Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Втора страница

„Туниско сценарио“ на Балканот?

Прелевање на албанската криза во Македонија моментално се смета за неверојатно

Димитар Чулев


„Нема сличност на настаните од 1997-ма, кога Албанија имплодираше поради падот на пирамидалните штедилници, со настаните денес и нема ни веројатност од било каква опасност од прелевање на тамошната криза во Македонија“, тврди Стево Пендаровски, професор на Американскиот колеџ, за актуелните случувања во соседството.

Протестите на 250.000 луѓе на плоштадот Сендер-бег во Тирана, судирите со полицијата и загинувањето на тројца демонстранти ја врати Албанија (и регионот) на насловните страници на светскиот печат. Премиерот Сали Бериша се закани дека “за секое прекршување на законите ќе следи заслужена казна„ и дека „не постои сила на светот која може да ги преземе демократските институции на една членка на алијансата, па и порача на опозицијата да не се обидува да режира „туниско сценарио“ во Албанија. пак на западните земји и ЕУ, преку Кетрин Ештон и Штефан Фуле, побараа воздржување од насилство.

„За да може Албанија да напреду��а на својот европски пат, ги повикуваме албанските политичари да се вклучат во конструктивен политички дијалог за решавање, без било какво понатамошно одложување, на долготрајниот политички ќор-сокак...“ се вели во пораката на Ештон и Фуле.Аналитичари од Американската агенција за политички анализи Стратфор стравуваат дека „немирите во толку длабоко поделеното и клановски засновано албанско општество носат опасност да станат регионален проблем“.

Според Пендаровски таквата прогноза е претерана, барем во однос на Македонија. Во ’97 Македонија беше соочена со бран бегалци и со нелегален увоз на дел од украдените 500.000 парче оружје од албанските касарни кое подоцна се појави во Косово, а дел и во Македонија.

„Битката за албанската кауза во овој момент е во доминантен дел решена со создавањето на втората албанска држава Косово, така што ново прекројување на границите е исклучено, заедно со опасноста од било какво прелевање на кризата“, вели Пендаровски. Тој не верува во „туниско сценарио“ на Балканот бидејки како што вели „политичките мотиви за она што се случува во земјите на Магреб, на Блискиот Исток, настаните во Грција во Италија и сега во Албанија се потполно различни. Се работи за временско совпаѓање“ вели Пендаровски, иако се согласува дека и од таа и од оваа страна на Медитеранот постои социјално незадоволство особено кај младите кои „не живеат онака како што би сакале да живеат„.

Професорот на ФОН, Мерсел Биљали, вели дека не може да се спореди ситуацијата од ’97 со оваа сега. „ Албанија во моментов е внатрешно многу стабилна земја, а ова што се случува е резултат на нервозата на една структура која не може да се види себе во улога на опозиција“, вели Биљали. Тој не стравува ни од можноста за прелевање на политичката криза кон Косово или кон Македонија. „Би рекол, дека Македонија повеќе треба да стравува не од импактот од Албанија, туку од евентуална внатрешна економска експлозија. Додека во Албанија само лани влегоа две милијарди долари инвестиции, власта овде не престанува да ги провоцира економско и социјално деградираните граѓани“, вели тој. Притоа ја исклучи секоја можност од влијание на овие настани врз меѓуетничките односи во Македонија.

Од нашето Министерството за надворешни работи велат дека ситуацијата во соседна Албанија внимателно се следи, но нема индикации за опасност од прелевање на кризата. Нема податоци дека македонски граѓани биле затекнати или дека биле во опасност во Албанија деновиве, но, како што ни рече Борче Стамов, портпарол на МНР, македонските граѓани се предупредуваат да бидат внимателни доколку патуваат во Албанија.

