Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Измамничка ќарила од инвеститор 45.000 евра

Петнаесетдневен притвор и' е одреден на скопјанката П.О. (27), бидејќи со измама успеала да ќари 45.000 евра. Според МВР, се' почнало кога П.О. му се јавила на бизнисменот А.З. од Скопје, кој веќе уплатил 1,5 милион денари (20 проценти од вкупната цена) за деловен простор на улицата "Џон Кенеди" во Чаир, сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП). Измамничката се претставила како Славица, вработена во претпријатието, која може да му помогне во купувањето на објектот.

Побарала 45.000 евра за да ја забрза процедурата и се договориле парите да бидат исплатени на рати. Измамничката дури и му покажувала документи, за кои подоцна полицијата утврди дека биле фалсификат.

Во мај годинава, П.О. побарала од бизнисменот да ги уплати и последните 30.000 евра и дека објектот ќе биде негов, дека за себе ќе задржи само 8.000 евра, а другите пари ќе му ги врати. Но, откако ги зела парите, измамничката ја снемало.

Бизнисменот ја побарал на нејзиното работно место во ЈПССДП, но бил шокиран кога установил таму немало вработена со такво име. Случајот бил пријавен во полиција, при што била откриена измамничката. (Г.А.)


Статијата е прочитана 724 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Идентификуван кумановецот што се фрли од Искрин мост
Македонски иселеник во САД ја застрела сопругата
Автомобил со огромна брзина удри двајца пешаци во Скопје