Број 3380  понеделник, 13 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Интервју

Македонија е пример за информатичка технологија во регионот

Блаж Голоб, директор на Центарот за развој на е-управување во Љубљана

Преку ширење на информатичко-комуникациската мрежа им помагаме на институциите и им заштедуваме време и пари

Жаклина Хаџи-Зафирова


Во Охрид се одржува конференцијата за е-демократија, организирана од „Некст сенс“ и од Центарот за развој на е-управување со седиште во Љубљана. Може ли да појасните која е целта на конференцијата?


Една од целите е да се идентификува добрата регионална практика базирана врз седумте столбови што се потребни за развој на информатичкото општество. Тоа се: е-влада, е-демократија, е-бизнис, е-образование, е-истражување и култура, е-правда и е-безбедност, како и е-здравство. Е-демократијата е прифатена како еден од стратешките приоритети за развој на информатичкото општество од владите на земјите во Југоисточна Европа.



Каква е улогата на Центарот за развој на е-управување во Југоисточна Европа?

Центарот во Љубљана промовира поширока политика на креирање, правна регулатива и информатички и комуникациски технологии за имплементирање на решенија за успешно регионално управување и развој во Југоисточна Европа. Центарот е формиран во 2008 година од Регионалниот совет за соработка - „– eSEE “, потоа Владата на Словенија, Европската фондација, УНДП, академијата ИНА и SRC.SI D.O.O. , како и двата партнера „Мајкрософт“ и „Сименс“. Сите тие ја препознаа важноста за регионална соработка и на јавното приватно партнерство за развој на информатичко-комуникациските технологии во Југоисточна Европа.



Како го поддржувате развојот на е-управување и им помагате на државните институции?

Преносо�� на знаење и развојот на принципот на е-управување во регионот на ЈИЕ се спроведува во рамките на Центарот за е-управување. Центарот има цел да обезбеди регионална конекција за интензивирање на соработката меѓу ЕУ-институциите и земјите-членки, како и меѓу земјите на ЈИЕ. Поточно, активностите на Центарот се насочени кон оспособување на човечкиот капитал, регионалните бизниси, невладините и друг вид организации. Преку ширење на информатичко-комуникациската мрежа, а врз база на принципот на е-управување им помагаме на институциите и им заштедуваме не само време, туку и пари. За промоција на седумте столбови на информатичкото општество организираме и семинари, работилници и тренинзи за различни таргет групи.



Каде се позиционира Македонија во однос на практикувањето на е-демократија во споредба со соседите?

Република Македонија е многу напредната на ова поле. Успешните решенија за информатичка и комуникациска технологија во Македонија може да бидат употребени како добар пример во другите земји на Југоисточна Европа, а земјата може да го сподели своето искуство на полето на е-демократија. „Некст сенс“, која е етаблирана регионална софтвер компанија, се грижи за успешните решенија на информатичко-комуникациската технологија, што овозможува подобро функционирање на владите и на парламентите.



Колку е напред Словенија во однос на информатичката технологија?

Од зачленувањето во ЕУ, Словенија разви голем број е-услуги. Предноста на членството во ЕУ е достапноста до слободен проток на информации и знаење меѓу земјите-членки. Од тој аспект, Словенија можеше да учи и да соработува со другите земји-членки, кои веќе имаа развиено јавни услуги на принципот на е-управување. Ова очигледно е една од причините зошто Словенија напредуваше во областа на е-влада и ги подобри онлајн- услугите во споредба со постарите земји-членки на ЕУ.


#
Статијата е прочитана 1114 пати.

Испрати коментар

Од: е-Ајван е-Доктор®
Датум: 13.09.2010 13:03:25
Во е-Македонија е најубаво да се е-живее!Еееее...e-error!
Од: Aaron
Датум: 13.09.2010 13:26:57
Za regionot Gevgelija-Tetovo li se zboruva???
Од: Itar Pejo
Датум: 13.09.2010 13:38:17
Makedonija e zemja na informaticari. Site ni zaviduvaat, nikoj ne investira kaj nas. Mene se mi se cini deka ovoj covek, kako i onoj evroptatenikot si igraat majtap so nas. .
Од: Potemkinovi sela
Датум: 13.09.2010 15:06:16
Se majtapat.
Од: јас
Датум: 13.09.2010 16:00:40
Наводниците на насловот на текстот ОД АВИОН СЕ ГЛЕДААТ !!!

Најди! во Утрински
Политика
Владата ќе инвестира во Геронтолошкиот завод
Владата киксна и со компјутерите, обвини СДСМ
Владата, сепак, ќе најде пари за Антикорупциска?