Третата власт се наоѓа на бришан простор и е изложена на жесток оган од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Гордана Дувњак
И покрај тоа што промените направени во судството (заедно со полицијата и борбата против криминалот и корупцијата) беа апострофирани како една од посветлите точки во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, сепак, состојбите во оваа сфера ни оддалеку не се толку розови.
Напротив, анализите покажуваат дека судството никогаш не било паднато на пониски гранки. Третата власт подолго време се наоѓа на бришан простор и е изложена на жесток оган од партиските артилерии на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои не избираат средства за да остварат политичка доминација. Заканите и притисоците станаа секојдневие на оние кои по сила на закон имаат право на одлучување за сите сегменти од нашето живеење, но она што застрашува е неотпорноста на судската власт за самоодржливост, но и за справување со атаците. Во владини кабинети се прават „црни листи“ на судии кои се избрани за отстрел, што само го зголемува чувството на несигурност.
Звучи чудно и по малку непримерно, но не ретко ќе чуете дека ако порано судиите тивко говореле, сега шепотат!? Контрадикторноста на ваквата изместена диоптрија за една професија, која одамна требало да расчисти со категории како што се страв и калкулирање, говори дека судската фела се чувствува прилично несигурно и инфериорно. А во исто време и незаштитено на исполитизираниот општествен простор. Еснафските здруженија се незаинтересирани јавно да го кренат својот глас во заштита на професијата, а медиумите главно критички се настроени кон судството. Граѓаните претежно се незадоволни од ефектите на македонск��те судови, кои се' уште водат долготрајни постапки и се претрупани со стари предмети. Неснаоѓањето со новата реалност, пак, и големите очекувања од судството, кое требаше да биде катализатор на агресивната и медиумски поткрепена борба против корупцијата и криминалот, резултираа со нова тенденција – за инстант-судења. Лошите судски пресуди, недоволно поткрепени со релевантни докази, веќе продуцираат поништувачки одлуки од повисоките судови и враќање на повторно судење.
Умереното задоволство на бриселската администрација од судството може да се објасни со направените измени во законската регулатива и имплементацијата на европските директиви во легислативата. Но, по се' изгледа, нема амбиција подлабоко да ги анализира македонските состојби во третата власт. Зашто само доколку малку се загребе по површината, лесно ќе може да се уочи дека како земја сме далеку од прокламираната независност на судската власт која, според својата уставна поставеност, треба да биде рамо до рамо со извршната и законодавната власт.
До точната дијагноза може лесно да се дојде само со одговорот на неколку суштински прашања. Дали добивме независно судство кое не подлежи на влијанијата на останатите две власти? Колку судиите во пресудувањето се водат исклучиво од словото на законот и доказите, а не од партиски директиви? Дали изборот на судиите гарантира фер постапка, во која стручноста и совесноста се главни критериуми при регрутирањето и напредувањето на делителите на правдата? Дали судството поседува човечки потенцијал и техничка опременост што може да ги следи во чекор промените во европската и светската правосудна сфера. И конечно и најважно, дали граѓаните и компаниите може да остварат ефикасна правна заштита во разумен рок?
Доколку одговорот барем на половината прашања е негативен, не е тешко да се заклучи до кое дереџе е дојдена судската власт, која треба да биде главниот стожер и услов за постоење правна држава, кон која тежнее и се стреми секоја демократска власт.
Судството веќе подолго време е експеримент на политичките елити, кои како што доаѓаат на власт се обидуваат да го моделираат по своја мерка. Тоа најдобро се гледа низ (зло)употребата на законските решенија кои, соголени од недостигот од демократска култура и прагматизам, се ставени во функција на остварување на моќта и влијанијата на политичките и бизнис лоби-групи. Судскиот совет, а во последно време и Советот на јавни обвинители, кои требаше да прераснат во независни правосудни органи што ќе водат грижа за селекцијата на квалитетни професионални кадри, се' повеќе личат на партиски деривати, поминати низ политички филтри и листи на подобни и неподобни правници. Она што посебно загрижува е влијанието на министерот за правда, кој се обидува да ја акумулира, но и да ја исцица целата судска власт.
