Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Автомобил со огромна брзина удри двајца пешаци во Скопје


 фото СИТЕЛ

Даница Николовска (74) загина, а нејзиниот син Марјан (42) се бори за живот откако беа покосени од „алфа ромео“

Стравотна сообраќајка, во која се една жена загина, а нејзиниот син се бори за живот, се случи во четвртокот околу 18,15 часот во центарот на Скопје. Автомобил „алфа ромео“, управуван од А.Н. (40), кој се движел со голема брзина, ги покоси пешаците Даница Николовска (74) и нејзиниот син Марјан (42), додека ја преминувале улицата „Мито Хаџивасилев - Јасмин“ на необележан пешачки премин во близина на АМСМ. Марјан бил пренесен на Клиничкиот центар, од каде што велат дека неговата здравствена состојба е критична, бидејќи имал тешки повреди на рамото и на нозете. Полесно бил повреден и возачот на автомобилот, кој по укажаната лекарска помош во Ургентниот центар, бил пуштен на домашно лекување.

Очевидци на сообраќајката велат дека судирот бил стравотен.

„Колата возеше ептен брзо, одеше накај семафорите кај зградата на НИП-от, се обидуваше да закочи, ама ништо. Практично ги сомле пешаците“, раскажуваа шокираните очевидци.

За силината на судирот најдобро сведочи скршената шофершајбна на автомобилот. Очевидци велат дека силниот удар ги качил мајката и синот на шофершајбната, а потоа ги фрлил на асфалтот. Поради брзината, автомобилот, наводно, запрел дури стотина метри подалеку од местото на судирот. Покриеното тело на мртвата жена лежеше на асфалтот три часа по несреќата. Полицијата ги истражува причините за несреќата, по што ќе се знае дали против возачот на автомобилот ќе биде поведена кривична одговорност. (Г.А.)


Статијата е прочитана 1564 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 18.10.2008 00:10:03
Nisto novo od Skopje, seuste se vozi po SkOPSKI bez pocituvanje na elementarni pravila, i uste ako vozacot e od nekoja struktura od vlasta... tesko tie sto si go krkaa...
Од: Realen
Датум: 18.10.2008 06:08:25
Motorizirani ubijci se dvizat so ogromna brzina niz ulicite niz Makedonija.Skopje je recisi katastrofa.Za dve nedeli sto bev vo Skopje vidov samo nekolku koli saobrakajna policija.Smetam deka brojot treba da im se zgolemi tripati i da se vovede nekakov red.Treba stapici da im se postavuvaat na tatinite mazenicinja uste kolku luge treba umrat za ednas da se vovede red vo Skopje.Pijani vozaci na site strani Katastrofa.
Од: spase
Датум: 18.10.2008 06:45:33
Navistina zalosno. kako moze da se sluci vakvo nesto vo naseleno mesto. Vozac sum povece od 35 godini i prosto me faca strav da vozam niz gradov, osobeno poslednive nekolku godini. NEeobelezani premini za pecasi, nepocituvanje na vozacite da propustaat pesaci, nepocituvanje na crveno svetlo na semaforite. Kade e soobracajnata policija??? Lekot e ednostaven, kaznuvanje, snimanje so video kameri na najfrekventnite raskrsnici, svetot go znae receptot i toj treba da se primenuva celosno i do kraj.
Од: Уа за примитивните читатели и новинари
Датум: 18.10.2008 09:19:47
Луѓето не си ја гледаат работата само сакаат да слушнат како некој е убиен, уапсен, унесреќен, понижен. Наместо да се направи вкрстување на улиците вон ниво, да се направат подземни и надземни пешачки премини особено во центарот на градот...Што треба да се направи да се оставаат колите во Ѓ. Петров. Да се вози по 20км/ч. Не треба современи решенија во кои ќе се вози безбедно брзо а не ќе се лази и пешаците вон ниво ќе ги минуваат сообраќајниците. УА А! ЗА КРВОЛОЧНИТЕ ЧИТАТЕЛИ И НОВИНАРИ КОИ ОСВЕН КРВ НИШТО ДРУГО НЕ ГИ ЗАСИТУВА.
Од: srebre
Датум: 18.10.2008 10:37:15
ziveam vo blizina i ulicata mi poznata nesto sto najmnogu fali na ova mesto e legnat policaec t.e. ne bi doslo do ova koga bi imalo ova,drugo vozacot po lekarska pomos pusten na domasno lekuvanje?ova e direktno za pritvor zatoa sto svesno vozel ogromna brzina i znael moze da dojde do ova.znaci li sevo ova ako vozime 120 vo grad imame pravo da pregazime ludje na nepesacki premin?a kaj se i kamerite(koi ima cena najniska cena od samo 10evra)koi ce otkrivat brzo vozenje i da se davat kazni na toj nacin kako vo evropa?
Од: taipov abdula- intelekt.od turskata nacionalnost
Датум: 18.10.2008 17:41:24
Vo Evropa pesacite imaat prednost vo pesackiot premin pesakot da stoi do pesackiot premin toj ima prednost vozacot e dolzen da go poceka da pomine pesakot a posle toa da vozi dolzen e soferot od daleku da kontrolira dali pokraj pesackiot premin stoji pesak pesakot ima prednost.
Од: REVOLTIRAN
Датум: 19.10.2008 07:30:09
Pa dobro be do koga ke stoite so skrsteni race,ke gi iscisti li nekoj nekogas ovi idioti sto se zamisluvaat deka se na trkacki stazi,do koga ke ginat nevini zrtvi od idioti sto sakaat da se pravat nad zakonot ,jaka kola pari i vlast,POLICIO POCNI VEKE DA GI CISTIS IDIOTITE OD ULICITE SITE KE VE PODRZIME !!!!!!!!!!!!!!!
Од: taxi shofer Stockholm
Датум: 19.10.2008 08:11:35
ZA UA SKOPJANECOT sto saka avtopat vo sred skopje. Vozam taxi niz cel stokholm i nesmeam nitu kilometar poveke od 50 km/h ili30km/h i segde stignuvam na vreme ti UA gospodine izgleda ne si videl soobrakjaj ili nesto nee vo red so tvojot mozok. pregledajse, a nemoj slucajno za volan da si pomislil a narocito U skopje da si vlegol ke skapis vo zatvor od koga ke pokosis nevini sogragjani. Na selo ke ti bidi podobro da pasis ovci vo sara tamu nema kogo da gazis...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Измамничка ќарила од инвеститор 45.000 евра
Идентификуван кумановецот што се фрли од Искрин мост
Македонски иселеник во САД ја застрела сопругата