Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Скопје

За споменикот на Ѓ. Петров - половина милион евра

Сања Наумовска

Споменикот на Ѓорче Петров ќе чини петпати повеќе од првичната цена, обвинува опозицијата во Советот во истоимената општина. Наместо изградбата на патронот на општината, револуционерот Ѓорче Петров, да се затвори со финансиска конструкција од околу 150.000 евра, како што првично беше најавув��но, во игра влегуваат суми од 600.000 евра и повеќе. Парите ќе ги обезбеди Владата од државниот буџет.

За членовите на Советот од редовите на СДСМ сумата е преголем трошок дури и за државниот буџет. „Се залажуваат жителите на Ѓорче Петров дека ако парите не доаѓаат од општинската каса, не се вадат од нивните џебови, што, всушност, е сосема погрешно. Тоа се пари на сите граѓани“, вели советникот од СДСМ, Горан Симоноски.

Тој реагира на поигрувањето од страна на градоначалникот Сокол Митровски и на општинската администрација со различни суми за изградбата на споменикот. „Ако еднаш рекоа 150.000 евра, сега дојдовме до 500.000 евра или повеќе, кој ни гарантира дека до крајот на изградбата нема да стигнеме до милион“, прашува Симоноски.

Градоначалникот Митровски се огради од случајот, бидејќи, како што рече, не е упатен во постапката, финансиите, ниту во работата на Советот на последната седница. Претседателот на Одборот за поставување на споменикот на Ѓорче Петров, пак, Марјан Димитриевски тврди дека цената на споменикот останува 150.000 евра.

На последната седница на Советот на Ѓорче Петров пред два дена, била изгласана одлука за проширување на буџетот за околу половина милион евра. Парите ќе треба да пристигнуваат на рати во текот на годината, а треба да ги покријат трошоците за распишување тендер за леарница, како и за леењето на споменикот во бронза. Сепак, според Димитриевски, не мора да значи дека сите тие пари ќе легнат на општинската сметка. Тоа ќе зависело од тендерот и од изборот на леарницата.

„Досега за споменикот на Ѓорче Петров се потрошени само 70.000 евра, пари што ги доби авторот што моментно работи на моделот“, рече Димитриевски.

Од друга страна, пак, советниците од СДСМ реагираат што стотици илјади евра се даваат за шминка на општината во која половина од жителите се' уште користат септички јами, немаат асфалтирани улици и децата ги запишуваат во основните училишта во општината Карпош.

„Со овие пари може да се направи кружниот тек на улицата ’4 Јули’, кај црквата, да се асфалтираат ’Црногорска’ и ’Алекса Демниевски’ на која живеат повеќе од 3.000 луѓе, а речиси три децении не е обновена“, вели советникот Симоноски.


#
Статијата е прочитана 1240 пати.

Испрати коментар

Од: сведок
Датум: 27.08.2010 00:20:27
Советникот Горан Симоновски едно кажува пред медиуми и пред неговите претпоставени, а друго кога е на само со советниците од позицијата. Така беше кога се намалија паушалите, па молеше градоначаникот да даде "некој денар", и доби некој денар !!! Следниот месец следува ново молење за нов еднокаратен надоместок. Да сум како градоначалникот не би му дал ни скршен денар, за после да плука по него, а за волја на вистината градоначалникот сака задоволни советници.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 27.08.2010 05:34:00
Interesantno, Gradot Andrijevo ce potrosi 500,000 Evra za spomenik na Gjorce Petrov-Blgarski Deec, Covek sto ne ja priznavase Makedonskata Nacija,a i pored se toa, go smenija Immeto Andrijevo,i Go krstija Gjorce Petrov.. I sega se cudime, zosto komsiite ni se Smest vo Lice! Eve, i Jas se smeam na Makedonski Gluposti!
Од: iskrena
Датум: 27.08.2010 09:47:21
Ajde be dosta samo plukate po Gradonacalnikot kako ne vi e stram vakov Gradonacalnik nema da ima Gorce ni za 100 god. koga na ,,Vas,, sovetnicite nekogas nesto ne vi odi od raka odma go ocrnuvate vo mediumi i dosta veke ostavete go covekot da si ja raboti svojata rabota kolku i da napravi za graganite na ovaa Opstinata sekogas ke ima vakvi ,, nezadovolnii,,iako i jas se slozuvam so prethodniot komentar jas da sum na mestoto na Gradonacalnikot ne bi im dala ni skrsen denar a da za volja na Gradonacalnikot sekogas saka site gragani da se zadolni.
��д: Никогаш да не се вратат на власт!!!
Датум: 27.08.2010 10:27:40
За членовите на Советот од редовите на СДСМ сумата била преголем трошок!? Ги молам јавно да одговорат - каде се спомениците што тие ги изградија кога беа на власт? Или барем парите за нив???
Од: nekoj
Датум: 27.08.2010 11:31:38
Vo Gjorče Petrov na ulica 4. juli vo blizina na školoto Mirče Acev i edna najskapana samoposluga vo Skopje, e so godini nerešen problem: ulicata, inaku dolga nekolku kilometri, e na ovo mesto blokirana od nečiva kuka, koja postojano se "dograduva" - nee možno da se otkupi toj imot, lugevo da se odselat a ulicata konečno da se napravi? Poarno, nego da se investira vo spomenik.
Од: gorcevec
Датум: 27.08.2010 13:42:34
Градоначалникот Сокол со наши пари си гради рејтинг не водејки сметка дека тие пари, ние ке ги вракаме по неговиот мандат.Добро е што постојат такви советници кои зборуваат за нашите приоритети и потреби а тоа се асфалтирање на улици канализациска мреза итн. Сведок мозе грешам но нели советниците ги плакаме ние граганите а не градоначалникот од свои пари?
Од: Граѓанин
Датум: 27.08.2010 13:46:24
Споменикот на патронот во паркот кој со години е симбол на општината и со кој се идентификуваат многу генерации, ќе се замени со споменик кој кошта 600 000 евра, уште неизграден, а колкава ќе биде крајната цена никој незнае. Се плашам дека ова е само епизода во новата серија "Ѓорчепетровски Патрдии" Згрозен сум од коментарот на сведокот, Господине кој и да сте ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НЕ СЕ НА ПРОДАЖБА, ако вие веќе сте ги продале, оставете ги оние кои им мислат добро на граѓаните и Општината чесно да си ја одработат својата работа.

Најди! во Утрински
Скопје
В година стартува изградбата на трговскиот центар „Г-мол“
Директорот на Архивот ги скара советниците
Четврто прскање против комарци