Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Хроника

Мртов скопјанец извлечен од бездна

Дејан Рајковиќ (37) починал од срцев удар шетајќи во Мариовско со своите пријатели

ПРИЛЕП - Триесет и седумгодишен скопјанец загина завчера попладне додека бил на прошетка во Мариовско. Според истрагата, Дејан Рајковиќ (37) починал од срцев удар, по што паднал во бездна. Морало да интервенира и полициски хеликоптер за да го извлече мртвото тело. За само неколку месеци, семејството Рајковиќ од Драчево го потресоа две трагедии откако пред неколку месеци постариот брат на Дејан починал во Прага.

Четврточната драма се одвивала кај месноста Мокра Стена во атарот на прилепското село Манастирец, поточно во близина на местото каде што ќе се гради хидроцентралата „Чебрен“. Според полицијата, Рајковиќ бил на прошетка заедно со уште тројца пријатели од Скопје. Во еден момент изгубил свест и починал. Поради непристапниот терен, телото на починатиот скопјанец вечерта околу 19,30 часот било извадено со хеликоптер и однесено во прилепската болница. Докторите констатирале смрт, по што била побарана обдукција.

Како што велат од истрагата, Рајковиќ починал од природна смрт, односно дехидрирал. Легнал на земјата да се одмори, му се намалил пулсот и паднал во безна длабока десетици метри. Предходно, околу 16-17 часот штом се пожалил дека не му е добро, неговите пријатели се јавиле да побараат помош од полицијата, иако конекцијата била слаба.

„Од височината од каде што не можеле да слезат ниту нашата екипа ниту претставниците на полицијата не можеле да утврдат дали лицето е починато или живо. Но, побарале помош од Центарот за управување со кризи подрачна единица во Прилеп, каде што им излегле во пресрет. Бил побаран хеликоптер со комплет спасувачки тим со лекар. Слегле во кањонот, но утврдиле дека лицето е починато“, изјави д-р Гоце Јонзоски, началник на службата за Итна медицина помош од Прилеп.

Како што изјави истражниот судија од прилепскиот Основен суд, Зоран Стеваноски, поради непристапниот терен, не било можно да се изврши ниту увид.

„Со обвинител и полициска екипа се упативме во Градската болница. Докторот, кој изврши првичен преглед, констатира дека нема повреди што може да укажат на причината за смртта. Но, околу 21,30 часот од терен се врати полициската екипа со тројцата пријатели што заминале со Рајковиќ во Мариово како што рекоа, за да го видат теренот каде што се одржуваат мото-турите. Од нивните изјави се утврди дека тие не носеле соодветна опрема, ниту вода, па дошло до дехидрирање. Починатиот во еден момент почувствувал замор, легнал на теренот да се одмори, но почнал да го губи пулсот. Во тоа време неговиот пријател се обидел да стапи во контакт со полицијата, но мрежното покривање не било најдобро“, изјави истражниот судија Стеваноски.

Во семејството на починатиот скопјанец во Драчево тага и шок. Не можат да поверуваат дека за кратко време ќе ги снајде уште една несреќа.

„Брат му пред неколку месеци загина трагично во Чешка. Имаа уште една сестра. Дејан зад себе остави сопруга и двегодишна ќерка. Трагедија“, ни зборуваше еден од роднините на починатиот додека одеше кон куќата на Рајковиќ за да оддаде последна почит. Како што велат соседите, Дејан не бил активен планинар, а се занимавал со приватен бизнис. (Мн.Т.- Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1617 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Бизарен спор за една бизарна смрт
Го киднапирал љубовникот на ќерка си
Го расекол со нож оти не му го дал возилото
Откриени 15 девојки при рација во Полошко

"""