Од таква позиција, која е стимулирана од врвот на извршната власт на која и самиот и' припаѓа, не е ни чудно тоа што министерот за правосудството си дозволува да упатува директни закани до судството. Една од последните беше ултимативното барање на министерот најдоцна до јуни идната година да се расчисти со старите предмети, бидејќи во спротивно ќе следува разрешување на оние судии кои нема да се справат со заостатокот.
Слични проблеми со старите предмети имаат и другите поранешни ЈУ-републики, со една разлика што, наместо закани, тамошните власти користат други методи за зголемување на ефикасноста. Словенија, на пример, во почетокот на оваа година ја лансира таканаречената програма „Лукенда“, чија цел е да се растовари од баластот на старите предмети, но и да се заштити од казнените пенали на Европскиот суд во Стразбур. Министерството за правда мораше да предвиди 6 милиони евра наменети за окончување на судскиот заостаток, со цел материјално да се стимулираат судиите на прекувремена работа, па дури и за жртвување на викендите. И покрај тоа што платите на словенечките судии се „мислена именка“ за нивните македонски колеги, тие се заканија со штрајк за достоинството на професијата.
За разлика од ултимативните шест месеци што ги добија македонските судии од министерот Михајло Маневски за справување со заостатокот, словенечките судии требаше да го направат тоа во рок од три години и за соодветен материјален надоместок.
Во ништо подобра позиција не е ни Обвинителството, кое тешко се ослободува од прегратките на полицијата, која ги диктира нивните потези. Влијанието на првиот човек на Обвинителството, Љупчо Шврговски, тргна по надолна ��инија по неодамнешните „шлаканици“ што ги доби со изборот на обвинителите, кои тој претходно ги разреши како нестручни и неспособни. Но, уште повеќе со неуспешниот реизбор на некои негови блиски соработници, кои иако го понесоа на свој грб товарот на комплицираните случаи, не поминаа бидејќи не беа по вкусот на владејачката гарнитура. Тоа во голема мера го разниша и авторитетот на државниот јавен обвинител во сопствената фела, бидејќи стана јасно дека составувањето на тимот зависи од нечија друга волја - политичка.
Од разурнувачкиот налет на политизација и партизација не е поштеден ни Уставниот суд, како највисока и единствена институција задолжена за оцена на уставноста и законитоста. Секоја негова одлука што не е по волја на некој политички врв наидува на жестоко етикетирање. Последен таков пример е укинувањето на патриотските сметки што го предизвика гневот на владејачката партија која ги исплука уставните судии, обвинувајќи без трошка аргумент дека „судот е под контрола на шефот на државата, Бранко Црвенковски“.
aj be gorde ti se molam, dva dena pred patriotskine idiotski smetki, go oudija buckovski bez zbor obrazlozenie. krivoustiot bicikliski kaza ne komentirale sudski presudi, za po dva dena da g ispljuka ustavniot sud. pa i sudiive im se cudam od sto cvikaat tolku pa cel narod ke gi zamrzi radi nekolku tamo na site im paga kredibilitet. neka dignat glas tie dobrite to ne se kumovi i kumashini na trajko slavevki itn. sega uste i frcko ako go osudat stvatno ke e vrv. aj da vidam koj e toj junak udija sto ke mu ja obori tuzbata na gruevski ama so obzir deka ne gi prima dokazite aneksi za dogovorot jasna e rabotava
Од: Braka makedonci
Датум: 20.12.2008 02:04:57
Znaci vaka: pod hitno da ni gi vratat parite za fiskalnite vmrovski smetki, a,,i treba da ni doplatat deka izgubivme i do nedela dena akanje po david kompijuteri i akcent,,, pa posle obavezno da se uapsat site od vladata koi go smislia i go donesoa zakonot,,,bidejki prokockaa 5milioni evra nasi pari, a za profesorite nema pari :) :) a kamo li za branitelite,,,, koi gi teral ednite da bidat profesori,,a drugite da ginat badijala,, a nas koj ne teral voopsto da se rodime i da ziveeme ,,neka ziveat samo oni i platenicite kako latas i janko i nivniot toalet papir vecer
Од: 24
Датум: 20.12.2008 03:21:22
sve toa pocna so vladeenjeto na sdsm i branko crvenkoski-----narodot toa dobro go znae i narodot povece ne padza na trikovite od branko koj seuste izgleda misli deka sme 1997 godina
Од: prjatel
Датум: 20.12.2008 05:59:32
E bree makedonc sto doceka VMRO te tuzi VMRO te sudi baravte gledajte.