Албанија веќе подолго време не добива позитивен одговор од ЕУ за апликацијата за членство и, иако од 2008 година е членка на НАТО, сепак не е ни приближно блиску до отстранувањето на слабостите кои стојат на патот кон ЕУ: демократска незрелост, ,слаб судски систем, висок степен на корупција и организиран криминал. Конечно, од 1991 ни едни избори во земјата не поминаа без сериозни нарушувања, а последните од 2009 се и причина за бунтот зад кој во голема мерка стојат опозиционите социјалисти на Еди Рама. Дел од анализите на Стратфор сугерираат дека најновите протести во Тирана се израз на спречените тензии меѓу власта и опозицијата во земјата, кои траат веќе година и половина. Според нив, актуелните судири потсетуваат на претходните периоди на нестабилност во Албанија, вклучувајќи ја тоталната анархија која владееше во земјата во 1997 година. Но, иако постоеше минимум опасност настаните да ескалираат како пред 14 години, вчера претседателот Сали Бериша ја зголеми со еден контроверзен потег - наградувајќи ги со четири плати припадниците на полициските сили кои со примена на сила ги „смирија“ минатонеделните протести во Тирана. Инаку, по ’89 и ’97 ова е трето случување народ на тиранскиот плоштад Скендер-бег.

Еди Рама, лидер на опозициската Социјалистичка партија негираше дека неговата партија се обидела да направи пуч во земјата. Социјалистите веќе година и половина не го кријат незадоволството од последните избори за кои велат дека биле лажирани и најавија продолжување на митинзите.

Албанија патем не е поштедена од глобалната економска криза и, иако можеби политичките причини се различни, економскиот момент е заеднички со другите земји во кризи. Тие веројатно нема да се бунтуваат против демократски режими во своите земји, но нивниот разочарување е очигледно...“, оценува Жан Паоло Ацардо во коментарот на „Пресјуроп“.


#
Статијата е прочитана 1276 пати.

Испрати коментар

Од: s
Датум: 25.01.2011 13:08:15
Od kade brojkata od 250.000 demonstranti, koga renomiranite sbvetski agencii zboruvaat za 25-30 iljadi ucesnici?!....
Од: ajde
Датум: 25.01.2011 13:39:53
Daj bre ne sporeduvajte ja Makedonija i Albanija....Albanija ne e ni drzava toa e teritorija podelena na klanovi i ziveat vo 19 vek.....Bidete malku seriozni
Од: Ајван Доктор®
Датум: 25.01.2011 14:20:02
Зачудувачки,но кога долго акумулираното незадоволство ќе се излее на улиците на Запад,тогаш имаме молк и реакција,како да се случува нешто нормално!Кога истото се случува на Истокот,тогаш веднаш се јавуваат „загрижените“укажувајќи ни дека „дивјаштвото“ и барањето права се недозволиви!Можноста за прелевање и излевање на незадоволството секогаш постои,и покрај менталитетот „трпение-спасение!“,и поред сите залажувања на народот,тој е недефинирана аморфна маса,која натрупаното незадоволство го изразува експлозивно и сосема импулсивно,водејќи се од своите потреби!Но,очигледно е,народните потреби се „лепче и солца“во однос на оние архиепископските на владетелите,-прасенца,муфлони,фазани и еребици!Молчи Трпе! www.ajvandoktor.blogspot.com
Од: tomass
Датум: 25.01.2011 14:50:45
Izgleda tesko ni e da pogledneme vo realnosta .Makedonija 100 milioni investicii Albanija 2 milijardi investiciii>nie tapkame vmesto tie stanaa clenki na nato .Koj zivee sega vo 19 vek neznam ama znam deka ako vaka prodolzime so ekonomijata ne ni bega Albanskoto scenario so demonstraciite
Од: vasil
Датум: 25.01.2011 17:30:59
Dali zaboravme to shto se slutsi vo Francia, Germania i drugite zapadni drzavi. Istoto se slutsi sega i vo Albania i mozi i utre i vo Makedonia. Nishto tsudno!
Од: tihi
Датум: 25.01.2011 17:35:16
Pa neli e vo NATO zemjava ,sto e problemot sega.
Од: do tomass
Датум: 25.01.2011 21:55:16
Ti gi vide li tie dve milijardi?Ne veruvaj vo se sto ke cues i procitas.Da vlegoa tolku pari tamu,nemase da ima tolkava beda tamu.
Од: alnanec
Датум: 25.01.2011 23:24:10
ne veruvam vo takvi gluposti albanija e clenka na nato alijansata a pretendira i za vo EU,pa ne veruvam deka bi se drznale albanskite drzhavjani na tunisko scenarijo pa neli albanija e demokratska drzava

Најди! во Утрински
Втора страница
Грција ја губи самодовербата околу спорот
И ноевите не виреат
Вербатим
Јолевски на консултации во Скопје