Откриени 15 девојки при рација во Полошко
Полицијата при претрес на кафеана во близина на автопатот Тетово – Гостивар открила 15 девојки, повеќето странски државјанки, кои илегално престојувале во земјава. Акцијата била спроведена вчера во еден часот по полноќ во угостителскиот објект „Алпе Маре“, сопственост на Ф.Т (42) од Неготино, Полошко.
Притоа се откриени девет странски и шест македонски државјанки на возраст од 22 до 32 години, кои биле ангажирани како пејачки и келнерки. Осум девојки од Албанија и една од Косово, заедно со сопственикот на објектот, се приведени и задржани во гостиварската полиција. За две од нив е утврдено дека во земјава влегле илегално. Полицијата по расчистувањето на настанот, против нив ќе поднесе пријави за злоупотреба на туристичкиот престој со нелегално вработување, а против сопственикот за нелегално вработување на странци. (Х.Р.) |