Проектот „Компјутер за секој ученик“ за кој Владата, според министерот, потроши рекордни 50 милиони евра, доживеа тотално фијаско, обвини вчера опозицискиот СДСМ. Според Јани Макрадули, член на ИО на СДСМ, како резултат на погрешно осмислениот и аматерски подготвен проект, имаме компјутери што стојат во подрумите, а оние малку што се инсталирани се користат единствено за компјутерски игри.
Според Макрадули, ова е само еден пример за големите промашувања на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во областа на информатичката технологија. „Каде е бесплатниот Интернет за сите граѓани, каков е тој е-катастар кога граѓаните мора да дојдат на шалтерите за да извадат имотен лист, што се случи со проектите ’компјутер за едно евро дневно’, ’е-здравје’, ’универзитетска ИТ-мрежа’...“, праша Макрадули.
Според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, проектите што ги набројал Макрадули се веќе реализирани или се во фаза на реализација. „Токму Владата на ВМРО-ДПМНЕ го формира Министерство за информатичко општество. Овој податок доволно говори за посветеноста и вложувањата на Владата во сферата на информатичкото општество“, рече таа. (П.Р.)
Кога се ч��та критиката на ,,експертот,, по информатика на многумина им паѓа на памет идеата да нему му се препушти целата идеа за компјутеризација.Во своите редови има некој што пак има сопруга која се бави со информатика која пак има дел од фирма во милионски евра вредност.Е сега ќе било непотизам,големи чуда што прават пак овие на власт.А и се има лично искуство во ваква работа.
Од: е-Ајван е-Доктор®
Датум: 13.09.2010 13:06:32
Неверојатно,но проектите се во фаза на реализација-предвидени се со проектот „е-Македонија 3025“! ;)
Од: kole
Датум: 13.09.2010 13:57:14
А нека ми каже Феликс каде не киксна оваа Влада????? Сигурно кај наколните живеалишта.... изгледа таму и ќе завршиме......
Од: internetdzija
Датум: 13.09.2010 14:39:26
Pa jas kolku sto se sekjavam besplaten internet ima sekoj den vo internet kafinjata sto se postaveni niz republikata kade moze sekoj student i penzioner da odi i da gi koristi bezplatnite uslugi ovozmoseni od drzavata. Ostanatite gragjani moze da koristat bezplaten internet vo periodot naveden od strana na drzavata (istoto go pisuva na strana 80 od Programata prerodbata prodolzuva). E sega nesto sto nemozam da razberam zosto bi imalo bezplaten internet sekoj den za sekogo. Pa neli treba nesto da se plati, pa za dzabe li zarabotuvame pari! Pa neka pratenicite rabotat za bez pari, i togas neka imaat bezplaten internet ili neka ne se plakja nisto, se da bide bezplatno...so ubo.
Од: Petrovski Toni
Датум: 13.09.2010 15:35:35
kiksna i so swed milk,veronaukata,maturite,ucebnicite,sudstvoto,izvrsuvawjeto,tenderite za malihidroelektrani,ezerskata plovidba,vrabotuvaweto,investiciite,neiskoristeni ipa fondovite.promotorite,prekugranicna sorabotka,pasosite,azilantite,grabezite na bankite,privatizacija na zagubarite,skandali vo telekom,
Од: Трпе
Датум: 13.09.2010 19:34:58
Од овие 50 милиони евра,гарант 20 милиони ги лапна машината за перење.Нема потреба од компјутер секој може да пресмета со дигитрон дека цената на ова што е набавено е пренаплатено.Ех каква штета бабами си умре без да научи да работи на компјутер.А и таткоми пред педесет години немал ниту персонален ниту училишен компјутер А ние сега имаме и интернет..За се е виновен социјализамот.