Јолевски на консултации во Скопје
Aмбасадорот Зоран Јолевски дојде во Македонија за да се консултира со државниот врв околу позициите за името, пред средбата со посредникот на ОН Метју Нимиц и грчкиот преговарач Адемантиос Василакис на 9 февруари во Њујорк. Тој ќе има одделни средби со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски,а веќе остварил средба со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. Предвидено е тој да има средба и со вицепремиерот Абдилаќим Адеми.
По лидерската средба што се одржа во петокот во Јасен, шефот на државата рече дека очекува Јолевски да го информира за евентуално нови моменти во пресрет на средбата во Њујорк. Прашан за македонската позиција за името, тој нагласи дека таа е позната и секаде искажана оти решението треба да се бара во рамките на ОН и усвоените резолуции. (Н.Р.) |