Од: irena
Датум: 20.12.2008 07:26:24
mnogu mi e zal za sudiite vo makedonija. siroti, neznaat sto da pravat. dali cesno i brzo da sudat ilida se plasat za svoeto rabotno mesto da ne si go izgubat.cist primer e sudikata popgorceva.e taka e koga vo makedonija seuste vladeat necivilizirani pleminja koi megu sebe oci si vadat a narodot strada. ke mu dojde li kraj na sevo ova . ziveeme vo najnecivilizirano vreme so koe se soocuvame denes.. vo makedonija. navistina, zalosno e, zalosno.
Од: pravnik
Датум: 20.12.2008 08:27:11
nevidena partizacija pri izborot i razresuvanjeto na sudiite vo md. dosega nemalo.
istazuvajte samo koj e izborot na vtorata generacija na akademijata za sudii i obviniteli.
Од: Sram i rezil
Датум: 20.12.2008 10:08:50
Ministerot za pravosudstvo e rezil i sram za Makedonija. Nenadminat poltron, bespogovoren poslusnik, nepopravliv oportunist i masa vo racete na negoviot sef.
Од: правник
Датум: 20.12.2008 10:32:34
Судството покрај тоа што е под силен притисок од политичките партии, тоа особено е труло од внатре имајќи во предвид како се врши селекцијата при изборот на новите судии преку почетната обука во АКАДЕМИЈАТА ЗА ОБУКА НА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ која се претвори во згрижувачки дом за синовите и керките на сега АКТИВНИ СУДИИ, кои под превезот на објективни мерила сакаат да дојдет до судиски и обвинителски места а при тоа обилно си ги користат своите испреплетени интер колегијални врски со членовите на "КОМИСИИТЕ" за прием и завршен испит во Академијата. НЕ САМО во втората генерација на Академијата туку ОСОБЕНО ВО ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА Е СОСТОЈБАТА КАТАСТРОФАЛНА. БАРЕМ ДА ИМ ГИ ПЕНЗИОНИРАА ТАТКОВЦИТЕ И МАЈКИТА ПА ПОСЛЕ ДА ГИ НАЗНАЧУВААТ ВТОРИТЕ ПОКОЛЕНИЈА- ВАКА Е ЕПТЕН СРАМНО - ТАТКО СУДИЈА ВО АПЕЛАЦИЈА - СИН ВО ОСНОВЕН, МАЈКА СУДИЈА ВО УСТАВЕН КЕРКА ВО ОСНОВЕН ИТН. ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ПРИ ИЗБОРОТ ЌЕ СЕ ОТКЛОНАТ БАРЕМ ДЕЛ ОД ОВИЕ БРУКИ.
Од: ljupco,bitola
Датум: 20.12.2008 12:18:46
``Без тронка аргумент,некој обвинува дека уставниот суд е под директна контрола на држалникот``така напишавте.Па еве ви еден ДОКУМЕНТОВАН АРГУМЕНТ.Во јуни оваа година уставниот суд носи одлука за укинување на законот за трансформација на клинички,во состојба кога во тој момент нема конституирано ни парламент ни влада,се со цел,намерно да створи институционална криза,да ги остави клиниките без извршни директори,со овластен потпис.За среќа поразот на сдсм беше повеќе од катастрофален,власта брзо се консолидира, така да не успеа таа ДИВЕРЗИЈА на злосторничкиот ум на ДРЖАЛНИКОТ.
