Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Хроника

Бизарен спор за една бизарна смрт

ОХРИД - Кога пред нецела година во Охрид беше убиен српскиот турист Дејан Новаковиќ, охридската локална самоуправа и градоначалникот Александар Петрески направија се' да му помогнат на семејството од трагично настраданиот млад белграѓанец. Градоначалникот беше лично на испраќањето на посмртните останки, го носеше портретот на настраданото момче, лично побара, а Советот на Охрид одобри 5.000 евра како прва помош на семејството на Новаковиќ. Граѓаните го поздравија тоа како чин на грижа и однос кон едно семејство што го изгубило најблискиот.

Една година потоа, градоначалникот вели дека „ниту свети СДСМ не може да го натера да ја доисплати ветената сума. „На семејството би му порачал да биде покоректно. Работите што ги договараме, а кои се интимни, да останат меѓу нас. Нема потреба да одат ниту во медиуми, ниту во СДСМ, ниту каде било. Со тоа што го прават, ме тераат да го сменам својот однос кон нив. Доколку не се коригираат во својот однос, можам да ја сменам одлуката и да се намали исплатата на средствата и да останат само со парите што ги добија. Треба да се однесуваат како што доликува, имаше трагичен настан. Не се дојдени на печалба“, вели Петрески.

Градоначалникот е непопустлив. За него, петте илјади евра не биле обврска, туку подарок за семејството. Тој е зачуден што на ваков начин, преку медиуми, се бара остатокот од средствата, кои, според договореното, требало да се исплатат на рати.

„Никаков притисок нема да влијае врз мојата одлука. Парите ќе ги добијат кога ќе го сменат својот однос. Во спротивно, ќе предложам на Совет да се смени одлуката и тие да останат без пари“, се заканува Петрески.

Мајката на убиениот српски турист Дејан Новаковиќ, Јулијана Зубовиќ, бара од локалната самоуправа на Охрид во целост да се исплати ветената сума за загубата на синот, кој во минатото лето во тепачка беше убиен пред охридската пошта. Обвинува дека градоначалникот повеќе нема слух за нивните барања. „Досега два пати се исплатени околу 3.500 евра. Сопругата на Дејан остана со три деца, не работи, а има постојани трошоци, меѓу другото, за патувањата на судењето. Се обраќаше повеќе пати за да го испочитуваат договореното. Имавме трошоци и за погребот и за пренесувањето на телото преку граница. Се надевам дека ќе ги дадат сите пари, но малку се неефикасни“, вели Јулијана Зубовиќ, мајка на убиениот српски турист. (В.М.)


#
Статијата е прочитана 1894 пати.

Испрати коментар

Од: Branko
Датум: 02.07.2011 00:58:01
Tipicno Vmrovsko - OHRIDSKO ponasanje. Sto mesa SDSM - ne mi e jasno. A AKO VETIL - VETIL I TREBA DA SI GI ISPOLNI VETUVANJATA. A NE TUKA DA PRETI. I STO AKO NE GI DOISPLATI PARITE? E PETRESKI, PETRESKI - SITNA DUSO.
Од: do branko
Датум: 02.07.2011 04:48:02
branko ubavo im kazal covekot, ne se dojdeni na pecalba i treba da im bide sram sto baraat pari. zarem tie 5000 evra ke im znacat nesto? ako se tolku bedni kako sto izjavuvaat, e togas rabotava e "selo gori a baba se cesla"!! nemaat pari a odmor teraat....i za kraj NE PRETI tuku se ZAKANUVA. pozdrav
Од: zrak
Датум: 02.07.2011 05:46:58
ova sveti sdsm od negde mi se poznati,i toj sto prv gi izgovori veti mnogu raboti,ama toj sto mu poveruva se izgore.Petreski znam koj ti e ucitel [arogantni licnosti]
Од: marioec od Azija
Датум: 02.07.2011 09:07:02
E sto go mesas sega ti pa VMRO,nitu e spomenato nitu involvirano vo prikaznava,a kolku nsto znam jas Petreski e od SDSM,i ja priznava samo nejze za vlast.Inaku toj treba da si daj ostavka,ionaka ne go bivat

Најди! во Утрински
Хроника
Мртов скопјанец извлечен од бездна
Го киднапирал љубовникот на ќерка си
Го расекол со нож оти не му го дал возилото
Откриени 15 девојки при рација во Полошко

"""