Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

Србија ја укина казната за клевета на политичари

Навредливите, вознемирувачки и шокантни изјави и информации за политичарите и за други познати личности повеќе нема да бидат предмет на кривична постапка, одлучи Врховниот суд на Србија, пишува српскиот весник „Политика“. Клеветата и навредата ќе останат само на хартија и повеќе нема да бидат дел на судската практика по најновата одлука на Врховниот суд за таканаречено правно толкување, кое има сила на закон.

„Границите на прифатлива критика се многу поголеми кога се во прашање јавните личности. Во однос на обичните граѓани, јавните личности и политичарите се неизбежно и свесно изложени на детална анализа на секој изречен збор и дела, и од новинарите и воопшто од целокупната јавност, затоа мора да покажат повисок степен толеранција“, гласи текстот на правното толкување кое Врховниот суд го усвои на 25 ноември. Во заклучокот на овој документ е наведено дека „слободата на изразување на поединци не важи само за информации или идеи што се сметаат навредливи туку и за она што навредува, шокира или вознемирува, бидејќи тоа се однесува на прашањето од јавниот интерес, а не на приватниот живот на јавните личности“.

„Оној што имал храброст да биде јавна личност мора да биде подготвен на секакви удари. Ваквата одлука, всушност, се однесува на јавните личности за да не се одлучуваат толку лесно да поднесуваат тужби“, ги пренесува весникот „Политика“ коментарите на Врховниот суд на Србија. (П.Р.)

 


Статијата е прочитана 539 пати.

Испрати коментар

Од: Стојко
Датум: 20.12.2008 03:52:22
Ееее, Македонијо, до кај стаса? Дупка на Балканот. Кога "фамилијата" ќе дозволи оваков закон и кај нас да се донесе?
Од: m.r.
Датум: 20.12.2008 10:53:15
Mene mi e za drugo, advokatite bez predmeti ke ostanat.
Од: verag
Датум: 21.12.2008 12:21:28
Моеа и кај нас да се донесе ваков закон,или толкување на закон. Тужбата на Груевски мене ми изгледа како злоупотреба на функцијата Премиер,бидејќи е јасно дака кај нас нема судија што би се осмелил да го одбие. Симптоматично е што судот воопшто не го интересира дали изречените навреди биле оправдани,што значи дека за политичар мора да се пишува само позитивно,иако ставарноста е сосема поинаква.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Се бара и политичка одговорност за патриотските сметки
Судството падна на ниски гранки