Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

СДСМ

Маневски ќе го унапреди Туфегџиќ

Опозициската СДСМ смета дека денешната седница на Судскиот совет е закажана итно за тајно да се направи избор на нови судии, во што со право на глас ќе учествува и министерот за правда во заминување Михајло Маневски.

„Дали е точно дека Маневски утре мора да издејствува унапредување на Владимир Туфегџиќ и негов избор во апелационен судија, поради сработеното во аферата ’Пајажина‘“, праша вчера потпретседателката на СДСМ, Ана Павловска-Данева.

„На Судскиот совет му е наредено да свика седница на која последен пат ќе присуствува и ќе учествува Маневски со право на глас. На таа седница ќе се избираат дури 13 нови судии, од кои тројца во Врховен суд. Зошто седницата на Судскиот совет за избор на толкав број судии се закажува среде лето, во период на колективен летен одмор во судството“, праша Данева.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ преку Маневски сака да воведе кадровски решенија во судството и „да награди одредени лица за сработеното во предизборието“.

Од ВМРО-ДПМНЕ одг��ворија дека министерот за правда има право на еден глас само поради измените на Уставот во делот за Судски совет што ги донесе СДСМ, а за кои ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш беше против.

„Лицемерството на СДСМ е, всушност, одлуката во 1996 година само за една вечер да се изберат 630 судии во сите судови во Македонија. Ваквиот избор тогаш не беше направен од самите судии, туку беше политички избор на подобни судии направен директно од пратениците во Собранието, каде што СДСМ имаше двотретинско мнозинство“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 1710 пати.

Испрати коментар

Од: trpe od gradsko
Датум: 18.07.2011 01:06:41
So ova se dokazuva deka VMRO-DPMNe ska da go partizira sudstvoto...Sramota...so ova gubat graganite i Makedonija...partizirano i korumpirano sudstvo vo korist na VMRO-DPMNE...Zosto vo posleden moment ke postavuvaat sudii...odigledna e namerata za partizacija..."i za ova e kriv SDSM i B.C."...???
Од: DVJ
Датум: 18.07.2011 09:22:05
Историчари и невидени лицемери, гонете се у ........... , доста ни кажувате работи што некој нешто направил во минатиот век....абе шапшали едни, што правите вие од ВМРО, сега во XXI век.....простаци невидени....
Од: Трпе
Датум: 18.07.2011 09:32:44
Што има толку згрешено македончето,од сопствениот народ да срада.Со гаволот да се дружеше можеби подобро ке му беше.Собрани предавник до прдавник кој на својот народ му наштетуват.И што сега како што вели неискусниот професор по право Наумовски, дека и по трет пат ке добиеме позитивен извештај од ЕУ.Да ова што се случува е за пофалба.Но по се излегува дека македончето на гаволот свеќи му пали.Кога оправдува и верува на незнам дали се човеци,кои по секоја цена државата сакат да ја уништат
Од: Илија
Датум: 18.07.2011 14:43:00
Овие бедници од судии послушници на власта што држат во затвор невини луѓе и овие членови на судскиот совет, продолжена рака на мафијата, зарем мислат дека нема да дојде денот кога ќе одговараат за своето криминално однесување.
Од: patriot
Датум: 18.07.2011 19:01:37
do site sto tresat gluposti go unapredi li manevski sudijata tufergic ???? izgleda ne sigurno se isplasil od "nezavisnive" ili od komunjarite mozda ???

Најди! во Утрински
На прво место
Само три нови ѕвезди на владиното небо
10 точки од владината програма
Ротации
Биографии на новите министри

"""