Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

СДСМ: Не се остварени економските проекти

Според опозицијата, вистината ја има во домовите на 31 процент сиромашни

„Болната и тешка вистина за четирите години владеење на Никола Груевски ја има во домовите на 31 процент сиромашни граѓани, во блокираните и ликвидирани фирми, во празните и напуштени слободни економски зони, во распаднатите болници, кај стечајците, невработените, земјоделците, лозарите, бранителите“, обвини на вчерашната прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Според него, вистина е дека Груевски не ги исполни ветувањата со кои дојде на власт во 2006 година, ја изневери довербата на граѓаните, не ги оствари проектите од портокаловата програма од 2006, надградена во 2008 година. Заев документирано посочи дека Владата не остварила 257 проекти и ветувања.

„Најмногу од нив, речиси половина, или 116, не се остварени во економијата. Во делот на поквалитетниот живот, културата, младите и екологијата, цели 74 ветувања се лажни, во областа на реформите на судството, борбата против криминалот и корупцијата Груевски не остварил 21 ветување, а во здравството 18 проекти останале само лажни ветувања на хартија“, рече Заев и праша дали, воопшто, нешто работи Груевски со својот портокалов тим, за што се потрошени народни 10 милијарди евра во овие четири години владеење, кога нема проекти.

Реагираше ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ да се обиде да креира реални проекти наместо социјални тензии, посочија од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува колегите од СДСМ, наместо да ги злоупотребуваат ранливите социјални категории за дневно-политички цели и да се занимаваат со создавање конфликти и со режирање социјални тензии и инциденти, да се обидат да креираат реални и основани проекти, со кои би им помогнале на граѓаните“, посочи портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

Тој додаде дека Ивица Младенов, човек кој се претставува како претставник на невладин сектор, завчера се обидел да предизвика инцидент во Штип. Бичиклиски нагласи дека бил неуспешен обидот на Младенов политички да го насочи собирот на стечајните работници во Штип и да предизвика тензија и инциденти.

„Неговиот стил на работа е по задача од СДСМ и од Црвенковски. За среќа, граѓаните на Штип видоа и проценија дека СДСМ, преку својот потрчко, сака да ги злоупотреби и му покажаа на Младенов каде му е местото“, рече тој и нагласи дека вакво нешто на Младенов му се случило и во Струга, каде што најавил масовни протести. Тоа, според него, значи дека граѓаните знаат да препознаат кога СДСМ се обидува да манипулира и не се одѕиваат на политичката манипулација. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 986 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 22.09.2010 12:45:40
Ne bese nisto poarno ni vo vase vreme,koga luge begaa po stranstvo, stecajci placea i setaa po ulici, a Sekerinska, Makraduli i ostala tajfa od SDSM(togas nadezni mladinci) setaa po kaficite na ulica Makedonija i ja reklamiraa poslednata moda, tasni od luj viton, maici la costa.......Znaeme sto bese. I ova e istoto,samo sto ovie ne se "reklamiraat" so tasni i maici, nego kutenkata si tovaraat. "Skromni" se lugeto.
Од: vvv
Датум: 22.09.2010 16:22:34
Ti Jovan koga ke razberes deka tokmu zatoa SDSM ja izgubi vlasta. A narodot gi izbra ovie za da mu bide podobro, a ne istooo razbiras?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.09.2010 19:03:05
Си ги распореди бројанките опозицискиот кампус,денес Заев,утре Макрадули,заутре Бучковски,четвртиот ден можеби лидерот и т.н А контра идеи како да се решат актуелните проблеми,,мало сутра,,.Вака подсеќаат на оној кој има несоница па брои до 1000 и назад да го фати сон.Зошто бараме контра идеи како народ,па ако критикуваш нормално е да понудиш решение а не голо критизерство.
Од: citatel
Датум: 22.09.2010 19:44:27
Gospodine Srecko, bi ti preporacal da gi prprocitas stenogramite od sobraniskite sednici od poslednite cetiri godini . Stotici i stotici predlozi i amandamani opozicijata ima predlozeno, no nema nisto prifateno od mnozinstvoto. Od druga strana del od tie predlozi po period od desetina meseci vo vid na predlog na na vladata se izglasani. Taka da ako si pismen i imas barem malku doblest vo sebe ocekuvam vo dogledno vreme otkako ke go storis toa (mislam na stenogramite) da im se izvnis na kutrite citateli koi ni krivi ni dolzni moraat da te trpat.
Од: pravda
Датум: 23.09.2010 00:19:13
Do Feliks: a da go primenis ovaa sto go preporacuvas,pa mesto da ja kritikuvas opozicijata da poglednes sto pravi vlasta,e moj Srecko (Katanec)nisto nema ni od tebe ni od tvoite,nesto pocna na celiot narod da mu se smacuva od vasata prerodba i od poznatiot stav"a vo vase vreme",e pa pomina nivnoto ama eve i vaseto,po se izgleda nivnoto pak doadja a za vaseto ke vidime

Најди! во Утрински
Економија
Лихварите да се гонат, а не да се легализираат
Да може да се купува злато наместо девизи
ЕВН ја реконструира мрежата во Прилепско
Железницата ќе купува возови



"""