Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Скопје

В година стартува изградбата на трговскиот центар „Г-мол“

Израелската компанија „Газит глобе“, преку својата подружница „Г-центрес“ во наредната година ќе стартува со изградба на голем трговски центар „Г-мол“ на просторот на некогашната фабрика „Алумина“ во Тафталиџе. Вкупната вредност на проектот изнесува 80 милиони евра, а средствата ќе бидат вложени во изградба на 90.000 квадратни метри.

Како што информираат од компанијата, половина од просторот ќе биде трговски центар, чии деловни единици нема да се продаваат, туку ќе се изнајмуваат, додека останатите 45.000 квадрати се наменети за паркирање. Според важечкиот урбанистички план, на локацијата е предвидена изградба на голем трговско-деловен комплекс. Трговскиот центар „Г-мол“ е првата фаза од реализацијата на проектот, а во втората ќе следува изградба на две деловни кули со максимална висина од 105 метри. Паркирањето ќе биде надземно и ќе се изведува во фази. Проектот треба да биде завршен во 2013 година.

„Центарот ’Г-мол‘ е пример за успешните напори на Групацијата да лоцира атрактивни места и да ги развие со укинатен концепт. Нема сомневање дека овој мол ќе стане водечка шопинг дестинација во Македонија“, вели Ропен Ашкенази, директорот на „Г-центрес“.

Израелската „Газит глобе“ е компанија за развој на недвижнини, поточно трговско-деловни објекти наменети исклучиво за изнајмување. На македонскиот пазар влезе во 2007 година кога на тендер го купи земјиштето на „Алумина“ лоцирано во опш��ина Карпош. За парцелата со површина од 42.306 квадратни метри беа платени 19,6 милиони евра. Компанијата поседува и имотен лист за целата локација.

Важечкиот ДУП на соседните локации предвидува изградба на повеќе станбени објекти, со што целиот простор на некогашната „Алумина“ ќе се претвори во голем станбено-деловен комплекс. Но, кога ќе се случи тоа, засега е сосем неизвесно, со оглед на тоа дека за дел од земјиштето се' уште постојат имотноправни проблеми. (С.Р.)


#
Статијата е прочитана 1883 пати.

Испрати коментар

Од: Кој ќе купува
Датум: 27.08.2010 07:53:35
Вработените од фабриката Алумина ? Пропадната инвестиција.
Од: Sanja
Датум: 27.08.2010 09:11:07
Toa ke se sluci koga ke se podmirat "potrebite" na familijata i koga tie "potrebi" legnat na smetka vo nekoja stranska banka!
Од: Skopje
Датум: 27.08.2010 10:38:12
Kakva vrska imaat vrabotenite. Tie si dobile isplata na zaostaati plati, pezii i zdravstveno. Dajte bre ludje malku optimizam na se negativno da se gledalo...strasno
Од: goka mak
Датум: 27.08.2010 18:26:24
sto pozitivivno da se gleda? ljugeto nemozat mesecot da go proturkaat a ne da se rasetavaat po Trgovski Centri , a ako e za tie hostaplerite sto steknale pari na somnitelen nacin so lopovluk ima dovolno eksluzivni dukani vo gradov
Од: Trajan
Датум: 28.08.2010 10:19:00
Do avtorot na napisov: подружница!!!!! Kako se veli na makedonski jazik PODRUZNICA????

Најди! во Утрински
Скопје
За споменикот на Ѓ. Петров - половина милион евра
Директорот на Архивот ги скара советниците
Четврто прскање против комарци