Од: gv
Датум: 20.12.2008 13:28:55
Se naznaci sudija vo apelacija bez eden den raboten staz kako sudija.a bese advokat 2 godini.Posle e kriv Branko Crvenkoski,samo napred bez pardon ..............
Од: nenad
Датум: 20.12.2008 15:12:40
Nikoj i nisto ne e vecno.
Od druga strana se plasam deka se ke bide, samo nas nema da ne bide.
Од: Petre
Датум: 20.12.2008 16:53:35
najgolem problem e vnatresnata trulost vo sudstvoto...dali nekoj sudija voopsto bil za nesto osuden od 1945 navaka ?? ...izzemajki 2-3 slucaja zadnive godini, faten so mito vo Strumica, neznam sto stana so toj sto ja prepravi presudata na kolegata vo Gostivar... NO i da gi osudat,se somnevam deka ke lezat... se stavat slucajite vo zastaruvanje... obicen advokat pred ~ 10-ma godini pijan zgazi 5-6 devocinja i se ZATASKA rabotata, bez obzir kolku pisuvaa mediumite...
..najgolema kazna za sudija e se uste da go smenat, no i toa ne e problem, ke stane advokat a sigurno ima prijateli vo pravosudnata bransa....
.. edinstven lek e REDUCIRANJE na sudskiot aparat, dovolen e samo krivicen sud i istrazni sudii... ociglednite krsenja na zakonot da se resavaat kako sto sega ke se naplakaat neplateni smetki od graganite, znaci direktno naplatuvanje so izvrsuvanje od pravnite subjekti, a ne nekoj po sto pati da menuva naziv na doel-ot a Brendot mu ostanuva (Spic i Vreme)
Од: Kunta Kinte
Датум: 20.12.2008 18:06:30
Golemo zamajuvanje na javnosta, za da moze fasistickoto SDSM da si ostvaruva propagandni celi, koi se ocigledni. Da ne bidam pogresno razbran, ne gi sakam premnogu ni VMRO, ni ostanattite, oti ima mnogu kadrovski utki, na rakovodni lokalni mesta. A, i nemozat da se spravat na vistinski nacin so saboterite vo site ministerstva.
Од: Vlav
Датум: 20.12.2008 18:07:59
Ova sto VMRO go pravi so sudstvoto, mislam deka e identicno so postapkata na Evreite koga go nateraa Pilat namesto zlostornikot Baraba, da bide osuden Isus. Samo neka znaat vmrovcinjata deka zivotot e trkalo. Da ne ocekuvaat deka, ako na nekoj mu udrat slakanica, ke mu go zavrti i drugiot obraz. Koj za mec se faka od mec ke zagine.
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 21.12.2008 09:14:03
Правдата на Грујо и неговите судии е следната- Недај боже, Грујо да те стави на црната листа . Тогаш на сцена стапува партиската полиција заедно со партиските истражни органи и те апсат. За миг си во Шутка, во што е апсурдот. Наместо првин да се најдат докази и да те однесат пред суд тие првин те притвараат па ти од Шутка докажувај дека си невин. Тоа е правдата на ВМРО. А
нашиот народ си ја почитува поговорката,,Нека умре моето магаре, но на комшијата да му умрат и магарето и жената,,
Од: iskren
Датум: 21.12.2008 09:17:51
koga citam vakvi neregularnosti doagam do konstatacija ovoj problem moze da se resi samo so postavuvajne na najvisokiot covek na sudstvoto od stranstvo koj nema da bide pod vlijanije na ni edna politicka ili instituijalna grupa bog izbavi ovoj narod so vekovi poroben.
Од: verag
Датум: 21.12.2008 12:15:41
Se dodeka parlamentot razra[uva sudii nema da ima nezavisno sudstvo. Isto i dodeka nazna;uva ;lenovi na sudski sovet,a ovie ;lenovi na sudovite.
Од: ххл
Датум: 21.12.2008 16:06:52
Судиите судат политички,ама од интерес,а не под притисок.Тоа го знаат и децата.И 50 000 евра да им дадете,нив им се малце.Решение е судиите сите од ред да се менат со нови од после 90-та дипломирани.