Го расекол со нож оти не му го дал возилото
Осумнаесетгодишно момче од Кратово под дејство на алкохол ја нападнало својата мајка, а потоа со нож расекло случаен минувај, сакајќи да му го земе автомобилот. Инцидентот бил пријавен завчера околу 15 часот во полицијата во Кратово.
Осумнаесетгодишниот Н.Л., под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 43-годишна мајка, нанесувајќи и' телесни повреди.
Потоа отишол на улицата „Ѓорѓи Какашевски“ каде што запрел автомобил „рено канго“ и со нож го расекол возачот по стомакот и челото откако тој одбил да му го даде возилото. Повредениот возач е пренесен во Медицински центар во Куманово каде што му е укажана лекарска помош. Момчето е приведено во кратовската полиција за расчистување на случајот. (Х.Р.) |