВР треба конечно да ги открие виновниците бидејќи безбедноста на граѓаните е приоритетна. Треба ли некој да загине за да реагираат?
Од: Стeјмир
Датум: 20.05.2010 07:37:39
Албанците биле фактор за мирот на Балканот. Ова (со возот) се случувало само на дивиот запад кога бандитите со ограничен ум и простотилук ги ограбувале возовите во 1870 година. Е. Таму се застанати Албанците (не сите) со нивниот развој. Па енциклопедијата нечинела.

Најди! во Утрински
Хроника
Крвава лекарска драма во Скопје
Еден месец притвор за капетанот-ограбувач
Кривични пријави за двајца вработени во ЈПССДП
Финишира истрагата за случајот „Метастаза“
Загина градежен работник од Скопје
Критика до МВР за тепањето во Банско